Ахам... Јаде по толку веќе, но што ако веднаш потоа плаче за млеко? Тоа се веќе два оброци едно по друго..
Читам во другата тема како даваат од кашата во текот на целиот ден, а се уште пробуваат вкусови ако не се лажам. Јас мислев дека кога се воведуваат вкусови (и додека да се стигне до оброк), се дава само насабајле - еднаш од кашата. Грешка сум или да нудам и јас цел ден? @Dina911 @monik55 @lackygirl вие како правите?
Овој период децата пијат доста млеко. И кај мене беше така , полека ќе зголемуваш каша и нема да сака млеко , така ќе исфрлиш еден оброк ...
Незнам како би дошло да нудам цел ден и плус млеко и ќе биде кажа попара без никаков ред. Мојот станува околу 9 саат цица или пие ад зависи дали имам јас млеко,бидејки полека ми секнува и сме плачки. Околу 11-11 и 30 му давам кашичка е сега почнав со 3 лажички сега му давам и малце повише ама цела кашичка не бидејки е мал за цела,додека пробуваме по некоја лажичка од сите вкусови ќе направиме 6 месеци и таман ќе бидеме за еден оброк. Он за јадење ќе ја изеде и цела ама нее финтата уште сега да му бутам,се знае колку е доста.
@PeachGirl jadenjeto e jadenje tecnosta e tecnost. Koga ne bi bilo mleko bi bilo voda, caj.... Davaj na dete kolku saka imam denovi koga jade 200 gr. i pravo na cice za uspivanje sigurno nema da iscica tolku kolicina kolku koga e gladna. Nie sme 9+ jademe tri obroka po 200 gr i 3-4 pati cicame.
Пишав и во др група сега. Јас веќе 4 недела давам кашички, пред се домашни ретко купечка. Му давам само 1 оброк кон 12ч на пладне. После оброкот одма сака да цица, фала Богу имам млеко и на 2 сати цица и дење и ноќе
За што може друго ако не за профит. Нестле е сè друго само не baby friendly компанија. Во 70тите илјадници деца имаат починато поради нивната агресивна маркетинг кампања за АД формула, праќале нивни претставници по родилиштата на сиромашните земји облечени како медицински сестри, им давале на родилките бесплатни примероци на АД формула и им зборувале против мајчиното млеко. Секако родилката снемувала млеко, а скапата формула потоа не можела да ја купи и детето умирало од глад, не едно, илјадници, ако не се лажам можеби и милионска беше бројката на починати деца! Низ целиот свет потоа имало бојкоти и масовни протести против оваа компанија. Сè е за профит, никому не му е гајле за твоето дете освен вам како родители. Нормално нема да е крај на светот ако му даваш повремено од пудингчињата, ама навистина нема потреба од тоа сега на 10 месеци.
Како што ти пишаа неколку членки, давај само сабајле за да следиш во текот на денот дали има реакции. Кога ќе воведеш цел оброк - доручек, тогаш новиот вкус ќе го даваш на пладне. Гледам многу пишале дека веднаш после оброк даваат млеко. Мое мислење (а и од препораки) е дека е тоа погрешно. Детето може да научи дека после јадење му следува млекце, па да не сака да јаде, затоа што на крај секако ќе добие млеко. Како што кажа @monik55 ти може да му даваш и тоа да си отвара уста, ама не е финтата да буташ, се знае колку е доста - се согласувам. Многу мал желудник имаат, тек сега се учат да јадат. Сама ќе сфатиш колку му е доволно
Банана прв пат само онака пасирана или во блендер ? Ориз и гриз кога воведовте и како давате,прво посебно или со нешто друго помешано? Гледам на кашичките од 4+ има и со ориз и гриз..
Пробајте да го занимавате после оброк, бар пола саат. Да сфати дека е најадено од храната. И ние бевме вака на почетокот, па тука исто вака како Сања ме советуваа. Пробајте играчки, тропкалки, па макар и со цртани 10тина минути да му го одложите млекото за да сфати дека му е полно мешето.
Банана секогаш сум давала само пасирана Ориз секогаш помешан со нешто друго, со морковче и понатаму со месо и други зеленчуци. Гриз ако не се лажам дадов откако воведов глутен. Гриз и јаболко ми е една од омилените комбинации
Не гледам тоа , децата си ги гледам нормално, не верувам дека има толку многу чисти подрачја на земји ава топка каде што би се одгледувала толку органска храна за да има за сите
Ај да прашам јас 4та недела сме со пробивање вкусови значи 1 оброк кој е во 12ч на пладне. Кога да почнам со втор оброк и како да ги давам?
Мајки што е по хранливо односно што ке го држи бебето сито подолго време пример гриз, палента или млеко и бесквиди што мислите