Моето додека не проба овошје си јадеше зеленчук, по 100/120гр на оброк. И мешано компир, тиквичка со морков, и само брокула, и карфиол со морков и тиквица, разни комбинации му правев, маслиново исто ставав. Вчера и денес додадов кромид по едно тркалце и не сакаше воопшто. Сабајле две каши фрлив, и домашна и готова. На крајот му дадов банана, јадеше ко да не видел... Дајте совет како да ги јаде пак зеленчуковите каши?
А како ги давате праските, свежи или обарени? И грашок каков давате, може ли замрзнат? Ги лупите ли зрната?
Грашок давам замрзнат никако од конзерва. Имаше интервју Сајковски каде што кажува дека е најштетно конзервирана храна.. Боранија според мене почекај малку тешка е мн за мешето да не го боли ние сме 9+и уште боранија не сум дала
Никако од конзерва тоа секако. Ама мислев да не има излезено свеж. Боранија не давам уште, секако не сме љубители никој дома. И како што очекував месната каша си ја изедов јас. Место 2 оброк пак цицање.
Prvo gi dade eden den da gi proba ili vednas taka davas? Sakam utre da probame, pa neznam mozam li vednas vo kombinacija da dam.
Јас не се раководам повеќе по книга се опуштив многу после долго зборување од мајка ми, свекрва ми, тетки...решив да давам се што е сезонски и овошје и зеленчук, вчера му дадов сабајлето неколку касајчиња лебче со патлижан намакан од водата кај што јадев јас, па така среќен не бил до сега од ништо Денес прави 6 месеци, јагода не давам годинава (ако ми рече матичната да му дадам домашна, имаме во двор наши) ќе почекам за др пролет, месо после 7 месеци, лубеница и диња ќе јади летово, исто и краставица кога ќе ни порастат ќе си јади, така сум јас растена така е мм и јас нема да го растам под стаклено ѕвоно. Така решив
И јас така размислувам. Кога периодот на започнување со цврста храна ќе се поклопи со лето и есен кога се е свежо, не гледам зошто да дадам замрзнато во декември. Со исклучок на високи алергени, се ке дадам во наредниве месеци.