Јас компот си варев со малку мед и лимон + парченца лимон, супер е, си стои, не ми се расипа ниту една тегличка. Варев во тегли во тенџере. Само ова за 12+ е.. но си рачунав дека веќе ке си е големка. Само за жал не сака ни каши да јаде веќе, ни компот... па останативе тегли за синко ги користам
Ееее,ми рече мајка варени без шеќер,ја запнав замрзнати. За мене у смути поминуваат. За догодина таман така ќе си ги јаде
Јас ја правам леќата со морков, домат, кромидче и лукче. И месо телешко. На крај дробам лепче внатре и лапка бебе. Без леб ништо не правиме, лебарче е бебка, на мајка и Црвена давам, друга не сум дала на бебе. Купив од дм и макарони со леќа, ама не ми ги сака мадам, па ние си ги јадеме @Tukituki
Не знаев каква треба,добро штом е црвена,барем лесно и брзо се вари Фала на идеите А кисело млекце за ручек со што давате освен спанаќ/блитва?
Леле му воведов грав на бебе се згази од прдење 2 дена. Туку кога почнаа вашите со пасирано, парченца? Моево ако осети парче одма нагони за повраќање или апла ќе исповрати.
Јас уште и блендирам. Јаде смоки, соленки, лепче, тост, ама месо и сл. Нема шанси. А и 100 саати ќе јаде. Мислам само ќе каже кога ќе е спремно. Не знам некој голем да јаде блњндирано.
Само ќе си покаже бебе. Мојава престана одеднаш да ми јаде. 300 филмови си напраив у глава, за да на крај ми текне да пробам неблендирано, убедена дека не е тоа причината. Ама почна да лапа, па ми олесна Пред да побара сама, пробав еднаш да и дадам, исплука све, секое парче што го најде го плукна, се изнервира и почна да вреска. Лош тајминг за таков експеримент Неблендирано јаде уште од пред да направи 10 месеци, ама тоа зависи од детето, не се сите исти. Не форсирај ако не оди, има време
Колку блитва даваш(колку ливчиња во ручек),има штета од повеќе блитва. Не сакам пр. да биде повеќе на ориз и ставам повеќе блитва,да не штети Неш? Каков грашок и боранија?
@Feodora На почетокот силиконски, последниве месеци на tommee tippee пластични лажички, 6 парчиња во комплет се околу 120-30 денари.
Јас од DM лажичките на Babylove мислам дека се (пластични). Има со пократка и подолга рачка, во различни бои се
Денес воведов глутен. На некој ден пред 7месеци. Колку максимум грамажа им давате на оваа возраст? Од било која каша? Мојава може да изеде 200гр па и више би изела. Еве за 10 минути смаца цела тегла голема од кашите од ХиП. И домашните ми ги јаде. Само на ум сум да не и дадам превише и и давам до 200грама