Џабе е и сол во кашите, ова моево е решено живците да ми ги сокине со јадењето. Никако уста не отвара, ме пукна, секој ден само правам и фрлам.
Јас од прво за да ми отвара уста му правев со лајчето како со пупката што му се прави на бебињата мали за да зинат и така ми успеваше секогаш, нз како да објаснам, го допирав на горната усна одгоре надолу и ќе зинеше јас му го ставав в уста лајчето провај ако ме свати, сега сам си отвара уста се научи, трба трпение многу, по 40 мин јас го ранам дури го изеди цело тегле
А со овошните каши како зјае сам со устата и бара уште? Не знам стварно како ќе го хранам, како ќе воведам жолчка и месо, кога тој не сака воопшто да јаде зеленчук. Еве денес цицаше во 9:30, заспа околу 11ч, и накај 12:30 пробав да му дадам компир, морков, тиквичка со маслиново и мало тркалце кромид. Ставив и некое зрно сол, и беше вкусна кашата, не како претходно. Само првата лажичка ја проба и после затвори уста. Сега е кенкав, веројатно е гладен ама не сака од неа. Ќе пробам да не му дадам да цица, нека огладне и пак ќе понудам.
Здраво мајки. Планирам да почнам со проба на вкусови. Со што почнавте? Некој советува да се почне со зеленчук друг со овошје. Може ли да ми пишете по нешто да се водам што може да се внесува прво. Фала
Секако дека можеш и сол и шеќер, но не е препорачливо. Не те правам немајка, ниту јас сум поголема мајка бидејќи не сум дала, но мој добронамерен совет избегнувај, многу ти е мало бебе. Сега си ставила 10зрнца, утре 20 ќе станат, го учиш на солена храна, а солот знаеме колку е здрав, исто и за бисквитите кои се полни со шеќер.. Првата година и те како е битна од исхраната на бебето, како за него, така и за неговиот желудник. Внимавај
Баш ништо не јаде од зеленчуциве? Да пробаш посебно по една или две намирници за вкус?Пример компир и кромид, само морков, само тиквица, само тиква? Ако немаш дадено авокадо пробај со него.Мора да пробаш се.Не мора цело тегле да изеде,барем пола додека се навикне. И мојата не јаде многу ама барем едно да сака па го мешам во се.
Ништо, пробав и една по една, и по два вкуса да мешам, и пак не јаде. Авокадо уште немам воведено, ама во план ми е. Тоа нели има неутрален вкус некој?
Батат купив од портокаловиот, сакам да му дадам деновиве. Избегнува нови вкусови поради температурата од вакцината овие три дена, ама од утре се враќаме на старо. Со што можам да го комбинирам него за почеток?
Да неутрално е ама дава некоја кремаста текстура и мојава го сака.Вреди да се проба. И не знаеш што ќе му биде вкусно на бебето.Некогаш и најблуткавата каша на бебе може да му биде највкусна.Не се води по твојот вкус.
И моево сака со авокадо каши, многу се покремасти како купечка иди, денес му направив компир, ориз, тиквичка и после авокадо додадов и мљацкаше дури јадеше
Какви бисквити даваш? Јас имав од џиџи бебе, ама пишува дека имаат јајце и шекер, и на крај маж ми ги изеде.
Никако од тие. Јас почнав со Ло Бело , со житарки, ги земав од ДМ. Најчесто давав/давам лино бисквити од зегин