Како го правите оризот? Ставате мајчино млеко/ад да се грее на шпорет и ставате ориз? Или се свари и на крај ставате мерица ад? Не ми е јасно? Или можеби на мелениот ориз не му треба многу да се вари? И детето само ли покажува кога е спремно за оброк? Ние веќе втора недела каде пробуваме вкусови, и така и планирам до 5,5/6 месеци да пробува само, ама се си мислам дека нема скоро да почне да сака цел оброк. Едвај проба 3-4 л и почне да се мршти и вика. Сеуште е мал за оброк, ама дали се познава кога е спремен да јаде?
На хип оризот според упатсво се прави во млака вода, иста како за ад. Јас така ги мешав заедно. Сега веќе давам обичен.
Сабајле му давав брокула на бебо, втор ден од неа. Изеде околу 90гр. Утре ќе му давам јаболко прв пат, да бидат само две лажички или колку ќе сака? И ако се даваат само по две лажички од секој нов вкус, после со што да продолжам-со нешто веќе воведено? Само зеленчук имам дадено досега. Втора недела како пробува вкусови, досега највеќе изеде од брокулата и претходно компир со тиквица. Вода нудам секој ден, ама слабо некако, ми се чини нема да пропие скоро.
Па јас не би дала строго две лажички, дај му неколку, па продолжи со веќе воведено. Или измешај со веќе воведено мала количина, а следниот ден дади повеќе чисто јаболко. Ама не знам со кој зеленчук да го измешаш јаболково. Морков немаш воведено? Со морков е убава комбинацијата.
Имам дадено морков, да. И компир, тиквичка и брокула. Од овие и мене најлогично ми е со морков да измешам.
Чим си лапка по 90гр или дади две три лажички и продолжи со друго. Или измешај 2 - 3 лажички и дај му на бебе да се наручка.
Мајка ми “ненамерно” и дала на бебла кифличка, нели е премачкана со цело јајце таа. Дадов уште еднаш со кифличка, па почнав варено јајце цело да и давам. Немаше реакции. Давам белка еднаш неделно.
Мајки, Бебе за некој ден полни 5 месеци. Моментално сме на доење со комбинација ад. Препорака на педијатар да почнеме со воведување на цврста храна. Планирам да почнам за некој ден, точно од наполнети 5 месеци. Е сега, дали да почнам со јаболче или морков? Читам почнувате или со едно или со друго. Но, што е правилно? Ја спуштив апликацијата ,,Бебе готвач", тамо е од 6 ти месец, а има убави идеи.
Се што ќе одлучиш ќе биде правилно Јас почнав со компир, воведов 3-4 зеленчуци па потоа овошје. Пишано точно правило нема никаде
Јаболко со тиквичка имам мешано го сакаше. На јаболче немам слушнато досега да е некое бебе алергично дај му повеќе од 2 л, јас секогаш давав колку што сака. Иначе на почеток уста не отвораше и не сакаше повеќе од 6 л да јади па еве сега се навикна и си чека дека во исто време му давам и си јади. 5та недела еве направивме со 1 оброк, сега за недела две ќе воведам втор оброк. @Nina 2014 како мислиш ти така, јас со јаболче почнав
Вие кога почнавте со цврста храна? Малечкото мислам беше тука некаде со моето. Моето на 3 ти Јуни ќе полни 5 месеци.