Палента купувам обична од маркет, како за нас. Просо од Био Космос лупено. Амарант и киноа не користам.
Морав да изреагирам. Нас не растеле како не растеле, ама веројатно сме еволуирале и сме се едуцирале повеќе од старите за да знаеме како тоа влијае. Нас ништо не ни е. Е па не баш. Секој втор со алергија, стерилитет.. Патлиџан на бебе со ненавршени 6 месеци е премногу. Баш јак алерген е. Краставица и лубеница ќе му направат тегоби во малото меше. Не се мешам, ама ова "нас како не растеле"
Се сложувам со тебе. Нас како не растеле... Па еве мене на 9 месеци ми давале чајна и пржени кришки и компири. Не гледам нешто корисно дека правеле. Битно било да бидам најадена. Јас не сум да се претерува. Ама краставица е тешка и за возрасен човек, а не па за бебе. Зелка исто. Не сум многу строга, давам да проба и некои работи што не треба ама само да ги проба зашто бара. Ама за некои работи што нема потреба и корист да се дава, колку и да бара, не давам.
Е па нашиве бебиња па како што ние ги растиме за грев ќе бидат, да ми простиш "нема да знаат в г*з да се дупнат", ако е за тоа се повеќе алергии имаат новиве генерации, јас сум '89та и сите бевме здрави, прави деца, немаше ни гојазни ни ништо, в кал игравме цел ден, сега и аутизмот е "нова болест" во ново во современо време. Немаше аутизам тогаш... Ете дадов патлижан на 6 месеци, ништо не му беше, 5 пати ако касна, не се правдам јас и претходно пишав, мое дете мои правила...знаев дека ќе имам вакви одговори, очекував...и не мислам да се карам со сите мајки, најмајки на темава.
И јас сум 89 та а дали сум била здрава? Не не несум била и сестра ми хранета со се и сешто сега нее здрава со еден куп проблеми е. Нема зашто да се натегаме кој е немајка и најмајка но мислам треба да бидема свесни што даваме на децата. Од тоа што ништо не ние секој втор се бори сто стерилитет и проблем со хормони.
Нема најмајки. Секоја мајка е најмајка на своето дете. Кога станува збор за исхрана има генерални насоки кои треба да се следат. Не ги измислив јас, туку тим истражувал и срочени се во документ на СЗО. Секако, бабите повеќе знаат. Давам и јас тоа што "не треба" и ако се споредам со тоа што се пишувало сум давала поагресивно од другите. Значи не сум толку затворена. Во делот на гојазност, па баш од леб повеќе шанса има, него од зеленчук соодветен на возраста. Мојата 18+ има, па леб не и давам да јаде. Ти си знаеш за тебе, ама не се согчасувам дека мајката знае најдобро во секоја ситуација.
Не е за тоа која е најмајка работава. Работава е што стануваме свесни дека ние како генерации родени во 80-тите и 90-тите не сме баш здрави. Баш дека така сме растени како што сме растени, „ништо не ни е“ - сите со здравствени проблеми, чести главоболки, проблеми со желудник, висок притисок, срцеви заболувања... прехранбените навики се основата на здравиот живот.
Не се правдам само да ви појаснам нешто, моето бебе до 4 и пол месеци беше на ексклузивно доење и имаше 9300г, без чај без ништо др. Супер напредуваше, почнав со дохрана како и сите тука, значи како што треба по книга, после месец и пол воведов и втор оброк по совет од доктор. Бебе 10кг. Давав по бебе готвач, сега му давам и вака нешто плус како што веќе пишав претходно, сокови и чај не давам нема ни да давам, значи ја претерувате сите...и колку и да нејќам да пишам морам "да се правдам" ништо лично не е, само мое мислење... @TeddyGrey салами никаде не пишав дека ќе давам, ниту па пржено, само сезонски овошје и зеленчук. @kukla21 леб не планирам да давам, само проба вчера, значи ПРОБА не јадеше 1 кришка леб. @monik55 незнам за други, ние сме здрави фала Богу.
Абе не реков дека даваш салами, повеќе општо ми беше кажано. Дека ете, мене, не ме хранеле здраво. И ја сум здрава, права ама не би ранела бебе како што мене ме хранеле. Не сакав да се осетиш дека те напаѓам. Како што кажав и јас давам да проба скоро од се.
Многу лично си ги сфаќаш работите. Пишав на првиот коментар дека ми боде очи "нас како не растеле". Ти ја изврте дискусијата на најмајки, гојазност, аутизам. Се докажуваш. Еве и сега. Нема потреба. Само дискутираме. Па и нема ништо да ти смениме чим веќе имаш "договор" сама со себе, баби и тетки. Бебе готвач не е меродавна за тоа што и кога се дава. Комерцијална апликација направена од 2 жени кои решиле да се испробаат во други (бизнис) води. Зборувам и зборуваме генерално. И Теди кажа за себе, општо, не дека ти даваш чајни.
Никаде не кажа членката дека дава пржен леб. Од домат отиде дискусијата до пржен леб. Нас не не хранеле идеално за жал. И тоа носи последици подоцна. Ама јас тоа метафорички го сфатив не така буквално.
Конечно некој да го дели моето мислење за бебе готвач. Што се всушност по професија се знае? Има ли доктор рецензент? Што е реченицата го хранам по бебе готвач? Нешто меродавно, некој императив за здрава храна? Инаку немам забележано нешто недозволено внатре, согласно моите познавања.
Маркетинг ко што знам јас. Ниту еден пд нив не е доктор, нутриционист и сл. Па сега почнаа и со спонзори, алпско, био космос, баш ми се комерцијализирани. Јас никогаш не ја симнав апликацијата.
Ете Митов бил некој вид рецензент разбрав. Маркетинг се сложувам . Океј е тие да си тераат бизнис, 900 денари книга, ама никој ли не се запрашува што профили се наметнуваат како императив за здрава храна? Стварно ми е нон сенс она го хранам по бебе готвач?А педијатар сто пати ќе искритикуваме.
И јас не планирам да го хранам бебо мој строго по книга или табела, ама се знае отприлика кои работи кога се даваат. Читам многу на интернет (што не значи дека е секогаш точно и исправно), следам тука мајките како постапуваат, се консултирам секогаш со педијатар, ја имам симнато и Бебе готвач чисто за идеи и разни комбинации, исто и Нутри бебе. Еве јас не и верувам слепо на матичната, некако уште од старт не ми влева доверба жената за било што, не само за дохраната. А не го местам бебо оти за сите други педијатри исти коментари слушам. Па затоа секогаш ја прашувам и мојата екс матична, исто така педијатар. Денес ќе одиме на мерење, прави 6м бебо, па ќе видам што ќе ми каже. И јас не се согласувам со тоа дека нас како не израснале, ништо не ни е. Се си има последици, па затоа би сакала доколку можам на бебо да му створам здрави навики на исхрана. Нема потреба од докажување или правдање, секоја си знае како го храни и одгледува бебето/детето. Нека ни се живи и здрави на сите
Јас морам да те поправам за да нема недоразбирања во врска со новите препораки и да се доедуцираме на темава како што е ред. Ако дозволиш за да нема забуни. Прво никаде нема изричито наведено кој зеленчук да се јаде. Препораките на сзо се следни: https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/infant-and-young-child-feeding 1. Се почнува од полни шест месеци со храна ако е на доење ( како што гледаме дека по свој памет почнува или по паметот на педијатарот ) 2. Се почнува со 2-3 пати на ден дохрана од 6 месеци по лажичка две три да се проба вкус. Заблуда е дека се почнува само со појадок и тоа не е точно. 3. Се дои додека двете страни уживаат во тоа. Толку. Од упатствата кои ги има во посевен пдф стои и калориски внес, но никаде не стои кое овошје и зеленчук да не се јаде или јаде. Од сзо понатаму здруженијата на педијатри препорачуваат во зависност од земјата и развитокот што да се јаде. Германците велат вака: https://netmomsimgmi-a.akamaihd.net...hrung_Ernaehrungsplan_erstes_Jahr_sja_PDF.pdf Велат се почнува од ручек или вечера. Напоменуваат дека ако е на доење да се почне од шест ако не од пет месеци со зеленчук. Нема што од зеленчук се внесува се. И така натаму до 12 месеци. Овошјето е од седум месеци. Први се ручек и вечера за да на крај со овошје се вклучи појадок. Вода и чај заедно со дохрана. Австралија е на ист ум со Германија плус велат: http://conditions.health.qld.gov.au...introducing-solids-feeding-from-around-6-mont Кравјо млеко, мед и сокови никако први 12 месеци. Овие продукти можат да бидат токсични за бебе и да направите навистина беља голема. Се останато е во рамките на рекла казала. Почнувајќи од краставицата, завршувајќи до се почнува со појадок. Патлиџан спаѓа во овошје. Ова се препораките за здраво бебе. Ако се почне од 4 со воведување храна треба да се следат овие табели и да се види што да се дава, а што да се остави за подоцна. Алергените се даваат први според новите препораки. Се останато е “кој како милува”. Грешки сме луѓе правиме што би рекол проф по физика.