Масло треба за да се апсорбираат маснорастворливите витамини и заради полесно одење во веце на бебињата.
Јас поради иста причина почнав со дохрана со 5+. Матичната ми даде список. На 5 м давав морков, јаболко, круша, слива, банана, пашканат, ориз и пченка од хипп. Кога наближивме 6 м и дадов тиквичка и компир. Денес полни 6 и вчера и дадов батат, планрам и тиква, просо, хељда кои се безглутенски. Можи и брокула и карфиол ама ми е страв од грчеви и ќе почекам со нив.
Леле сегде различно читам... На нас ни рекоа,почнете со морков па компир или пашканат а може и тиква. Додади после некое време месо,па овошје на крај. Некои па со јаболки почнуваат...
Можеш да прашаш 10 педијатри, да прочиташ и слушнеш 100 мајки и на крај нема да добиеш два пати исти совет Така да собери искуства и одлучи си сама како мајка што и како ќе почнеш и ќе правиш. Јас нормално на прво место ги ставам советите од педијатар. Ама и нејзе не ја зимам здраво за готово. Читам искуства и од други мајки и на крај правам како што мислам дека е најдобро за бебе и следам и него што и како му најдобро одговара
И ние бевме кај педијатар, бевме на контрола поради настинката / вирусот па ја прашав и за пробување храна. Најпрвин да и одговорам на @NarCis@ дека ни рече дека е синко добар, не крчи веќе, вели дека се исчистил, неколку пати на ден кивне или се накашла, инхалациите рече постепено да ги намалувам, два дена по две и два дена еднаш и толку. Во врска со цврста храна, речеда почнам од 4 ипол месеци, не ме ни праша за килажата, рече да почнеме со пробување, па таман од 5,5/ 6 месеци ќе имаме еден оброк. Синко е малку слабокрвен, па мислам дека е подобро порано дс почнеме со вкусови, а потоа и со храна.Ми рече да почнам со ориз, па ориз и морков, па јаболка, круша итн. Вие по која табела се водите, ја симнав бебе готвач, ама таму е 6+, па ако ппчнам од 4,5/ 5 месеци не знам кои нсмирници се за 4 кои за 5, а кои за 6 месеци. Некако, секаде различно пишува. Овошјето треба ли да се лупи и да се вари или не мора? Ориз давате од оној за бебиња или обичен?
Јас давам од бебешкиот на хип. Уствари со тоа почнав. Досега проба ориз,морков,тиквичка и денес батат. По три дена и давам па бавно оди нели . После ов планирам тиква ако најдам, ако не јаболко па круша, слива. Компир обичен ќе почекам на 6. Пет и пол сме. Инаку хељда се дава после година.Овошје обавезно лупено, миено и обарено на почеток.
Безглутенска е,може од сам старт.многуве вкусна,барем бебуш мој ја обожава,во топ 3 му е,покрај просо и амарант
Јас овошјето го миев лупев и свежо го давав,за колку толку да се задржат хранливите вредности. Ориз давав наш кочански,пробав еднаш од мелениот бебешки на хипп ама воопшсто не го сакаше..
Само што сварив бела киноа сакајќи да ја мешам со јаболко за ужина малата ми заспа. Колку може киноата да стои,да не смени вкус ? Можам да и ја дадам по еден час? Земена е од DM на Good Nature.
Можеби малку ми е глупаво прашањево ама сепак ќе прашам Понедекник ќе ја носам на вакцина. Смее ли да и дадам ручек пред да одиме со веќе воведени намирници? Секако неколку дена пред и потоа не планирам да и воведувам нови
Да смееш. Не давај нова намирница само на денот на вакцина, па и следниот. Пред и потоа можеш слободно , нормално функционирање.
Овес,јачмен и 'рж, дома ги подготвувате како цели зрна или мелени,како брашно? Овесни снегулки ги потопувате прво во вода да омекнат, па додавате ад млеко или...?
Дали вкусовите ги воведувавте поединечно,или може на пример морков,па морков со компир и сл? Или сепак подобро поединечно да го осети вкусот?
Користам овесни,јачменови, 'ржани снегулки,ги ставам у зовриена вода некој 5мин,па блендирам со овошје.
Јас дадов на 10 месеци Јас еден по еден вкус воведував. Кога почнав со оброк ги комбинирав. Можеш и да ги комбинираш, твое е да одлучиш како ќе ги воведуваш
vidi znaci vovedi cisto jabolko, pa jabolko + morkov, pa znaci voveden e morkovot pa morkov + kompir, pa kompir + tikvicka, pa Sami se nadovrzuvaat rabotite staro so Novi....
Денес бев кај матичната да го мерат бебо, наполни 5 месеци. Ми вика да почнам со дохрана, да биде со зеленчук: морков, тиквичка, компир, батат, пашканат, па да продолжам со тиква, јаболко, круша, банана, слива, праска и кајсија. За житарки рече рано е. Ми спомна жолчка и месо од 6ти месец ... Рече дека е многу по 3 дена да давам ист вкус, да биде по 1 ден од секој производ, дека ако има алергија ќе ја и уште после првата лажичка. И не сум паметна сега како да правам? Има ли некоја која давала вкусови по помалку од 3 дена?