Малата ми наполни 7 месеци пред некој ден ај сега кажете што се треба да и воведам... Јаде Јаболко, банана, крушка, слива, ориз, морков, компир, тиквица, брокула, карфиол... карамелино и дадов пред некој ден, маж ми купил и кексолино ама не сум и дала уште... јогурт обожава сиренце и урда само сум и дала да проба... кашкавал како да и го комбинирам? кромид и лук не јадеме
Врати се назад некоја страна. За кашкавал рано ви е. Јас не ги сакам ни кексолино, рижолино. Бар не пред годинка. Полни се шеќер. Ама сепак на крај избот е твој. Пиперка Црн патлиџан крај на 7ми Батат Тиква Праска Цреша и вишна доколку најдеш Може.
Мајки пак јас ама милион прашања имам Дали некоја од вас ги користи овие овесни и дали се добри? Воедно прв пат со нив ке воведам глутен, инаку сме 7ипол месеци
Здраво мамички Сигурно прашањево е поставено, но има навистина премногу страници за враќање. Наполнивме 4 месеци пред три дена. Ме интересира дали можам да и дадам да пробува вкусови? И дали да ги приготвам како сок или испасирано само со малку вода? Инаку сме на АД млеко. Сакам да слушнам искуства. Ви благодарам ☺
Мамички утре ќе воведам јајце. Имам домашно до вчера малата ми беше со температура и 4 дена бе воведувам ништо ново. Е сеа уште пие антибиотик смета ли да воведам јајце? И ако не смета со што го мешате дајте некоја идеја
Ако напредува убаво би почнала од полни 6м, евентуално 5.5м порано не. Сок нема потреба да пие, бебе ми е 17м и уште не сум дала да проба, не па да пие. Ќе си почнеш со каши, ако успееш со пасирано топ, ако не ќе се дружиш со блендер Почекај прво да заврши со антибиотикот. Жолчка со банана и авокадо. Со тиква, банана, гриз. Со компир, морков, брокула, кромид. Со супа. Со ориз и спанаќ + кисело. Тоа ми текна
Кога почнувате со давање на вода, се дава од шише или директно од чашка со клунче? Прашувам за бебе од 5.5/6 месеци кое прв пат би пиело вода. Дали откако ќе се воведе прв оброк доручек, се дава насабајле прво кашата па потоа цица, или обратно? Со што е најдобро да се почне со воведување: житарки (и кои?), зеленчук или овошје?
Можеш слободно вода да проба. Нуди после оброкот или пробување на вкус. Прво се почнува со овошје и зеленчук, а после житарка. Прво слива, морков, јаболче, тиква, батат, тиквица... После ориз, палента, просо како безглутенски.
Фала девојки, и уште нешто: дали давате и готови каши или само домашни за почеток? Дали замрзнувате свежо овошје/зеленчук што го има само летото на пример, за да го искористите зимно време во каши/манџички за децата?
На 4 почнавме со пробување на вкусови, на 5 прв оброк утре правиме 6 месеци можам ли да воведам втор оброк?
Јас почнав со готови. Попрактично ми беше. Купував мали, ставав дел во чинивче и му давав да проба. Другото во фрижидер за наредниот ден. Да , имам и смрзнато. И компоти со малку или без шеќер и сос од домати. Се што можеше да се складира, свеки складираше.
Јас на 4 почнав со пробување на вкусови и супер си ги прифати, на 5 воведов прв оброк,а инаку се блендирам, освен бананата.
Столицата на бебе мн се промени откако почнав да ја пробувам вкусови. Излегува по 3 до 4 пати, прилично обемно. Откако дадов банана и некако темно зелен боја има со парчиња низ неа. Дали е нормално ова со оглед на тоа што немам нишш зелено дадено?
И јас банана кога давам столицата му е зелена, прво се чудев а после приметив кога и да јаде банана е зелено. Исто имаше чести столици, мислев секој оброк отиде во пелена (изгледа ист метаболизам со твојата имаат )
Колку време се вари копанче од домашно петле? И што од како ќе зоврие со водата? Во таа супа да праам? А копанчето да го извадам и исчистам така?