@happygirl Го купи апаратот? Кај нас нигде го нема,па ќе прашам ако може да ми го донесат од друг град.
Другарка на сестра ми на детето до сега му нњма дадено ниту една домашна кашичка. Само на купечки е, па супер си е, и супер се развива/напредува.
Периодов на каши е додека не уклучи млечни и месни продукти со житарки, тоа му е од 6+ до 10+ ( поправете ме ако грешам ) потоа му доаѓаат како десерти.
Моја блиска девојчето си го ранеше од 3-4 месец со купени каши и уште ја рани а има 20 мес некаде. Имунитет никаков нема, постојано е болна. Може и не до тоа, незнам.
Само на готовите каши треба да се обрне внимание на месеците од кога треба да се користи... Пишува од 4 месеци дека може да се користи, кога прочиташ состав има глутен, пишува од 6 мес,а има јагоди???? И ајде кој чита,кој знае што е и како е,не е толку проблем,ама кој не знае? И има многу родители кои не пратат по интернет,не читаат по форуми или воопшто не се запознаени со редоследот на давање одредени намирници,туку се раководат според бројката на кашите. А што е проблем на кашата на хип од банана и гриз да пишува дека е од 7 месеци,кога и се вовефува глутен,а не да пишува од 4 мес. Среќа што сум запознаена, инаку ја добивме подарок, па можев да му дадам на синко да проба/ јаде на 5 месеци.
Јас давам купечки од тиква и слива дека тоа нема свежо сега и од брокула, бидејќи купечката ја јади, а домашната не. Исто знам да дадам купечка и кога не сме дома. Најчесто некоја комбинација со јаболко, на пример со круша или банана. Обично земам од тие што се бејби фрист, кој се наменети за прво заранување. Инаку во мн кашички освен овошјето и зеленчукот има 300 глупости, па затоа таа од слива ја давам на 3 пати во комбинација со домашна каша, бидејќи таа е таков пример. Па 2 лажички на 200 грама не ми изгледа страшно. И да мора да се пази на состав и рок. Бројките со месеци некаде прочитав дека се за конзистенцијата на кашата дека е наменета за бебе од 4 м, 6м и така натака, но не и самиот состав. Ама мн родители слепо им веруваат. Ете една моја роднина им даваше на бебушите од 3 м, каша на која пишуваше дека е за 4, на 5 м, на која пишуваше дека е за 6, без притоа да се замара. Мене крвта ми се заледи кога видов дека дава каша со домат на 3 м и глутен и месо на 5. Од друга страна ни домашните каши не ги сметам за мн здрави, се е прскано и со пестициди. Органско производство скоро и да нема, и ретко кој се придржува до сите правила. Јас си посадив ви двор спанаќ, компир, тиквички, моркив и брокула по 1 ред. Кога ќе имам од нив да берам ќе бидам сигурна дека се без пестициди, ако воопшто родат нешто.
Да, може секако. Дава убава блажина на зеленчукови каши, а убав екстра шмек и густина на овошни. Моево на почеток и тиква со се јадеше, ама со зеленчук врв му беше. Штета нема веќе не е сезона.
@monik55 Не дека има нешто многу грашок во состав, ама сепак мислам да почекаш бар месец, два со неа, рано е некако на 5.
Да се надоврзам дека исто и јас го мешам и со овошје и со зеленчук. Кај овошјето сум приметила дека коа ќе додадам батат повеќе време го држи сит А палента како воведовте и со што ја дававте на почеток до дека да стасаме до млечни производи?
@AlicaInWonderland Палента со овошје давав, така ми ја јадеше, со зеленчук и млечни не ја сака (сеуште), полеви сме ние за некои работи. Затоа и Хип кутија житна кашичка од пченка често ја користев (онаа baby first corn), подруг вкус има, таа ја јаде со се.
Едно прашање во врска со авентот. Ако ставам морков кој се готви 15 мин , јаболко 5 мин и слива 10 мин, дали се заедно да уклучам на 15 мин?
Зависи од детето. Јас уште и давам купечки (викенд најчесто, дека сум утепана да спремам). Мојата е 1.5 година. Уште не и се десерт тие со житарка и се таман 1.5 тегличка. Има и месни/млечни кашички, ама па тие во состав се многу на морков. Мојата не ги сака. Ако ти ги јаде, тогаш можеш и такви да даваш. Сепак, во составот имаат многу малку месо (7% на тегла 190 грама), а на почеток викаат 50 грама мевце.
@hello-kitty.90 @mila991 Да ви се надоврзам на муабетот. Не постои според новите препораки што и како да се воведува како поранешните листи. Токму новите препораки велат алергените први да се внесат од 4 месеци ако има во семејството алергии од храна. Затоа да не ве чуди составот. Погоре примерот моника има на хип кашичка со грашок. Грашокот влегува во зелен зеленчук кој се дава прв. Затоа и во хип стои 4+. Интересна листа во прилог: https://www.google.de/amp/s/wholesomebabyfood.momtastic.com/solidfoodchartbyfood.htm/amp