Тиква, тиквица и компир оди ли да му дадам на бебо? Да пробам дали ќе јаде така, тиквата ќе даде блажина... Не знам како да избегнам давање на А витамин скоро секој ден, да не ми стане портокалово бебево Го има во морков, тиква, кајсија, батат...
Тиквица и компир стави, додај мајчино млеко или путер. Не мора тиква. И не е портокалово од вит. А, туку од бета каротенот.
Денес земаб ло бело бисквити од дм да му дробам во некоја овошна кашичка,кога ги пробав шербет благи.
Kako e podobro da se zamrzne svarenoto teleshko meso,vo teglicki so voda,ili bez voda vo kesa samo da se stavi,i za kolku vreme treba da se upotrebi
Со водата во која се вари месото е подобро да се замрзне. А за колку време треба да се употреби не знам, оти јас не замрзнував многу
Давав 3 дена пашканат, 3 дена морков. Да продолжам со комбинација морков/компир или да терам посебно компир? Страв ми е некако, не знам што е паметно, малово има егзема, склоно на алергии, на мене цел.
Со маслиново мојата ја прифати комбинацијата. Со кромид исто така. Путер ако ставев се фрлаше кашата. Додуша и мене ми е гаден мирисот на стопен путер Сега тек го пројаде мачкан на леб само, стопен нема шанси.
До 50 гр. Му зголемив на година ипол. Јадеше колку што сака парчиња. Јас варев за 2-3 недели и замрзнував. Во мала тегличка ставав парче месо и од водата што се вареше месото. Вода ќе ставиш над месото и ќе го замрзнеш. Јас користев путер од президент несолен. Морков ви е успешно воведен 3 дена. Можеш сега да комбинираш. Морков и плус нова намирница. Ако ти е страв, првиот ден дај само компир па другиот ден измешај му со морков.
Јас му дадов попара со јогурт со малку лебче, се изнајаде и ништо не му беше 6м и 9 дена Иначе моево бебе повеќе не сака течни каши, сака да "џвака" ќефој е ко ќе има текстура во јадењето и сега му ги пасирам кашите ако му дадам бледнирана или купечка не ја јади се мршти. @happygirl јас тиква не му имам дадено досега, не мора се да пробува од намирниците што ги пиши во апликациите, тиква ќе јади на есен кога ќе му биде сезоната. Тиквички да ги комбинирам во зеленчуковите каши.
Мојава ич нема апетит изгледа од жешково. И од благите каши едвај 100 гр јаде. Денес за ручек со пилешко и направив и едвај 3 лажички касна. Многу се нервирам. Не знам како да постам. Ете и кромид и масло ставив џабе е се. Не јаде и не јаде.
Оф, колку убаво те разбирам. И моето денеска ич не јадеше од кашата, ниту лажичка. Само на доење е цел ден. Кога му давам овошни ги јаде без проблем, и по 140гр, ама зеленчукот никако. Чекам уште утре да помине ради вакцината и ќе почнам со кисело млеко и жолчка полека да ставам, иако не се надевам многу искрено.