Гладна не сум ја нудела,ама реков денес ќе пробам.Се тешам и јас со цицањето, ама веќе време и е да се учи.Инает е уште од олцкаво и итрица мала.Ме чита ко буквар,не можам да ја излажам. Од утре ќе почнуваме и со житарките од 6+ па ќе видиме како ќе оди. Благодарам
Ориз и пченка ги воведов некаде кај 5 ипол. На списокот од матичната беа од 5 м. Можеш да ги даваш мислам.
Со овошје. Тоа е инстант каша, налик на палента и има неутрален вкус и лесно се комбинира со скоро се.
Бебо е 5 месеци и 10 дена. Прееска го проба првиот вкус, морков, и се исплука Мислам дека ништо не голтна, воопшто. Сметам дека му е уште рано за дохрана, ама сакав да видам реакции. Не седи, се лизга во хранилката, цело време го местев. Не за џабе рекле дека треба да седи бебето за да јаде Нормално, не знае да голта, не покажува интерес за храна, ниту кога ја гледа на маса ни сега кон лажичката. Инаку, цица на 2/2.5 саати, ноќе се буди два пати за доење. Мислам дека уште му е таман само со млеко и се мислам дали да го форсирам со вкусовите или сепак да почекам до полни 6 месеци. Досега има редовна столица, еднаш до два пати дневно.
Мојата е 4,5 месеци и матичната ме искара кога и кажав дека сакам на 5,5 да почнеме Ми кажа веднаш да почнам ама моментално сум кај моите на гости, па наредна недела вакцина ќе ставаме, па после ќе почнам. Пак 5 месеци ќе ка фати. Хепи, и да не јаде давај му пробувајте вкусови, нека почнува по малку да вкусува различни работи. Полека ќе почне и да голта. Па после ќе го осетиш кога ќе е спремен па ќе даваш и по повеќе.
Јас мислам дека нема некое дете кое не плукало на почеток на дохрана и кое не сакало да јаде/проба. Собирај живци оти ќе ти требат. Ако сакаш почекај да наполни 6 па пак пробај да му дадеш. Така и препорачуваат педијатрите сп полни 6 месеци доените да започнат со дохрана. Јас почнав со полни 5. Она плука,јас враќам во устата. Треба многу трпение, оти ова за нив е ново.
Да, знам дека му е ново и непознато, не му е јасно што има во уста А не е млеко Ако ја слушав неговата матична, од 4ти ми викаше да почнам со вкусови. Таа и сега ми вели по еден ден само да му давам вкус, и ми кажува еден куп 'рецепти' за зеленчукови каши, мислиш тој веднаш ќе почне да јаде ко возрасен. Тоа што таа ме советува е сосема спротивно на препораките на СЗО, ме чуди на моменти. Затоа се консултирам за секоја работа и со мојата матична (педијатар) што ми беше во Кочани, во неа имам доверба за разлика од оваа овде. Како и да е, читам и овде, а слушам и мајки кои кажуваат како веднаш почнале бебињата да јадат убаво, за една недела стигнале до оброк итн, и затоа малку се исплашив како ќе биде борбата со моето за јадење Се надевам нема на мене да се погоди во (не)јадењето
Мамички ни донесија поклон од Германија и сеа некој шо знае германски да ми каже дали е ок да ги давам на бебушот има 8.5 месеци. Благодарам однапред
Поштом јас почнав со 5 м, од житарки на 5 на список ми беа ориз и пченка. Ги дадов на 5 ипол. Ја пробував вкусови и потоа.
Не знам дали е составот ок за 8.5 месеци не се разбирам од воведување на храна. Можам само на вториот продукт да ти кажам состав имаш млеко, вода, растителни масти и масло палминово, сончогледово, рапс не знам како е на мак, млечна киселина, обезмаслена павлака за готвење, витамини, минерали, арома од ванила и нема глутен. Првата слика си сликала начин на поготовка, треба да најдеш Zutaten каде пише.