Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Во ремедика ова сигурно ти го кажала Др Поп Лазарова? Премногу е, сите бебиња не накачуваат исто, знам и нас така ни кажа но секако дека не послушавме. Значи прво доручек па по два месеци и ручек. Ние сме супер вака, најважно е бебето да цица што повеќе а храната не за џабе се вика до храна значи дека не е храна до една година. Претеруваат искрено некои педијатри што се по шаблон бебиња сакаат
     
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    Немам давано маџун. Ништо корисно нема. Ама ако даваш види од тиквешијата, барем домашен е . Иако ако овој си го зеле и решила да даваш, давај.
    Муабетот ми е дека е само шеќер извриен.

    Можеш. Сите имаат некаков конзерванс.
     
    На Lolipop23 и Gaga.sk им се допаѓа ова.
  3. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Бебко има 5 месеци и 20 дена,сеуште само пробуваме вкусови,не го форсирам за јадење,иако по малку јаде,дали 50 гр.
    Убаво си качува килажа. Педијатарот ме советуваше веднаш кога ќе наполни 4 месеци да почнам да му давам да јаде и тоа секој ден нова намирница. Не ја послушав,почнав од 4 ипол месеци и тоа со 3 дена една намирница. Па правевме и паузи бидејќи го болеше стомачето. Сега пак бевме на контрола,си качил 600 гр,ме прашува дали јаде. И реков дека јаде помалку,дека повеќе пробува. А он мора да јаде вика, давај му ја кашата по двапати на ден,да има цел оброк,од 6 м ќе треба и месо да му даваш,па да има навика да јаде. :wasntme:
    И викам навечер многу често се буди. А вика,давај му за вечера од тие житарки на нестле или хип.
    И за крај ми вика забите му се попојдени,за да му олеснуваш олади краставица во фрижидер и дај му ја да ја глода,само во твое присуство да не му се скрши парче. :x

    И сега јас ли сум грешка што читам по интернет или ептен ми забегала докторката? А не е стара доктра,па да не знае дека работите се сменети.

    Туку од каде да знам дека бебе е најадено? Мојот почнува да кенка и престанувам да му давам,или можеби треба да бидам поупорна?
     
  4. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.926
    Допаѓања:
    14.635
    Пол:
    Женски
    Освен краставицата, јас се останато применувам. Бебе е 5ипол месеца. Јаде 3 пати на ден, од 30-130 грама, зависи колку и се свиѓа, ништо со сила. Давам и житарки навечер.
    За забите постојат глодалки што се ставаат во фрижидер, не би ризикувала да се задави.
     
    На hello-kitty.90 и АнеАце им се допаѓа ова.
  5. Mama993

    Mama993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    558
    Пол:
    Женски
    Бебе 9+ не ги сака месните каши! :( Пробав домашно пилешко,телешко,јунешко и зајачко месо,вкусни рецепти имам некои ми испаѓаа како паштета но сите завршуваат во канта. Секој втор ден варам месо и фрлам.
    Штом ќе лизне ја затвора устата и нема шанси да проба пак од кашата. Се обидов и со шприц да и пикнам во уста гледајќи цртани но не голта,исфрла со јазикот,плука,повраќа и тако даље! |(
    Инаку крвната слика е одлична, 9050 gr и 78 см е висока.
    Мајки,дали да престанам да ја малтретирам и неа и самата себе си,да престанам да и нудам месо?
     
    На АнеАце му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dina911

    Dina911 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Женски
    Какви житарки даваш за навечер?
     
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.926
    Допаѓања:
    14.635
    Пол:
    Женски
    Овесни снегулки, мислам од Виталија се. Наједноставните по состав што ги најдов во Тинекс. Ги правам со вода и малку овошје.
     
    На Dina911 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.926
    Допаѓања:
    14.635
    Пол:
    Женски
    Немам конкретно искуство на темава, ама генерално за воведување храна правилото е дека ако нешто не прифаќа, го паузираш недела-две, и после пробуваш пак. Не можеш сосема да не нудиш месо, ако сега добра е крвта не значи дека така ќе остане. Може да не и е омилено јадење, ама сите видови храна треба да се застапени. Јас сега истата мака ја имам со зеленчук, малата е 5ипол месеца. Овошје јаде еден куп, зеленчукот редовно го фрлам. Ама не можам само овошје да давам зошто друго нејке. Денес пола лажица, утре цела, малце шпо малце ќе се учи.
     
    На Lolipop23, happygirl и Mama993 им се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.200
    Допаѓања:
    24.610
    Пол:
    Женски
    Имам пишено и поназад, слични совети добив и јас од матичната за месо и за жолчка. Само за житарки не ми рече ништо. Зедов и јас од Виталиа овесни па ќе ги пробаме деновиве.
    Жолчка воведов на 6 месеци, сега е 6 и пол месо немам уште воведено но планирам од 7 месеци, имам баба и дедо на село ќе ми дадат домашен петел тие што го одгледуваат :) исто од таму јајцата за бебе :) уште да му речам за кисело млеко да ми направат домашно и супер (fingers)
    Биди поупорна јас некогаш и 40 мин го ранам, се дури не ја изеди цела тегличка од малите 130гр. Толку ни е мерата нас, по 1 тегле овошје, 1 зеленчук, од овошјето некогаш остава не го дојадува, а од зеленчукот некогаш бара уште, повеќе ми ги сака зеленчуковите каши :)
    Др недела сме на контрола па ќе видиме за килажата како е последно на 5месеци негде беше 10кг и 100г, сега баш ме интересира како е дали ќе стагнира малку или ќе качува.
    Денес ќе му дадам прв пат карфиол дајте некој предлог за комбинирање :?:
     
  10. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    1.729
    Пол:
    Женски
    Да прашам за жолчката.
    Прв пат ќе дадам во понеделник осмина и во четврток планирам осмина. Потоа од следната недела планирам по четвртинка итн.
    Кога се смета за воведена т.е. од кога можам нови вкусови да пробувам?
    И од кој месец можам глутен?
     
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    Кога ќе стасаш до цела тогаш се смета за воведена. А нови вкусови можеш деновите кога не даваш жолчка слободно.

    @lackygirl карфиол, компир и тиквица.
     
    На ludoto19, Coco31, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    23.777
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми исто не сакаше месо, само правев и фрлав. Тек сега после годината почна да јаде.
     
    На Mama993 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.696
    Допаѓања:
    24.090
    Пол:
    Женски
    Женски, од се ли правите компоти/замрзнувате овошје за зимото за бебињата?
    Јас направив компот од кајсии некоја тегла, замрзнав цреши и вишни, планирам да направам компот од праски и сливи. Друго што складирате од сега за зимата? Некој зеленчук, боранија на пример? Не јадам боранија и не ни знам кога ја има свежа, па затоа прашувам.
     
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    Боранија имав смрзната.
    Спанаќ и блитва исто ми смрзнува свекрва ми. Ги блашира и смрзнува. Брокула, карфиол, моркови сецкани во мали кесички за во една манџичка ми имаше смрзнато.
    Пиперки исто сецкани на ситно смрзнати.
    Прокељ исто смрзнат, грашак смрзнат. Ова имам во фрижидер па се сетив, друго сега не ми паѓа на памет.

    Иначе боранија има сега свежа.

    Од овошјето претежно компоти.
     
    На Coco31 и happygirl им се допаѓа ова.
  15. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.696
    Допаѓања:
    24.090
    Пол:
    Женски
    Брокула, карфиол, моркови нели има цело време?
    При бланширањето ставате ли сол во зовриената вода или не? Видов такво видео на интернет, ама веројатно може и без сол?
    Грашок исто не јадам, кога има свеж? Прокељ? Леле врска немам од овие работи, за срамота сум.
     
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    145.333
    Ваљда има.
    Кога наоѓаме нетретирани, зема повеќе и смрзнува.

    Може и без сол.
     
    На babydust и happygirl им се допаѓа ова.
  17. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Мајки киноа,просо и палента од каде и какво купувате?
    Треба ли на нешто да внимавам кога купувам?
    И тие овесни на Хип или Нестле добри ли се за бебе или имаат шеќер?
     
  18. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    7.053
    Пол:
    Женски
    Киноа, просо, палента од ДМ купувам на Био производите.
    Овесни на Хип му давам.
     
    На Dina911 и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Белката како ја воведувате? Исто како жолчката?
     
  20. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    7.053
    Пол:
    Женски
    Јас исто ја воведував како жолчката.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.