Јас во солена варијанта и со к. Млеко не поминав убаво. Потоа му направив овошен јогурт за појадок и изеде 160г така. Јадеше оваа и по 200 грама овошни, ама еве неколку дена уста стегната и на сила пикувам лажички. 1 час цел се раниме.
Битно е да цица и внесува течности. Не мора да јаде. И нас кога не ни е добро не ни се јаде. За некој ден ќе се врати на старо.
Мојата од мало тегле повеќе нема изедено до сега, некогаш и помалку.Не ја форсирам.Колку и е апетитот, толку.Ама тоа што не сака, ни 2 лажички не каснува.Па пробувам друга комбинација. Мојата најмногу сака круша и тиква, па многу често ми се во комбинациите.Пробај со тиква дали ќе ти ја сака зеленчуковата.Не мора многу да ставиш,колку да го осети вкусот.
Јадеше едно време тиква сега ни тоа веќе не ми пали. И она обожаваше круши ама ете сабајле ни комбинација со круша не ја воодушеви, едвај 100 гр изеде. Еден час ја молев. Ств ова јадењево ме изморува, само прави и турај. А денес варев и просо 40 минути и после пилешко 1 час и се за џабе.
Така е, затоа и не го форсирам. А млекото му е единствена течност засега, не пие вода, ниту чај, не знае да фати шише, од лажичка плука, со шприц неуспешно исто.
Мачно е знам.Ќе се трудиш цел ден за на крај да фрлиш.Ми се случува и мене и на крај јаде пасирана банана со сила.Трпение спасение.
Во зеленчуковите каши ставам маалку хималајска сол низ прсти и јади, без сол не ги јади... И сега очекувам критики за солта
Nema kritiki Laki Maticna mi ima kazano deka mozam malce sol niz prsti ako ne sakat dvajcata da jadat.
Мм вчера и ставил сол без да знам јас и јадеше. Не многу ама битно јадеше. Откако се најаде ми кажа дека и ставил сол. Денес ја направив истата комбимација само без сол со плус кромид и маслиново и не јадеше. До солта е значи. Не сакам да ставам ама ќе се консултирам со матичната дали може некое зрнце химелајска. Поарно некако да јаде зш сега и треба и месо и протеини, отколку и без сол и без нишш да е.
Те читам подолго време и гледам дека на ист начин размислуваме. И јас само во една кашичка додадов неколку зрнца хималајска сол и супер поминавме. До сега јавно никаде не кажав дека сум дала, мислам на клада ќе ме запалат. Две искусни мајки со здрави и среќни деца ми препорачаа дека не е страшно од толку скоро и незначителна количина на сол да се даде.
Мене искрено страв ми беше да пишам овде ама еве скоро 2 недели му ставам во зеленчуковите и си јади и тоа со сласт и со мерак исто и мене ми рекоа неколку мајки, една на 3 деца, др на 2, дека ставле малку сол и си реков ќе пробам, малку колку за вкус бидејќи без сол е блантаво и стварно е грдо матичната исто ми рече дека можи сол. Ќе ја исфрли со потењето и со мокрачата, нема гајле од неколку зрна.
Јас уште сол не ставам во секое јадење. 2 и пол години Не дека не пробала сол, ама не ставам на пример на домати, јајце варено без сол го јаде, месото го готвам само со зачин, јајца пржам без сол оти ги јаде со сирење или кашкавал . До година па, дури и јас сол не јадев. Кај бабите јаде со сол јадење, дома не. Јаде и така и така. А кога не јадеше не јадеше никако.
Здраво, денес ќе правам овошна кашичка па ме интересира колку намирници можам да измеша во една кашичка. Пример да изблендирам јаболко, банана и кајсија. За 5 дена ќе прави 6 месеци бебето.
Може до три, повеќе од тоа не е потребно. Што поедноставна комбинација на намирници, тоа подобро, поголеми се шансите да го јаде. Ако комбинираш многу различни вкусови нема ни да биде убаво за јадење. Важи и за зеленчукот.