Капини и малини на 10+ може? Исто да прашам дали некој ја користел оваа каша, пишува дека се спрема со млеко, но дали ќе биде вкусна со вода? Не користам во моментов Ад млеко.
На 8 освен жолчка,портокал и чоколадо не дадов ништо ново. Што следува? Риба кога? Малини/капини/боровинки? Киви,ананас? Павлака? Кисело и јогурт дадов. Портокалот сега читнав тука дури после годинка, ама јас веќе дадов и не ми даде реакција. Шмукаше од него и и се засвиѓа. Дали тоа значи дека треба и лимон да пробам? Или да оставам за понатака?
Чоколадо даде? Павлака можеш, боровинки исто така. За капини и малини не сум сигурна еве и јас прашував но мојата е 10 месеци. Киви и ананас после наполнета година, јаки алергени се. За лимон незнам што да те советувам но мандарина и портокал и јас почнав од 8м. Рибата е 10+ Незнам што имаш дадено до сега, јас после 8ми дадов леќа, грашок и боранија, цвекло, патлиџан и модар патлиџан, макарони без јајце.
Црвен домат, зелена/црвена пиперка , прокељ, праз, бамји, целер, босилек, коприва, какао, портокал, мандарина, ананас, манго, папаја, диња, лубеница.. Тоа ми текнува што сум понудила тогаш.. Капини, малини јас дадов 8+, така да ти слободно давај. За кашата не знам, не ми јадел бебе вакви и не сум давала, но пробај направи.. Риба 10+ Малини, капини, боровинки пишав веќе 8+ ги дадов сите, имам домашни, плус дадов и гоџи, аронија, рибизли. Ананас/цитруси 9+ Киви 12+ јак алерген се, па јас не би порано, нека е и 11+ порано не. Павлака ич не давај, нема потреба од неа, држи се до к.млеко, урда, моцарела, сирење.
@Kitten Да, јадев Киндер и дадов малку колку да проба, па и купив Животинско царство и и давам по една ронка што се вика на 3те дена по еднаш. Ова што си набројала се дадов Освен патлиџан, го мислев за после годинка и него. Краставица кога е?
Јас ќе пробам да одложувам чоколадо и преработени пеќери најмногу што можам. Тоа е како дрога, неверојатна зависност ствара, плус имавме и уште имаме доста проблеми со запчињата на поголемата. Па сега имам нова цел, да не утнам работа со помалово. Плус не ни има корист од нив. Краставица е после година, тешка е за стомак и прави грчеви, плус термички не се преработува. Праз исто така јас ќе оставам за над година.
Мајки ние сме 5+ и почнавме со пробување вкусови една недела пред да полни 5 месеци. Досега има пробано јаболка, круша, банана, морков, тиквичка (само неа не ја сакаше) и денес прв пат проба слива и и се допадна, изгледа дека ќе сака да јаде што ме радува многу. Е сега прашањето ми е дали веќе можам да и направам каша за да замениме оброк? Или треба да воведам и житарки? Незнам дали ќе ја држи сито само овошје. Иако ми е пресно од син ми пак не ми е јасно оти она е само на доење и не и се знае баш редот на цицање, а додека со син ми на 3 саати давав. Се ми е испомешано..
Ај и јас да прашам нешто поврзано. Купив ваква каша од јаболко и банана но во состав читам има екстракт од портокал. Да давам од кашава или да ја оставам за понатака? Инаку 9 месеци сме
Немс ништо да му биде, возраста е Ок за ваква каша. Јас давам портокал и мандарина од 8 месеци. Ако евентуално даде реакција ќе ја прекинеш.
Слободно дај и кашичка без житарки. Така се почнува Нека ручка куклето. Наскоро ќе воведеш ориз, палента. Ќе има со што да мешаш.
Мајки...7+ сме... 1.вчера проба 1/4 жолчка...треба и денес повторно давдадам или преку еден ден? 2.Нови намирници може ли да внесувам преку еден ден? 3.Какао кога може?каков цимет да земам? Ви благодарам!
1. Жолчка преку ден или два пати неделно, како и да даваш не е грешка. 2. Нова намирница давај иста два дена по ред. Не мораш да правиш пауза, па продолжуваш со нова. 3. Какао крај на 8ми, почеток на 9ти мислам дадов, цимет целјонски има во Зегин
Во се што ми одговара ставам јас. Најчесто и најомилено на мојот му е гриз , банана и какао. За таа комбинација најчесто го ставам. И во било која овошна која ми оди. Вишна , банана и какао Аронија, банана и какао Со некоја житарка, мусли