Убаво ти вика @duffi оробај домашна каша во тегличка да ставиш. Јас до една годинка така и давав, голема тегличка од готова каша како "дозер" ми беше. На старт и мојата не јадеше домашни. Од кога дадов кромид и лук јаде само домашни зеленчукови, ноќни и овошни проаѓаа и купечки.
Јас домашните во теглички ги ставам, знам колку јади така Пченка и просо сеуште му немам дадено исто ни кромид ни пашканат. Ориз мелен му правам со молзено млеко и после блиндиран со банана и го јади
За таа цел имам чиниички од чико со мерилица па точно знам колку изела и попрегледно ми е така. Потечно сакала. Денес така и направив и си изеде 130 г. А можи и дека само овошје беше. Мајки сакав да прашам по колку пати на ден давате житарки тие со 2 оброци што сте. Јас давам само еднаш или за појадок или ручек.
Кога почна со втор оброк? Ние еве 5та недела оваа ни е, прво помалку јадеше сега веќе е оброк, незнам кога да почнеме со втор. На 10.06 ќе направи 6 месеци. Иначе и јас купив специјално тањирчиња за јадење ама попрактично ми е во теглето.
На 5 м почнав со пробување вкусови, некаде на 5 ипол веќе воведовме оброк. Сега на 8 ќе полни 7 м и еве 3 дена се обидувам да воведам 2 оброк, ама слабо ми прифаќа со исклучок на вчера што си ја излапка тиквата.
Мајки да ве прашам кога воведовте глутен во исхраната на вашите бебиња, моите се 7 месеци и денес прв пат им дадов каша со глутен. Некаде читам дека после 9 месец се давало. Јас им дадов тестенини соморков и домат,од готовите на хип.
Isto i jas samo ednas davam zitarki.ama poveke od 2.5h ne mu drzat kashite.ednoto bebe jade od golemite kashi 190g i toa mu e malku nekogqs a drugoto bebe edvaj ja dojaduva malata tegla
Мила и @lackygirl каков ориз давате? Сега купив на Холе, читам во упатството за да го направам со мајчино млеко ми требаат 130мл, нема шанси толку многу да измолзам Кога го мешате со овошје или зеленчук, додавате ли 1 лажица маслиново масло, како што пишува?
На хипп. Растворам или со вода во која се готвеле овошјето/зеленчукот или поретко со АД. Да молзам млеко 1 час за на крај да ја фрлам пола каша ми е но сенс. Мешам со овошје и зеленчук, а масло не ставам.
Јас овај од сончева долина Прв пат со вода го правев не го сакаше, сега пред некој ден измолзив сабајлето 100мл млеко (ми беа полни градите од ноќта) и го направив со млеко и потоа банана и го јадеше со мерак
Може, и на самата кутија пиши со вода или млеко, јас со двете го пробав и со вода немаше вкус, а со млеко беше поубаво 100 пати
И мојот денес ќе лапа ориз Да го направам со Ад и да додадам малце слива или банана,иде така? Две лажички од кашичката само.
Малце да му дадам или колку сака? Дека прв пат ориз. Се научил ако немми додадам малце слива во некоја од кашите не јаде. Вчера јадеше тиква и компир се мрштеше ама не доби слива
Јас секогаш му давам колку сака. Првиот пат го направив со вода и само 3 л одвај со сила ги изеде, сл пат со млеко мое и банана и скоро цело тегличе го изеде (јас кашичките домашни ми ги турам во тегле од купечка каша за да знам колку јади)