Купи полупреработено и нема потреба да го киснеш, такви се на ДМ, Биокосмос. За некои 10-15мин е готово, јас варам на тивко. Инаку јас пудинг на бебе дадов 12+.
Пудинг и јас после година дадов. Просо лупено за 15мин.е сварено. Чисто просо дадов денес со овошје,обично гриз или мешавина житарки сум давала.
Глупаво прашање,треба да се воведе или одеднаш се дава како оброк ? Колку лажички смеам да дадам првиот пат? И како се подготвува колку вода на колку просо оди или пишува на опаковката од ДМ сакам да купам.
Јас за житарките само давав ама отприлика помала количина ко за прв пат па мешав со повеќе овошје. Мисиркино од каде земате? Веро?
Мајки праските како ги спремате? За 1 недела полниме 6 месеци ама не ми се дава уште свежо овошје мала е
Сега нема праски, ако има има некои ,,извештачени,, така да купи си Хип каша и давај. Инаку праска воведов 6ти, свежа, но лупена. Не го учи бебе на обработено овошје, овошје се јаде свежо
Имам праска домашна замрзната ама мала ми е за чиста да и ја дадам затоа викам дали може малку да се обари. Иначе овошјето освен банана се и давам или варено или печено
Сепак не вари, одмрзни и дај, ама прво пробај на што ќе личи, сум замрзнувала праски и биле очај, па и се раскашавуваат.
Налетав на табелава па сакав да ја споделам. Може ќе му помогне на некого. Вие што веќе го поминавте ова, реала е табелава?
Исто да ти кажам право ги одмрзнав катастрофа и не давам. Не сум дала до сеа замрзнато и не планирам веќе искрено
И ја од лето си спремав се домашно не прскано овошје, замрзнав у теглички,не сака да јаде,нема шанси.,и со право не сака,лигаво станало никакво.Па зт купечки кашички му давам.
Јас варев кајсии во тегла. Ни грам шеќер немаат. Ниту една не ми мувлоса или да ми се расипе. Штета не си направив така праски. Бев скептична дека сите велат мора шеќер (ко конзерванс). Ако имаш домашно, пробај така догодина