Дали смеам овие мултижитарки да ги киснам во јогурт навечер и сабајле да ги дадам за доручек со некое овошје ? Како се највкусни ?
Ја со вода ги правам и плус додавам овошје. Мн ги сака. А одвечер мислам дека не може да се киснат пишто се житарки во прав
Не се киснат. Инстант житарки се. Се раствараат со вода и додаваш овошје. Мојот се дави во нив. Омилени му се.
Ориз со што да дадам за прв пат? Имам мелен на Холе и ќе го правам со вода бидејќи не можам да измолзам мое млеко никако со пумпата. Со што го мешате оризот?
Од локална пиљара, до сега се сум купувала од таму, па и за бебето си продолжив. До сега само брокула купив на зелен пазар бидејќи во продавницава немаше.
Како го правиш оризот со млеко. Нели мајчиното млеко не се подгрева. Јас давам обичен ориз,како да го подготвам со мајчино млеко. Да го сварам прво со вода,па отпосле да додадам млеко или како? Мислам дека нашиве беа тука некаде,5+, што имаш дадено досега и почнавте ли цел оброк или сеуште пробувате?
Малата ќе прави 5 месеца за 4 дена, ама имам почнато со каши пред 1 месец. Според распоредот по кој се водам, нема прв/втор оброк, се дава 3 пати на ден, 1 час после цицање од 4 до 6 месеца. Значи нема оброк, се е пробување. Некогаш јаде 20гр, некогаш 100, зависи колку и се допаѓа кашата и колку цицала претходно. Педијатарот рече само да не давам повеќе од 100грама во едно јадење. После 6 месеца планирам да скратам едно од доењата, па тогаш ќе сметам дека има оброк и повеќе ќе инсистирам да изеде количински. За оризот, јас го правам и со мое млеко и со АД. Не сум имала проблем до сега со подгревање на мајчино млеко, ни за спремање каши, ни за давање во шише. Замрзнатото го ставам во вода што врие, го греам отприлика, ама не го зовривам. За разлика водата за АД ја вријам, па се лади за да го спремам млекото, и после тоа млеко го мешам со оризот.
Nestle веќе нема да го произведуваат Sinlac, а бебе се давеше во него. Видов се состоел од оризово брашно и брашно од семе на рогач. Оризово брашно ќе најдам лесно но каде да најдам брашно од семе на рогач?
Ама за да ми се свари оризот ќе треба подолго време да го варам со мајчиното млеко? Не ли му смета на млекото?
Аааа не сум те разбрала, јас давам ориз од Хип. Како оризово брашно е, само се меша со топло млеко неколку минути за да згусне (на самата кутија вели дека се спрема со Ад млеко). Обичен варен ориз не сум дала. Јас би го сварила со вода како што си варам за мене, и потоа само да се изблендира. Не сум пробала бидејќи ова готовово ми е многу полесно, ама така мислам дека е наједноставно. Едит: какви оризови или пченкарни снегулки користите? Имам воведено пченка и ориз, ама сакав да најдам нешто што може да ми ги згуснува кашите, нешто суво. Првично мислев бисквити, ама дури и тие за бебиња имаат јајце и шеќер. Дали да купам обични какви што и јас јадам за доручек, или постојат посебни снегулки за помали деца, без одредени додатоци?