Јас што наоѓам органско, купувам тоа. Има во зебра тинекс. Имам земано, јаболчиња, дуњи, грав, компир, кромид. Исто имаш на фб бе оргг, хани димитар, а последно јаболчиња најдов во кит го во Тафталиџе. Во дм се наоѓа по нешто, суво овошје (кајсии, сливи) се наоѓаат и во дм, зебра и зегин Киви органско не ти треба. Тоа само се штитело од штетници и едно од почистите овошки.
Не си требало да прекинеш, на возраст сте кога веќе треба да воведуваш втор оброк. Бебето е во интензивен раст и развој, се јавува физиолошка анемија при што опаѓа бројот на црвени крвни зрнца и хемоглобинот и тоа мора да се надокнади до исхрана. Не знам што спаѓа под тоа млечни каши, ама претпоставувам житарки со млеко? Детето досега требало да е навикнато на овошје и зеленчук па во најбрзо време да почне со месо, млечни производи и потоа жолчка.
Тинекс што ми е у маало нема ништо,тапа е Смеам суво овошје? Ќе киснам со сода,неможам со купечкиве све исто вртам Зт и вишни зедов замрзнати да не ги чекам да стасаат.
Прематурче ли е? Ако да, тогаш барај совети од педијатар што и како понатаму, мада тука има мајки на прематурчиња што си воведуваат по ред намирници исто како и кај терминските деца. А и одлучно напредува детето, те читав во другата тема, 7 кила е супер, ја триплирало родилната тежина. Со воведување на цврста храна многу нормално е да се смени столицата, па и да се јави запек, но тоа не значи дека треба да прекинеш со давање на храна. Ќе нудиш вода повеќе пати во денот, слива и водичка во која се варела сливата, крушка, маслиново масло во зеленчуковите каши.... а ќе избегнуваш банани, ориз, компир и сл.
Нема врска мала родена, ако убаво отвара уста и си голта храна, слободно давај оброци, веќе 7+сте. Баш напротив, зошто побргу креваат тежина/надокнадуваат имаат поголеми потреби малецките. И не е форсирање, нека биде по 100гр. за почеток види како ќе прифати и јаде па зголемувај количина. Поголем е ризикот од анемија и одбивање храна понатаму. Моево е 1310гр. роден па на 7 месеца почнавме веќе со 2 оброка (од 5.5 вкусови, 6 месеца 1 оброк), а на околу 7.5 и месо воведов зошто цело време се боревме со анемија. Ова и од матична и од неонатолог на Детска клиника ни беше кажано дека треба да воведеме оброци. И мене ми беше страв дека мал, на 6 месеца 6 кила беше, на 7 месеца 7 кила, сега на 13 месеца е скоро 8.5кг. и не е некој голем јадач ама крвна слика ни е супер засега. Можеш овошје со житарки за појадок, зеленчук со мевце за ручек. Воведувај тоа што немаш воведено до сега од овошје и зеленчук, и таман ќе дојде време за мевце. Столицата треба да се среди за неколку дена, и пробиотик може да даваш. Малиов баш напротив додека беше само на млеко проблеми имаше, откако почна со дохрана 2-3 пати на ден си тера. Може треба време мешко да се навикне. Има денови кога има проблем ако дадам повеќе морков, компир, банана и сл., затоа наредни денови давам слива, круша, и сл. што протерува. Маслиново обавезно ставам во зеленчуковата.
По маалските тинекси слабо има. Во зебра има посебен дел за органска. Јас специјално одам таму за шопинг. Суви сливи и кајсии варам некоја минута пред појадок. Исто и урмите. (Органски има во дм). Можеш манго да земеш за промена. Боровници има органски замрзнати. Малинки не сум начекала.
I nie sme 42 rodeni so 2720 2500 ispusteni 8+ meseci tri obroci so po 180+ grama zolcka pred 8 mi vnesov meso jade se najnormalno Sega sme 8 kg sekoe dete razlicno hrani go kolku saka pomalo rodenite deca brzo napreduvaat. Imam pishano sinko 4190 roden nemozese ni da ja utrostruci gledam deka na 7 meseci i bega so 200 gr. toa sto sum zspishuvala
Мене педијатарот ми препорача од 5 и пол да почнам со вкусови, а тоа паралелно одеше со неговата сe` поголема глад, исто како што го опиша, околу петти месец почна да се буди по сто пати и од цицање на секои три саати паднавме на цицање скоро секој саат. Дури сега, кога јаде по три оброци и некоја ужина, дури сега се среди спиењето. Пак има некои денови, на во најголем број добро спие.
Јас живеам кај Зебра ама кога и да одам да пазарам од органско има само јаболки и/или кромид. Секој ден ли носат?
Мамички како спремате овошен јогурт? Би дала за ужинка денски да ја освежам бебушка да ги излади непцата малку,гризе што ќе стигне. Би ставила чиа семки во јогурт да одстојат во фрижидер неколку часа за да набубрат,би додала овошје и се заедно би изблендирала но незнам каков јогурт да земам. Боровинки и малини од кој месец можат да се воведат?
Вчера оставив бебе кај мајка, ја најала со кифлички и кисело млеко. Е арно ама и го дала делот одозгора што е премачкам со цело јајце т.е белка. Ме слушнала ама не доразбрала, јас и го давам само средишниот дел Дали се смета за воведена белката сега?
Воведена си е Ако нема реакции нека си ручка слободно веќе малата кифлички и останати работи со јајце , а за чиста белка постепено давај и а на старт.
До сега давав овошни купечки каши,сега почнав со свежо овошје,вишни замрзнати ок прифати,ама јаболче и крушка свежи кога јадеј ми бљуцка ,а и немож да се искака Нзз дал е од тоа или така се погоди. Искуство некој?
И моево ако осети да му доминира јаболче плука, се гади, бљуцка, не му се допаѓа структурата изгледа, и плус му прави потврда столица. Затоа не ставам многу, околу 50тина грама, мешам повеќе овошки плус житарки за доручек, пр.житарки со: банана, јаболко, мандарина; со банана, вишни, јаболко; со сливи и јаболко итн.. Од крушата нема проблем, таа, сливата и авокадото најубаво го протеруваат, па гледам бар секој втор ден да имам протерувач во доручекот.
Нон стоп сум давала каша што содржи јаболко,немал мака. Ништо ќе ги обарувам некоја минута,па по некое време ќе пробам пак. Инаку секако микс правам и ја,обв мин две овошки и житарлж/снегулки.
Од купечка каша јаболко немал мака, на свежото проблеми. Чисто јаболко или чиста банана нема шанси да јаде и житарки да има, јок.. мора да прикријам со друго и да не доминира, до 50гр. максимум му ставам, тогаш јаде. Претпоставувам не му се допаѓа во уста структура/вкус.