Не е можеби толку голем проблем што ќе пробаат,иако нели има некои работи кои не се даваат на бебе,проблемот е што не се почитува зборот на мајката. Си имам некои правила кои сакам да се почитуваат ако го дадам на чување. Син ми е 5 ипол месеци, сеуште пробува вкусови, оброци немам воведено. Свекрва ми пред мои очи,за малку ќе му дадеше да проба фил од торта,со еден куп шеќер,млеко, живи јајца,брашно,какао Среќа што бев тука,и ја фатив раката и и реков да не му дава во никој случај. Затоа и не го оставам на само,само под мој надзор.
Имам 2 прашања: 1. Бебо мој касно се буди насабајле, околу 9/10ч и цица, па спие и првиот оброк му е дури во 12:30/13ч. Почнав и втор оброк деновиве, ама многу доцна му доаѓа бидејќи после 1от спие, па цица и јаде околу 17/18ч. После тоа до вечерното спиење и во текот на ноќта е само на доење. Дали може кога се буди насабајле да му давам директно каша, наместо да цица? Така порано ќе има и доручек а и ручек. 2. Денес му дадов четвртина авокадо, остатокот го ставив во фолија и во фрижидер. Сега гледам почнало да потемнува на некои делови. Дали може утре да му дадам од тоа или ново да купам?
Мајки завршиме три дена со давање морков. Денес столицата и беше портокалова и поцврста баш како кашата е сега мислев за утре да почниме со компир, но да не а стагнирам со какање? Некој совет со што да продолжам.
Јас му го давам авокадото 2 дена, тоа црното ќе го исчистиш. И на моево касно му се оброците сличн ок како тебе, јас мислам дека не е страшно ако се дава секој ден во исто време ќе му се направи навила, еве сега на пр. Иди 17ч бара да јади, не сака да цица давај му како што мислиш ти дека е најдобро. Од ко ќе јади во 17ч после само доење и вода му давам. @hello-kitty.90 е баш тоа ме нервира, што не го почитуваат твојот збор...јас сакам да му направам ред, да се знај кога спија, кога јади итн. @BabyT* јас не давав по 3 дена, по 2, а некогаш и по 1, немаме досега со ништо проблем, еве до 6 и пол месеци има пробано жолчка, јогурт, црешна, вишна, патлижан, бисквита, лебче..и никаква реакција на ништо нема. Немора толку строго. Јас од матичната добив совет и месо и жолчка од 6 да му давам.
Склона е кон алергии и затоа повеќе внимавам. А и не ми се брза да почнувам со цел оброк затоа сакам прво да ги проба основните работи по неколку дена, но не знам компирот да не и направи уште толку цврста столица.
@hello-kitty.90 Те разбирам, и јас го минав истото.. Не можеа да дочекаат да почне да јаде, па мораа од се да и понудат. Среќа што секогаш се врткам околу бебе па следам што и како и се дава. Тек кога тргнав на работа дознав дека се поопуштиле со давањето намирници, па спискав. Можело и без мекици Случајно сестра ми ја издаде свеки а и мајка ми што и давале. Сега да видиш како се слуша што ќе речам.. Последен пат потенцирав дека за мое бебе јас одлучувам што и како ќе јаде.
Баш оти ќе се навикне така, не знам да не грешам оти подоцна му се оброците. А како ќе биде кога ќе треба да давам и вечера? И кога ќе тргнам на работа, почнувам од 08:30ч. Затоа не знам дали треба уште од сега да го навикнувам порано да јаде...
Во МК после 2 та година во странство после 12+ Читам по групи некои и на 4 г им е страв да дадат. Јас дадов после 12+ Најдобро ти е кога ќе стане да му дадеш каша па потоа да цица. Авокадото го користам 2 дена само го отстранувам потемнетиот дел. Ако ти е страв дека може запек да фати следно воведи слива или круша.
Како да а приготвам сливата. И има врска што сум почнала со морков или може најизменично зеленчук па овошје. Извини те испозамарав.
Може некој од апликацијата бебе готвач да ми сликне што се воведува 8+. Ми требаат идеи што ново да внесам
Јас вчера и воведов грашок и тоа зрната ги лупев и мн малку ставив, повеќе кашичката беше на морковче, плус ја направив течна како супа. Ноќеска се уби бебе од плачење до 12 исто како кога беше малечка и имаше грчеви. Не знам дали тоа и беше реакција од грашокот или затоа што шетавме до покасно, па по пат почна да задремува и дома се расони, па не можеше да презаспие и се нервираше. Слушнав како и кркори меше на 2 пати и силно испушти гасовои, па можно е да и правеше гасови грашокот, ама толку од 5 лажички супа? Не знам дали денес да и давам пак, не ми се врви пак низ истото, а пак вака нема да знам дали беше од грашокот.
Пожелно е да му го смениш оброкот, т.е сабајле во 9 да има доручек. Секако до 9 најкасно треба да е изеден. Таман ќе си фатиш ред со следните оброци. Оти станува толку касно?
Шампињони дадов после годинка и од тогаш редовно јаде речиси секој ден. Речиси во секое јадење ставам шампињони. Тука општо не ги препорачуваат, но истражував многу по нетот и никаде не најдов зошто не се даваат на бебиња.
Не смета ако му давам каша прво од сабајле наместо да цица нели? Секако во текот на ноќта станува 2 пати за цицање. А станува толку доцна оти доцна и заспива, околу 23ч. Никако да заспие порано, пред некој месец почна вака и без разлика дали ќе има трета дремка околу 17ч или не, не заспива пред 23ч навечер. Сега се сетив, кога јаде овошни каши, и домашни и купечки, под десното око му се појавува црвена точка до големина колку ноктот на најмалиот прст. Ја има додека јаде, штом заврши со оброкот ја снемува. Некоја со вакво искуство? И кажав на матичната, ама не обрна многу внимание.
Јас го користам, го правам само со вода и додавам или овошје или зеленчук. Со јаболко и круша најмногу го јаде моево. Имам пробано и со брокула, или со морков...
Не смета, така и треба. Да станува во 6, секако прво ќе цица, ама вака, мора доручек. За да ди фатите убав ред, особено ако оди во градинка. За точката не знам што би можело да биде.
Е па тогаш, така ќе му давам. Во градинка нема да оди скоро, ама ќе доаѓа жена да го чува кога ќе почнам со работа здравје, па секако треба да си фати ред со јадењето. Мене највеќе ми беше да не му кратам од доењето оти млекото му е единствена течност, вода/чај никако не пие. Ама мора да се учи некако