Vo Srbija preporocuvat prvo rucek pa vecera da se vovede. Dorucek na krajot koga mlecno se vovede. Na mojata drugarka maticna preporuca koga voveduva zelencuk da doda malce pavlaka radi vkus (isto vo Srbija). Ene go frajer ziv i zdrav. Sekade razlicno sovetuvat. Vtora drugarka na Malta pocna na 3 meseci so kasicki, po preporuka na pedijatar, sekako. Kako nie zname ko e vo pravo, a ko ne. Majki odlucuvat, nema nemajki i supermajki. Site sme isti.
Ќе пробам да го најдам на тел документот од 120+ страни каде јасно е дефинирано. Линкот погоре на СЗО не е со документот, туку некое кратко сиже. СЗО вели се почнува меѓу 4 и 6 месеци, зависно од развојот. Нејзиното е машала напредно и сигурно му требало дополнителна енергија и мајчино не му било доволно. Друго, СЗО вели да се држиме до намирници на поднебјето, компир, ориз... Дефинира јасно и со која конзистенција треба да се почне. Се согласувам дека најчесто низ препораките на разни педијатриски здруженија, се препорачува да се почне со ручек, а појадокот да се остави на крај. Американците форсираат житарки, европејците форсираат овошје, зеленчук. За алергените нови, стари препораки, тие се. Колку и да се форсира рано внесување на продукти, за некои работи малото меше не е спремно. Здрав разум некогаш треба. Ова за краставица и лубеница.
Потполно се согласувам. Сепак најдобро е да се послуша и самиот педијатар кој го следи детето. Ако за некое дете е доволно мајчино млеко до 6м, за друго не е. Педијатарор е тој кој ќе процени и ќе даде насока за исхраната на детето. Општи препораки е едно, ама секое дете си е индивидуално. Ете моето дете слабо напредуваше, АД не прифаќаше, а не ни сакав да ја форсирам со АД. Како подобра солуција со матичната одлучивме да дадеме цврста храна на 5 м. Значи имаше причина зошто се одлучивме на тој чекор. И не мислам дека е грешка или нешто лошо. И да @Gaga.sk сите ние сме супер мајки кои во секој случај го прават најдоброто за своите деца.
Се разбира препораките се општи и потоа секое бебе е индивидуално. Сзо вели се почнува од шест ако е на мајчино млеко. Само ако не напредува се прават модификации. Ако напредува останува до шест. Потоа педијатарот дава препорака што понатаму. Пример моето и на лаки се исти, нејзиниот педијатар препорача дохрана мојата рече до шест никако. Пак доаѓаме до лично размислување на педијатарот бидејќи станува збор за здрави бебиња кои напредуваат. Значи ист случај медицински. На тоа алудирав кога мислев на педијатри, далеку од тоа ако не напредува да стои на мајчино млеко. И останати кои сами си воведуваат дохрана по свое убедување. Тоа е за мајчино. За останато се почнува од 4 до 6. Да, за секоја земја е различно во зависност од исхраната. Да бидам искрена јас немам никаде прочитано дека краставицата му шкоди на малото меше. Овде прв пат прочитав. Исто и за патлиџаните дека се силни алергени за кои посебно се внимава. Сподели ми линк каде по било која квалификација е направена ваква поделба на храната. И секако ако ги најдеш 120те страни на сзо остави ги овде радо би ги прочитала.
Не се согласувам. Еве СЗО што кажува за доени дечиња и енергијата потребна. Не се тука неуки педијатрите.
Линк од ова остави те молам да го видам изворот и де потцртај во текстов каде виде бебе што напредува да се уклучи дохрана Јас изгледа не разбирам англиски. Онде стои да е четири месеци, да е постојано гладно и да не напредува во тежина. Се препорачува исто до шест месеци како што читам. Делот во кој стојат опасностите од предвремено внесување дохрана е скратен. И што ти е ова овде не се неуки педијатрите? Мислам од каде ова го внесуваш во дискусија каде разговараме за препораки од сзо и педијатри.
Значи ако сакаш инат да тераш, бујрум. Фино пишува "помеѓу 4-6 месеци кога не може веќе бебето да добие енергија и хранливи материи само од мајчино млеко". Работава битно да излезат нашите педијатри неспособни. https://www.who.int/nutrition/publications/infantfeeding/WHO_NHD_00.1/en/
Не знам што не ти е јасно од ова сама што го напиша од 4 до 6 кога веќе бебето Не Може да добие енергија ... односно имаш три цртки и тие се погоре од мене напишани. Каде ти поврза со бебе кое напредува преку килограм по месец со ова погоре напишаново? Глупости. Не заборавај за краставицата и патлиџанот да ми оставиш линк. Поентата патем ми е да научам нешто, а не да се објаснувам од шупљо во празно.
Матичната ми рече да почнам со жолчка (по пола тврдо сварена жолчка да ставам во палента или зел. каша) и со телешко месо. Да давам веќе и житарки како ориз, просо, палента и киноа. Бебо има полни 6м. Нели е рано малку за жолчка и месо? Утре ќе му испитам кс и железо, па ќе видам резултати.
Па ваљда педијатар знае да процени кога на доено бебе не му стасува мајчиното млеко и му треба храна. За некое ќе биде 4 месеци, за некое 6. За тоа е стручен. Матрица за бодување не постои. За другото, документот постои на страната на СЗО, како што го има овој што го ставив, не само абстрактот на кој се повика. Секој може да го најде, јавен документ е.
Прв пат му дадов месо на 7.5 месеци, а жолчка на 9 месеци. Ориз можеш за ручек да му ставаш во кашичките, јас му менувам некогаш ориз некогаш компир му ставам. Просо и палента исто можеш да му дадеш тие се без глутен, нив на почеток ги давав за вечера.
Исто ми рече и мене за жолчка и за месо пилешко, но мене уште не ми се дава немам дадено. Ориз давам често во зеленчукот, палента само еднаш не ја сакаше, само 2 пати касна, и еднаш просо му ставив во комбинација со компир, морков, тиквичка, го јадеше.
Не можам да го најдам за поделба на храната ако не ти е тешко чим го знаеш остави ми линк. Иначе абстрактот и публикацијата говорат едно исто, препораките се исти нема други
Мене не ми е јасно,како може во скоро сите кашички за бебиња да ставаат сол и шеќер???Нели тоа после годинка смее
Затоа ќе си ги приготвуваш дома, да не те боли глава имало/немало сол/шеќер Знам во Hipp кашата од слива и во таа од кајсија има шеќер, но јас дадов кога ги воведував. Сега на 10+ почнав да и ставам понекогаш малку сол во кашите, неколку зрна хималајска, давам ужинки од типот на пудинг,бисквитче,чоколатце.. Да не давам до година, и после нарднаш распиштол, не би, што знам.. така јас размислувам,и така давам, се постепено. За краставица и патлиџан и јас тука прочитав дека едното прави мачнини на меше а другото е “силен” алерген, бебе мое грицка краставичка секој ден, омилена “ужинка” и е, па немала мака досега. Вчера додека и давав овошна каша за доручек, во меѓувреме јас јадев мекици со павлака и патлиџан, па почна да ја пљука нејзината каша и се посегаше по мекицата и патлиџанот. Сака од нашата храна, неќе “бебешки” каши веќе И мене ми е апсолутно ок тоа. Зачини и јагоди не, леб чат пат, а друго веќе воглавно се си јаде. Баш поради тоа мислам дека не е прибирлива во однос на храната.
Majki belkata isto li ja voveduvavte kako zolckata? Isto me interesira kako przite jajce, so maslinovo li maslo?
Бебето ми има 5ипол месеци, веќе има пробано, јаболка, слива, ориз,морков, ... Кога смеам палента да и дадам?
Не е рано. Воведи прво жолчка, па за 1-2 недели и месо. Храната од животинско потекло е многу битна за растот и развојот на детето како и за крвната слика. За дискусијата од погоре: еднаш пишував и пак ќе повторам лично за себе. Син ми го хранев по табела: почнавме со овошје и зеленчук за појадок според табелата, месо од 7 месеци, глутен и млечни производи од 8 месеци, жолчка од 9 месеци. Имав симнато десетици табели, горе-долу сите беа слични, некои од овде, некои од групите на ФБ за мајки и деца. Го купив и бебе готвач! Нашиот педијатар го игнорирав и исмевав кога ми велеше да давам цитруси, јајце и месо од 6 месеци. Си велев што разбира она, има нови препораки за исхрана, не се доедуцирала ми раскажува од нејзино време пред 30 години кога учела и сл... Син ми веќе имаше наполнето годинка и веќе сè му имав воведено, кога по една дебата решив да подистражам на страната на СЗО што всушност се нивните препораки, до тогаш бев убедена дека табеливе кои ги имам во телефон и кои верувам секоја мајка ги има се според СЗО. Кога шок! Читам и сфаќам дека всушност советите кои ми ги давал педијатарот се исправни, а не она што го пишува во табелите. Алергените треба да се воведат што порано, месо и жолчка до 7ми месец да бидат воведени и да бидат застапени секојдневно во исхраната на бебето, оброците од старт се даваат неколку пати по малку во текот во денот, а не ко ние само за појадок, нема ред на воведување овошје и зеленчук, се дава она што е свежо, сезонско и по можност органско, до годината да не се дава сол, шеќер, кравјо млеко, и да се избегнува индустриски преработена храна што подолго можно. Генерално тоа е. Толку просто и едноставно како што е создадено од природата. Кој толку го има искомплицирано за да се прави толку фама и филозофија? Ние мајките! Оти сме многу паметни и оти обожаваме да ги комплицираме работите. Резултат на тоа се деца со слаби коски, заби и слаба крвна слика, со дефицит на протеини кои се клучни за развој на мускулната маса и здрави масни киселини за развој на мозокот и интелигенцијата. Нормално тоа не е видливо веднаш туку се одразува понатаму но никој не си го поврзува со исхраната. И најсмешно е што ова со ваквите табели го има само кај нас, никаде на друго место, ниту на запад, ниту на далечниот исток, ниту Австралија... читам искуства од мајки во странство и никаде вака рестриктивно не се хранат децата. Жал ми е само што утнав со син ми, за второво веќе знам.
Јас освен во слива и кајсија, кај други каши не сум прочитала шеќер. А ниту сол, барем во тие неколку што му ги имам дадено до сега.