Ја не јадам сирење и урда,а јогурт,павлака скоро секој ден ми се на мени,а да и кашкавал јадам. Нзс немааа
Имате ли некоја апликација,план,за вовдеување на исхрана,од кога што смее да се дава. Бебе готвач ја имам,ама таа е од 6+ а јас мислев кога ќе наполни 4 да ми давам помалку,гледам како не гледа кога јадеме и шлапка со устата.
Рано е Мини и мојот е таков ама супер си напредуваат,многу е рано за кашички. Секако твој избор е ама мислам рано е.
Бабицата ми рече од 17 недела можеш помалку...Ај и докторот ќе го прашам.Ама пред него не јадам веќе,се ми се чини му се јаде и на него.
Da li e ova tabela vo red za pocetok na voveduvanje na hrana? Ako e, otkud kupuvate oriz, palenta i snegulki? I kako gi voveduvate? Znam deka se pisuva vo temata, ama nemam vreme se sega da procitam.
Мене оваа табела воопшто не ме бендисува,месо на 6м,цитруси на 7м.мислам дека е прерано. Секако воведував според план што ми го правеше матичен,не се водев по вакви табели. Ориз давам како зс нас,палента исто. Снегулки зимам на био космос. Директно дадов,обие не ги воведував.
Прашања што ме мачат... 7+, цреша и вишна....да чекам тазе или да дадам замрзнати фриком? Што друго да воведам,некако монотони ни се оброците... Внесено до сега: житарици: палента,просо,амарант,киноа,хељда,ориз кисело млеко јогурт... телешко.... јајце 1/4(најново) путер,маслиново морков брокула блитва спанаќ карфиол компир батат боранија тиквичка тиква... јаболко слива круша банана авокадо... до тука сме,а и мака мачиме плус со зеленчукот
Пиперка,цвекло, целер, праска( Тинекс имаше свежа) Овес, а со тоа и глутен Ако имаш Дм има био цреши и вишни во тегла .
Женски какви бисквити и овес давате и од каде ги купувате? Дали давате купен замрзнат грашок и боранија и дали смеам зеленчукот како брокула, спанаќ, карфиол ...да ги покиснам со сода бикарбона? И од кога почнавте да давате жолчка? Малиот е 7ипол месеци.
Ние смее исто 7+... Грашок на фриком дадов... Жолчка воведов пред 1 недела прво 1/8...1/4...1/2. Спанаќ земам органски и го оставам да отстои во вода 1 вечер,исто и со брокулата и карфиолот,не користам сода.
Секој педијатар различно кажува. Јас дадов 8+ иако педијатар ме советуваше уште на 6+ Грашок,боранија,вишни,аронија, се купувам од КАМ смрзнато. Од каде домашно да најдам? @Sanny.93 Може со сода, после темелно и обилно со вода ќе ги исплакнеш. Дајте предлози со што можам да ја комбинирам моцарелата ?
Овесни од Натура земам или какви ќе ми дојдат при рака од рафтот за здрава храна. Давам и смрзнати грашок, боранија , се ми е смрзнато сега преку зима. Свеки складираше. И да немам би купила од Фриком. Неможам да најдам се органско и непрскано. Ги ставам по 15мин во сода некогаш. Жолчка 8+ дадов. Со палента. Додека е топла ќе изрендаш внатре , ќе се стопи.
Давам лобело бисквити и хипп. Лобело ги купувам во дм,а хипп во зегин. Овес на хипп во зегин го купувам. Давам замрзнат моментално грашак и боранија. Ставам во сода бикарбона по 20 мин. Жолчка дадов на 9 месеци
Ви се случило да ви повраќаат од месо? Не и е воведено од сега, ама последниве 2 јадења кога има месо ми ги враќа одма, непреработени. И тоа ставам многу малце месо, дали и 30грама. Претходно јадеше, не уживаше баш, ама го јадеше. 8+ е бебка.