Ќе стојат ли вака без шеќер? Не дека сакам да биде блага водата, туку да не се расипат теглите ми е прашањето.
Ниту една тегла не ми се расипа а не ставав ниту зрнце шеќер. И тоа не само од цреши, од секакво овошје и после 2 години беа во ред. Само убаво да вакумираат, вода ќе полниш до врв и ќе чуваш на темно место.
Јас кајсии инав само со вода. Ги вриев во тенџере па во рерна. Ништо не им беше со месеци. Грам шеќер немав. Само вода.
Денес синко прв пат имаше 2 оброци, јадеше прв пат пиперка зелена наше производство домашно (имаме оранжерија во двор) 1 оброк кајсија, авокадо и малку банана за блажина свежи и блендирани 2 оброк, му направив манџичка со варени: ориз, пиперка, морков, компир и тиквичка и малку маслиново масло, многу беше вкусно цело тегличе го изеде.
Bravo za batko. Samo neka lapa. Sakav da te prasam, kolku meseci ste? Koga moze piperka da se proba? I maslinovo maslo? Nie sme 6+ a ne sum sigurna koga mozam tie raboti da gi dam.
Ќе стојат. Моиве имаат само 1 мала лаж. кафен шеќер а дел се без шеќер и еве уште ги јаде ниедна не се расипала
6 ќе правиме сега на 10.06 не се плаши, не е толку сложено колку што самите ние си го правиме и пд маслото сега секој ден се кака пред тоа се какаше на 2 дена на 3. Една пријателка исто нежа 6 месеци уште бебето се му давала дури и месо Денес една жена ми рече од 3 месеци грав му давала и затоа проодело на 7 месеци бебето жената е "купена невеста" од Албанија ик има 3 деца кои се 8, 5 и 4 год. Јас и велам грав?? Тежок е за бебе како така, грчеви ова она, не ми вели зато породена 7м
Купив нови тегли со нови капаци. Ставив кајсии и вода. Не ги преполнив. Вода ставив до грлото на теглата. Во длабоко тенџере полно со вода ги ставив да вријат. Битно делот што е полн во теглата да е покриен со вода. Не се сеќавам колку време ги вриев. После ги пикнав во рерна на 100ка некој саат и ги оставив уште некое време. Толку.
Мајки здраво, малиот ми беше на антибиотик до вчера, настинат беше. Од кога можам да продолжам со внесување пак на нови вкусови, уште малку 6 месеци ке прави.. докторката прво рече после завршување на антибиотикот, а кога бевме на контрола некни, ми рече нови вкусови од понеделник, па некако многу ми се виде, дека се едно исто му давам. Позз
Совет од мм кој има големо искуство со пастеризација е да се полнат теглите со вода до горе, воопшто да нема празен простор/воздух во теглата, така 100% нема да се расипат. Овошје ставаш колку сакаш. Доволно е да провријат 1-2 мин помекото овошје, а потврдото сливи, праски, дуњи и сл 3-4 мин (ако се изложува подолго време ќе ги изгуби сите корисни состојки). Нема потреба од делот со рерната, само се оставаат во истата вода постепено да се изладат.
Кога се воведува втор оброк? Мене матичната ми кажа дури 7 месеци да му воведам. Ама гледам дека се водеува и порано затоа да си прашам.
Јас воведов 10 дена пред да наполни 7. Ама реално не е спремна. Тек сега еве почнува по 100 г да јаде. Можеби и не инсе допаѓа зеленчукот и затоа не јаде.
Колку шо сум читала 1 месец од воведување на првиот. Иако мене матичната ми кажа да пробуваме зеленчук па да давам цел оброк за ручек па после да пробуваме овошје, па цел оброк за доручек.