Цвекло + телешко, обичен/благ компир, кромид, морков, магданос, маслиново. Оваа комбинација речиси па секогаш ја давам со цвекло
А телешко од кога даваш? Јас чекам да ми дадат на први мај свежо заклано па до тогаш таман 8 полни ќе има
Колку количински ставаш во една кашичка и што правиш со остатокот? Може да го чувам во фрижидер варено па да додавам во кашичка по потреба следниот ден ?
Polovina cveklo malecko do godina posle celo i do godina mu pravev sekoj den nova kasa a posle godina pocnav za dva dena da pravam
Некој ден пред 7ми давав водичка каде се варело телешкото месо, на точно 7м дадов зајачко прво (тоа имав), а телешкото некаде на 7.5м ( и јас чекав проверено). Но да имав од 7м теле и тоа ќе дадев тогаш, тогаш ми рече и педијатарот дека можам да давам. Унаку убаво телешко месо се наоѓа и во Веро и Тинекс, го носат понеделник-среда-петок, па рано насабајле ако се појде може да се купи убаво парче.
Денес 2 ден како му давам на бебе да пробува вкусови. Почнавме со морков, меѓутоа цел го плука. Не знам дали едноставно не и се допаѓа или пак не и е изгубен рефлексот за туркање со јазичето. Или така е нормално дека не навикната. Бебка е 5 м. Прави фаци како да се грози и и доаѓа нагон за повраќање. Вчера голтна малце, но денес воопшто. Дали може утре да и направам кашичка со морков и јаболче или мора и утре да и давам чисто за да се рачуна за воведено?
Бебе мое како се стресуваше на секој вкус да знаеш, со солзи сум се смеела Нормално е, до вчера само за млеко знаела, ќе се навикне, ти битно мирно, спокојно и чекај погоден момент за да бутнеш лажицата дали ќе пуштиш цртан да гледа или ќе и дадеш да врти нешто низ раце е твое, но нека има занимација. Прво воведи јаболче, па прави комбинации. Не се ослонувај на тоа што тебе пример не ти чини морковот на вкус, бидејќи она ниту еден вкус не го знае. Инаку воведен ти е морковот, јас само првите 10намирници ги давав по 3дена, сите останати по 2.
Абе она отвара усте и јас успевам да и ставам храна, ќе го промуцка низ усте, се мршти, накашлува како да ќе поврати и плука. Дури и ПУ прави како да разбира. Вчера така се занимаваше со играчка во раце и голтна малце, ама денес буквално се исплука и многу побурно реагираше. Страв ме фаќа бидејќи и онака е проблематична со цицањето да не е таква и со јадењето.
Го варите цело цвекло и после тоа ставате во кашата а тоа цвекло што останува го замрзнувате или како?
Сите на почеток се така. Рефлексно го прават тоа со јазичето. Повеќе ќе ти плука него ли што ќе јаде сега, не се разочарувај, сепак сеуште сте на почеток и само пробувате. Не ја форсирај, колку проба-толку, ќе се навикне и научи со тек на време и нема да ти прави проблем. Ќе научи да јаде, па да џвака покасно,па ќе грицка.. И моето плукаше на почеток, па после си имаше периоди кога убаво јадеше, па неколку денови протестира ... човечиња, како они сакаат така прават Обавезно нешто во рака да држи за занимација, јас секакви играчки,лажички и чашки и ставам на хранилка, само така успевам да ја нахранам-ако вртка нешто во рачињата.
Мајки од кога можам на бебе да му готвам со обично млеко, пример за гриз,пудингче во некое мафинче да ставам. Инаку за пиење ад си користиме
До годинка половината што останува ја јадев јас бидејќи готвев секој ден а после година почнав да правам за два дена
Зошто да го вариш цело? Јас си варам колку што ми треба во ручекот,остатокот во ладилник,стои неколку дена.
Cveklo na parea, svezo jabolko, portokal i zitarka za pojadok, a za rucek telesko, batat/obicen kompir, celer, paskanat, mkrkov i cveklo. Ponekogas vo grasokot ne stavam salca tuku cveklo
Бебе е 4+ и веќе скоро 2 недели пробуваме. Првиот пат проба морков, па имаше како нагон за повраќање. Исто кога прв пат проба јаболко така изреагира. Пробав и банана, а веќе вториот ден бананата ја јадеше со сласт, дури зеваше пред да ѝ ја подадам лажицата. Денес бебелан со едно бисквитче, за прв пат. Го изеде без прекин. Инаку плукаше повеќе, а последниве денови си јаде, излегува и надвор, но повеќе голтнува. Ќе се навикнете