Јас од денес почнувам, планирам денес со ориз и морков да му дадам, следно ќе ми биде со ориз и спанаќ
@Annath купив авокадо утре ќе ја почастам беба. Кажи ми ако искористам половинка од авокадото смеам другата половинка да ја чувам во фрижидер завиткана во фолија па задутре да и дадам?
Мајки, подготвена каша колку време може да стои така па да се даде на бебе? Пример кога сме излезени надвор во тегличка да си спремам од дома а да и ја дадам по саат- два?
Веројатно може. Знам дека потемнува ако стои и тој потеммет дел не се јаде. Се надевам ќе пише и некоја мајка што дава авокадо, јас не сум дала на моите.
@Mama993 Јас давам авокадо, половинката што останува, во фрижидер во фолија и да се искористи наредниот ден. Потемнетиот дел да се исчисти и да не се дава. Прочитав тука од некоја членка па и јас така правам
Фала најмногу ќе направам така нели за да не фрлам. Јас авокадо не јадам но сакам бебе се да јаде Edit: дудук сум за кашиве па постојано ќе се огласувам на темава а тек кога ќе почнам со месо
И јас сум збунка, ептен збунка. Бебе 6+, не и е по ќејф обичен ориз, а од ХИП baby first rice лапка ли лапка. Прашањето ми е, дали само со овошје или и со зеленчук можам да го мешам оризот на ХИП? Кои други млечни каши да земам?
И јас исто правам со авокадото, наредниот ден ја правам другата половинка, а потемнетиот дел го фрлам.. Инаку не си единствена што си дудук за каши, да ти се придружам и јас.. До пред да се роди синко, многу ретко готвев, среќа сопругот живеел долго време сам, па научил да готви и сам да се храни.. Ама сеа откако се роди синко мерак ми е јас да му готвам.. А за месото секој ден одлагам да му дадам, од што ми е страв да не не го направам како што треба @MammiMia оризот на Хип јас најмногу во зеленчукови каши го користам, овишните ги правам со просо, овес и гриз најчесто
Можеш, јас на 6м давав ориз, пченка и просо има посебно да купиш зашто се без глутен и давав секој ден различно
Месото само во вода го варите? На делови исецкано? Побрзо ќе се свари? Како го пакувате? Колку време се вари?
Код: недомаќинка. Не знам како ни за нас, а немам кого да прашам. Тазе ми донесоа, сакам одма да го правам. Да не го мрзнам