Бебо мој вчера и денес ручка по 120гр, мерам со една мала тегличка што имам. Е сега, не знам дали толку јадеше оти овошје прв пат проба, и благо му дојде па вкусно. Ќе го видам утре кога пак ќе му дадам зеленчук. Туку дојдов да прашам, кајсиите како ги спремате/давате? Свежи само изблендирани или се варат и тие? Прашувам за почеток, кога треба да се воведат како вкус.
Мене матичната ми кажа овошјето свежо да го давам, освен тиквата. Малата за една недела прави 5 месеци, деновиве ќе почнам со пробување зеленчук. Ве молам споделете што можам да дадам на оваа возраст. Матичната само пашканат ми кажа, од шо беше фокусирана да ми кажа со него да почнам, др зеленчук не ми спомна
Досега дадов морков, компир, тиквичка, брокула, јаболко. По овој редослед. Пашканат и кромид ми се следни од зеленчук, ама ќе дадам по некое тркалце од нив во зеленчукова каша. Јаболкото го варев, првиот месец ќе му варам, па после ќе продолжам со свежо овошје. Затоа прашувам за кајсиите како треба.
Леле машала штом јаде 120 грама, моево сега секој ден јаде некаде по 50-60 грама и се мислев да не му е многу како за почеток, ама и јас ке зголемам доза. Денес му дадов дамо компир и тиквичка и ептен се мрштеше, едвај ја изеде
Мајки вие што сте на доење со бебушките, давате ли млеко и бискоти? Јас кравјо млеко не сакам да дадам па се мислам дали до ад да давам па да не купувам цело пактче само за со бискоти
И јас како @Milla989 сакам да прашам јогурт и кисело млеко кога почнавте да давате, и дали ставате нешто во нив или така да дадам.
Магдонос,нане,семе од коприва дали смеам на 10+ ? Дадов краставица, освен риба што друго е за воведување месецов? За киви не знам дали сум прашала од кога се даваат? Зелка? Смокви?
Магданос, нане, коприва смееш. Киви и смоква после годинка. Зелка немам дадено оти не знам како. Не сум правела манџа , а од сармата само оризот му го давам. Почекај година да направи. На 10м се скоро давав. Освен горонаведеното и без јатки.
И јас сум тука на 10.06 прави 6 месеци од 4 и пол почнав со вкусови сега планирам и втор оброк да воведам. Иначе кајсија му дадов купечка каша. Кромид и пашканат немам дадено уште. Моево па сака многу компир, тиквичка и брокула сите 3 во1, исто компири, морков и тиквичка, од овошје најмногу сака банана
Кромид од колку се дава? Моево сака се,освен јаболко. Баш ме чуди,го плука. И со банана му дадов,не сака. Круша најмногу сака.
Мојава сака овошје, особено обожава банана и круша. Ама зеленчук не сака да види. Денес и камуфлирав тиквица со морков, пашкнат и јаболко за блажина и едвај 50 тина грама изеде. А гладна беше и веднаш ми се нафрли да цица. Од овошните каши и по 150/60 грама јади некогаш кога е погладна. Еве веќе 2 дена си кажува и сама кога е гладна. Вика АМ АМ, дали е коинциденција не знам, ама секогаш кога ќе рече така убво си јаде или цица. Можеби само јас сакам да верувам дека тоа се свесно изговорени зборчиња.
Како го спремаш, со млеко/вода? Според упатството на кутијата? И дали го даваш чист или го мешаш со зеленчукова каша? И јас купив на Холе, но уште не сум дала ориз.