Среќа ги прочитав што состав имаат, па не и дадов, а ми ги донесоа баш дека реков барам бисквити за бебето. Фала многу, баш ќе побарам утре.
Обични од Кам некогаш и в раче му давам сам си јади, ама да сум до него цело време и Џиџи бебе му имам дадено ама тие многу се топат ич не се сеќават во кашиве. @Gaga.sk сега почнав јас во петокот на 6 и некој ден.
Па баш за густина сакав да додавам. За да го блендирам јадењето мора да додадам малку вода во нутрибулетот, а ако искочи течно бебе не го сака. Многу повеќе јаде кога е погусто. И затоа и давам ориз во кашите, ама и онака не кака често, оризот не и помага. И сакам да давам снегулки и бисквити, ама немам дадено јајце, и не сакам да давам шеќер и сол сеуште. Мислев дека постојат бљуткави бебешки најобични бисквити, буквално само густина да даваат.
женички дали давањето на 1лажичка од 3-4мг на каша од одредено овошје..на пример јаболка 3 дена по ред се смета за воведен вкус т.е воведена јаболка во исхраната?
Јас вчера и воведов авокадо. Колку толку касна 5 лажички. Повеќе и не и дадов оти беше кај 12 часот меѓу оброци за проба. Денес ќе промешам со тиквица и кромид. Држете ми среќа да јади. Инаку вчера и направив ориз со морков, тиква и половина јаболче и изеде 130 грама. Ја ранев пола час ама битно ја изеде. Па, ако и денес не ми ја јаде комбинацијата ќе и додадам некое тркалце банана. Што да и правам. Утре сакам да и воведам и грашок ќе купам од оној со бејби морковчиња. Па деновиве ќе давам и телешко. Ако не ја јаде комбинацијата така, ќе се става и јаболче.
Чисто авокадо не можам до уста да го донесам, а не пак да го јадам. Ете доказ дека бебињата не се како нас
А оти блендираш кога гледаш дека сака погусто? Пасирај, фрли блендерот. Бар сама знаеш од струка дека е поарно пасирано.
Мајки дали малите имале проблем со мешето прв пат кога пробавте каша? Вчера и дадов морков каша на холе три лажички и цела вечер ја мачеше меше. А до сабајле се искака 4 пати.
Блендирав една недела, и после пробав пасирано. Претходно давав се свежо, за да испасирам мора да го сварам, а не сака ништо сварено, ни овошје ни зеленчук. Воведов банана, многу ја сака, пробав пасирано, плука вришти, прави фаци за повраќање ако осети парче. Затоа сакав да пробам да го згуснувам со бисквити за да полека дојдеме до некоја текстура. Заби нема сеуште ама почна да глода и да се лигави, значи почнуваат да ја чешаат непцата. Сакам да дојдеме до пасирано пред заби да никнат баш од аспект на орално здравје, ама бидејки до сега немав некој успех, викам ај да пробам вака.
Не мора да вариш да биде пасирано, еве пробај рендај на ситно. Јас така почнав. Но штом плука, пробај со бисквитите, па ќе видиш како ќе биде.
Да. Затоа што џвакањето се учи од сам старт, бебињата џвакаат со непцата, па после забите си ја преземаат улогата. Освен тоа, кашите не учат на џвакање, туку се лапни голтни и затоа децата се дават кога ќе осетат и најмало парче. Трето, кашите се лепат на забите и создаваат наслаги кои тешко се отстрануваат и водат до расипување на забите. Со кашите изостанува механичкото самочистење кое е присутно при џвакањето.
А зашто ставаш вода за блендирање,ја блендирам без вода во нутри. Бисквити имаш безглутенски на лобело,без шеќер се....
Јас дадов прво тиква па банана, морков, јаболко, тиквичка, круша, компир... кога имаше еден оброк давав еден ден овошна каша другиот ден зеленчукова каша, исто ми ги јадеше. А за тоа за морковот следи и денес ( утре) ако му прави грчеви на бебето не му давај некој период. Телешко од 7 м. Може. На хип се без шеќер.