Леле значи шо се нема да направат за пари да ти е страв веќе од се. Јас 98 посто правам домашни каши ама некогаш давам и од купечките ама ми беше поентата како може да даваат такви работи на бебиња ако не се соодветни за нив.
Мајки како ги подготвувате просоти и хељдата за бебе и дали се ок тие од био космос во ДМ, такви зедов за почеток. Дали и тие се воведуваат по 3 дена? Со што ги комбинирате? Киноа од колку м давате? Видив има и како снегулки и во зрно, која е подобра за бебе и како се подготвува? И за крај амарантот како? Во списокот од матичната е за од 7 м, но кога веќе прашувам да прашам и за него. И дали може да се дава палента обична од био космос, засега давам инстант од Хипп или да си продолжам со неа.
Мајки од кога почнавте да ставате малку сол во кашичките? Малиот е 9 месеци па не знам дали да почнам да ставам бидејќи почна некои каши да ми ги одбива.
Јас почнав на 9 месеци да атавам но скроз малку само колку да се каже дека сум ставила и така почна да ги јаде
Бидејки почнува од 4 месеца, најверојатно не е некој распоред кој многу мајки ќе го применат, но еве по кој распоред јас воведувам храна. Житарици/ориз ставам само во ручекот, инаку по ова се водам. Бебе јаде и повеќе од напишаното, цица исто како и пред да почнам со храната. Во втората недела сме и за сега одлично тера. Цицање е 4 пати на ден, 1 час пред јадењето, и спие по цела ноќ.
Утре сакам да му дадам на бебо тиквичка. Како ја воведовте, само неа или во комбинација со нешто? Досега има пробано морков и компир.
Првиот ден дадов само тиквица а наредните два мешано со морков.Ти можеш и компир плус.Тиквицата на пареа со многу малку водичка.
Немам готвач на пареа, ниту решетка за да ја ставам врз тенџерето. Нели може да ја сварам со малку вода тиквичката?
Маслиново ставаш, путер? Кромид? Тие повеќе шмек даваат на зеленчуковите каши. Сол после 1год. А и не ни знаеш дали и со сол ке ти ги прифати... види што повеќе му се допаѓа и прилагодувај вкус.
5+ е, смеам ли да давам путер уште сега (и каков)? Пред 4 дена почнав да му воведувам вкусови. Да јаде цел оброк ај да печам, ама вака за 2 лажички, а останатото да се фрли, некако не ми се троши толку време искрено.
Мали сте биле. Путер несолен да биде, најчесто президент купувам и еден друг од кам, 7+мислам дека беше. Највкусно е печен зеленчук со путер, ама тоа кога ќе имате цел оброк, што викаш вака за лажичка,две не се исплаќа рерна да вклучуваш
Во апликацијата Бебе Готвач е варена па пасирана или блендирана.Како ти одговара тебе така прави.Јас се правам на пареа ама не значи дека ако е варено не е хранливо.Битно да е зготвено.
Ужинка од кога воведувате и што давате. 11+ сме има три оброка и три млекца (само во сон ги пие) За денски млекцето знае да не заспие и никако не пие,денес дадов ужинка пудинг хумана,млекото заврши во канта.