Во што чувате кашички? Бебе јаде 50-100 грама, ама најмалку што успев да извадам од блендерот е 150 грама, и тоа со триста маки. Ако е помалку од 200 ми се лепи само на чашата и не се блендира. А не сакам да фрлам. И онака јаде истото цел ден, тек сега почна со пробување, да направам повеќе и да поделам на три пати за цел ден. Не ми се купуваат готови каши само заради тегличката, и не сакам да ја чувам тазе направената каша на отворено. Има негде теглички со соодветна големина, како што се купечките каши?
Јас на 5 м почнав со проба и давам само еднаш. Кога ќе дава 2 пати, за некој ден ќе биде здравје тоа, ќе давам различно. Планирам на утро овошна, на пладне зеленчукова и на вечер млечна, а на крај и 1 ужинка.
Majki na bliznaci @kostarika, @Feodora po kolku lazici proso stavate vo voda za dve kashi,neli segde pisuva dve lazici so 200ml voda e sega deka za dve deca duplo li da stavam
Јас отприлика ставам и вода и просо и за две деца , ако ми остане просо го давам за вечера ако може и за ручек ама некако повеќе ми иде со доручек и вечера не знам зошто
Откако ќе завршиме со првичното пробување вкусови и треба да дадам оброк, во кој дел од денот, доручек, ручек или вечера? Ако се појави алергија од некоја храна, треба да се води на доктор или е моментално и поминува? И има ли некоја со бебе од 5 да дава од тие овесни каши на нестле или хип 4+ што се,
Гледам да не останува затоа пто тоа барем брзо се прави ама ако остане ништо не му е , не се расипува тоа.
Алер гија се појавува со знаци како црвенило што шета по кожата , значи сега е црвено на стомачето а потоа малку погоре итн . Нема гушење и други работи што сме ги гледале по филмовите особено ако дадеш една две лажички од новата намирница и секој ден зголемуваш по малку . Загоа расоблечи бебе да се олади , ако треба замиј го со млака вода и прати ситуација , ама би требало да е толку од реакции.
Искрено јас произволно ставам и секогаш ми излегува вишок, но не се знае како се расположени за јадење, па подобро да ми остани отколку да сакаат уште. Во случај да не се изеде јас го фрлам, преферирам пресно тогаш напраено.
За првото немаш сликано состав, второто е полно со адитиви, со вештачки засладувач, дефинитивно не би го дала на дете под годинка, евентуално како десерт после годинка, ама во исклучителни ситуации.
Дечки хелоу, да ве консултирам и вас. Денес бевме на преглед за 12 месеци и докторката рече дека од година може да се јаде веќе се, само полека да воведувам по една нова намирница. Ок е ова? Вие знаете за некои рестрикции после година? Освен мед секако
ОК е, треба полека се да проба. Освен печурки и морски плодови, матичната ми рече тие се 2+ и свинско не. 12+ јас дадов мед.
Затоа што има секакви купци , не сркој верува илиги почитува правилата што ги кажуваат докторите.кај мене свекрва миза именден на син ми му купи торта и сакаше да ја пробал барем а тој има единаесет месеци сега , значи тогаш имал помалку . Секакви има.
Зошто деца од десет месеци тоа може да го јадат, дозволено, испитано и сертифицирано. Сепак е тоа нестле. Ова ти е налик кока кола, сите велат штетна е али и после 100 години е најпродавана и барана. Се е до лична перцепција ти во што веруваш. Јас нестле не би дала од принципи, тестираат врз животни сеуште. Така да како фирма ми се ништожни и не би им купила производи.
Здраво, јас пред нецели 2 недели почнав со вкусови, супер ги прифаќа досега дадените намирници и нема алергиски реакции. Почнав со 5¬6 лажички, па продолжи по третина од кашичките да јаде и сега по пола почна веќе да ги јаде на едно јадење(мерка ми се тегличките од хип). После 10 до 15 мин плаче, давам млеко некогаш ќе испие 90,а неретко и 120 мл ги пие. И така почнувајќи од оброкот во 13 ч па се до последниот оброк во 23ч. Дилемата ми е следна: Кога да сметам дека е воведен цел оброк? И дали следните оброци да останат само на млеко? Што ако плаче за кашичка? Бидејќи ми се има случено млекото да не и е доволно. Си мислам да не ја прејадувам, но досега ниту повратила, ниту пукнала лажичка, столицата и е во ред... Знам дека втор или трет оброк се воведуваат постепено, а малава крка цел ден. Во текот на денот може и кашичка и пол да изеде плус редовните оброци со млеко не ги прескока. Не знам дали постапуваме правилно.. Едноставно го следам детето и така давам исхрана. На педијатар сме за две недели.