Кисело млеко му имаш дадено? Ако да, можеш со тоа да ја измешаш. Јас ја воведов жолчката во ручек (зеленчук на пареа). Ќе ставев по малку на едно место во тањирот врз зеленчукот, па со лажиче ќе ја црпнев сосе јадењето и така со еден залак ќе ја проба Два три пати вака направив и сметав за воведена. И ден денес јајце така и давам, и го рендам во манџичка од зеленчук (без месо). За бисквити што прашуваше погоре, прво давав Хип, ама потврди се, па преминав на Лобело. Повеќе ги сака мојава (во ДМ ги има). И во млеко поубаво се топат дека се помеки
@happygirl Јас на батково мој директно од кревет кога ќе стане почнав да му давам кашичка ама има едно цицање во 6 саат. Почна и он касно да легнува ама ние сме виновни го влечкаме сегде со нас и шета до касно. Успешно воведов авокадо,вчера изеде пола авокадо со една банана,сабајле му дадов пола од половинката со една банана. Сега сакам за ручек уште полата да му ја дадам ама се мислам со што од зеленчук? Многу го бендиса авокадото со бананата,исто и житариците на хип ги сака со овошје му давам. Јајце и кисело млеко не брзам ќе му дојде многу во еден месец се,кај утнав и со глутенот мислам поубаво е полека да се воведува.
Да, и мојот цица околу 6/7 насабајле и продолжува да спие до 9ипол/10 саат. Не сакав и јас да брзам со жолчка, месо и млечни, ама Хгб му е послаб на бебо, и матичната ми препорача да почнам со овие работи. Ама проблемот е што никако не јаде зеленчук, и навистина не знам како ќе ја подобри кс (освен со капки). Многу се нервирам, од овошните каши јаде по 190гр, од големите тегли. А зеленчук воопшто. Кисело млеко не сум дала уште, иако матичната ми рече да маскирам со него во зеленчуковите каши. Блитва сакав денес да дадам со ориз, ама и тоа сигурно нема да го јаде. И еве сега се мислам за ручек после што да дадам со оризот и блитвата? Некое тркалце јаболко да ставам ли?
Стави малце на страна со јаболко и види дали ќе јаде па ќе домешаш уште. Блитва еднаш пробав да дадам и не јаде. Оризот исто така не го сака ама незнам ни дали му го погаѓам. Зимам на Холе и го мешам само со топла вода а читаму тука го варите.
Може и со овошје, со банана пробај. Имаше период кога мојот воопшто не сакаше да јаде зеленчук, па кога доаѓаше време за ручек ми се плачеше. Сама си смислував комбинации, една од тие беше печено јаболко,блендирано со тиква и батат на пареа, и одозгора му рендав жолчка и му ја давав да ја изеде во првите лажици. Така ем внесил нешто зеленчук, ем ја изел жолчката. Оваа комбинација јас не би ја јадела, ама ете кај него пројде. Сега ја комбинирам со зеленчук, најчесто со спанаќ и ориз, блитва, со компир, тиквица, тоа во тие денови кога нема месо.На пример јас од рецептите од бебе готвач на прсти би броела комбинации што моево би ги јадел. Така да мајка не се секирај, и јас се справував со нејадач на почеток, коси корнев и се нервирав, ама полека пројаде, со песни со лажги ама ке изеде скоро се. Трпение, спасение. Не е препорачливо да се комбинира жолчка со кисело млеко, заради калциумот во млекото железото од жолчката нема да може да се врзе во крвта. Но, доколку детето има добар хемоглобин и е плус нејадач, може да проба со кисело млеко, барем колку да ја воведе. Иначе бисквити и јас давав лобело на почеток, посебно тие со банана се превкусни, па купив хип сега ама се потврди и кога му давам во раче да јаде знае и да се задави од нив.
@sweet.november да, знам дека жолчка со к.млеко не се комбинира, ама бидејќи членката спомна дека нејќел да јаде бебуш, па колку за да ја воведе со лажичка-две. Не мислев цел оброк тоа да е, само к.млеко со трунка жолчка За бисквитите, да, Хип се ептен тврди, дури и јас едвај ги гризам. Со Лобело немаме мака, и мојата ги тамани тие со банана најмногу
Да прашам тука Малата додека и давав блендирано јадеше се. Сега и давам обично ситно сецкано за ручек манџа и месо и плука, ќе касни малце и ми прај не не со главчето и плачи. 1 год ќе прет сега. Овошје јади на парчиња, јади тестенини сецкани смоки бисквити се гризи џвака ама манџа никако. Уште да блендирам? Голема е.
Ма мајка на нејадач со се ке проба, само и само дете да стави во уста нешто. Моево имаше слаб хгб еден период, матичната ми вика обавезно давај му 4 пати телешко неделно, измеѓу жолчка ќе му даваш. Велам жено, детево не сака да помириса зеленчук, со што да му давам месо? Вели јаде банана, велам јаде, епа со банана ќе му даваш ако треба ама мора да внесува месо за да се подобри крвта. Среќа пројаде после помалце, иначе којзнае каква ќе беше таа комбинација
Како да и ги прам, стандард клавам кромид, морков, компир, тиквица... Месо телешко или домашно петле, две три зрна сол, водичка... Мене ми се грди не па нејзе. Само тестенини и млечни работи не можи да јади.
Исто е и моето, матичната ми вика да форсирам секој ден телешко месо, освен во деновите кога ќе давам жолчка. Како да форсирам кога бебо мој не јаде зеленчук Едвај чекав да потпорасне малку, а сега си викам ех што лесно беше кога цицаше само. Времето за ручек и мене ми е смрт, однапред знам дека што и да направам или дадам, ќе го фрлам после првата лажичка.
Мамички кај мене синчево само што наполни 4 месеци и почнав од вчера со по едно две лажички кашичка да му давам. Вчера ни беше прв ден му направив кашичка од мелен ориз и беше што може потечна и му дадов неколку лажички. Денеска му направив компирче варемо и морковче заедно пасирано исто потечно но уште му немам дадено чекам да стане. Може ли некоја да сподели што друго може да му дадам?
На почеток се воведуваат една по една намирница, и тоа една по два, три дена. Компир е 6+, можело со јаболче да почнеш, после морков, па слива, па тиквичка. Реално, рано е за јадење, оти само што поминале грчевите, желудничето се оптоварува со цврста храна за која уште не и е време. Дали даваш по совет од педијатар или на своја рака?
Почнав со зеленчук бидејќи читав дека ако поченш со овошје после нема да сака зеленчук пораи балгиоѕ вкус. Инаку не му давам за да јаде туку лишка по малце уште незнае да јаде и тоа по едно лажиче дали ќе изеде. Почнав на своја рака бидејќи сите мои пријателки што имаат бебенца почнаа полека по малце и со нив што сум правела муабет а и искрено не сака многу мелко да пие во последно време.
Јас после 10ти месец почнав да му ставам по некое зрно сол на првите неколку лажички, ќе се залажи дека соленко па другото ќе го изеде без сол. Имај среќа барем што цица, моево и тука ме измачи. На два месеци се одби од цицање, затоа што имав мн млеко почнав да се измолзувам и да го хранам од шише. Кога на 6 месеци реков доста е, ајде ќе преминам на адаптирано сега, мали не сака да мирисне ни едно адаптирано млеко, купи кутија, фрли. Сега ќе прави годинка, уште навечер станува за млеко по два пати, решена да преминам на кравјо веќе и да престанам со одмолзување. Пробувам деновиве му давам кравјо, колку да видам дали ќе го пие, ама кога направи една фаца за гадење... И сега сум во недоумица, да пробувам да го одвикнувам навечер од млеко, макар што пробав еднаш, плачеше многу и пак му дадов. А мене веќе ми се смачи да висам на пумпа, за градиве па да не зборам Избегав од темата и се распишав малку повеќе, ама морав да си ги кажам маките негде
Поминува низ скок во развој, а веројатно и sleep regression, промени во спиењето. Кај сите се случува истото во тој период, што не значи дека треба да почнеш со храна. Бебенцата на твоите пријателки и твоето не се исти. Јас би слушала педијатар. Иначе нема врска дека нема да го сака зеленчукот ако почнеш со овошје, зависи од детето и неговиот вкус. Некои сакаат повеќе зеленчук, некои овошје, трети месо. Секое дете е приказна за себе.
Па веќе еден месец ми прави така. Има денови си јаде убаво па деновк не јаде ама повеќе се денови кога нејаде убаво. И му давам само по едно лажиче на ден и тоа течно и денеа ни е втор ден и он само лишка не знае да каде повеќето го плука
По препорака на форумов земав Лобело, баш дека сите бисквити што ги видов беа со јајце и шеќер. Овие немаат тоа, а со 2 - 3 бисквитки даваат блажина, баш се вкусни, и мене што ми беше битно даваат текстура на кашата.
Тоа е тој период, од 3-4 месеци, може и малку подолго да трае. Не е причина да се брза со дохрана ако бебето напредува убаво.