Јас ја воведов рано,на околу 10 месеци, прво со домашна кифличка премачкана со цело јајце. После почнав варено јајце да и давам, по малку на два пати.. Видов нема реакција, па почнав да и правам храна со цело јајце, палачинка или мафини..
Добро ве најдов Редовно ве читам, ама вие веќе имате затерано муабет и многу лесно си се разбирате и надополнувате. Гледам и од нашата генерација почнале со дохрана. Малата за една недела ќе полни 5 месеци, на доење сме и почнавме плус афаптирано пошо ни е малку. Некои работи не ми се јасни. Вртев по темата ама сам почеток на тоа што ми треба како информација не го најдов. Што се подразбира под поимот пробување вкусови, односно што се дава и количински колку? Дали постои некоја апликација, книга (освен бебе готвач) за начинот на приготвување и кои состојки. Читам просо, од каде го земате, како го приготвувате? Изгубена скрос, незнам како и од кафе да почнам..
Се додека на стасавме од оброк околку 80 грама и повеќе го рачунав како пробување вкусови. Најчесто сите почнуваме со по една лажичка од една намирница, вториот ден 2-3 лажички од истата. Третиот ден 7-8. Потоа четвртиот ден идеш со нова намирница. Јас лично почнав со зеленчук, компир, морков, тиквица, батат. Па продолжив со овошје, јаболко, круша, слива, банана... Ова вака пробување му траеше две недели. Потоа веќе имав воведено неколку намирници и полнав да правам комбинации и бебе да јаде поголеми количини каша. Потоа нова намирнива не воведував сама него во комбинација со веќе пробаните, во кашата му додавам по нешто ново на секои 3-4 дена. Пробувањето иде вака за да има време да се види дали ќе се појави алергиска реакција на нешто и се пробува наутро за да може да се реагира во тек на ден. Ако има реакција најчесто се појавува првите неколку часа. Ама продолжуваме уште два дена со исто за да бидеме на сигурно. И меше на бебе полека да се навикнува. Да не му биде шок на организамот. Од кога бебе почна редовно да јаде по 100-120 грама после 3 недели му воведов и ручек. Сега за доручек имаме овошје. За ручек зеленчук. Каши приготвувам домашни. Коа неможам да најдам непрскано јаболко зимам на холе од зегин. Просо, хељда, киноа, гриз, палента купувам од дм. А ги имаш и во сите поголеми маркети. Јас овие жита ги воведов од коа веќе имав воведено 6-7 намирници. И почнав со ориз, па палента. Пченкарен гриз дадов во 7ми месец бидејќи е со глутен Мислам дека тоа е тоа за почеток. Ако има нешто друго, прашај. Дежурни мајки има секогаш
Овесни снегулки. Првиот пат ги дадов чисти, како и сите други намирници, една две лажички. Сега ги давам со многу малку овошје, колку вкус да има, најчесто јаболко или круша, значи нешто не многу благо како банана.
Да во право си. Моја грешка. Пишував во 5 сабајле Нормално пред да се даде на бебе било што, обавезно состав се чита. За да не се потпираме на информации од интернет (во овој случај ненамерна грешка)
Мајки вчера и денес пробувавме праска, но после две три лажички почнува да се грчи и плаче. Претпоставувам дека ја боли меше... Дали утре да преминам на друго па после некое време да пробам пак со праска?
Уште пробуваме вкусови затоа и дадов само праска. Незнам дали може сега да измешам со јаболче тоа има пробано... Ама како да ја боли меше од праската нема ли да биде исто и со измешано
Па ти по јаболче на праска се даде остави праската за крај. Мене ми рекоа да ја дадам првиот месец, ама кон крајот.
Дадов кифла месена со јајца и не покажа реакција и почнав одма со цело јајце. Не може. Се воведува една намирница по 2-3 дена. Ако ти даде реакција нема да знаеш од што е. И жолчка кога се воведува не се дава друга нова намирница.
Procitav tuka deka nekoja clenka zema puter od Kam, ama ne znaev deneska koi da zemam. Moze slika, ako ne e problem. Ili preporuka na nekoj drug. I so sto e najdobro da vovedem gluten?
Јас земам на президент, несолен. Глутен воведов на 6 месеци со млечна каша спелта на холе. Неодамна Сајковски имаше лајв вклучување на фб, баш потенцираше дека глутенот треба да се воведе не порано од 4 месеци, и не покасно од 7.
Мајки каква тарана и јуфки давате на дечињата? Немам веќе некое време домашни, а малата обожава и не знам од која фирма да земам?
Од кој овес давате? Колку часа пред подготовка ги кисните снегулките? Со што друго освен со к. Млеко може да ги потопам, а да не е вода? Сакам со овес да воведам глутен, за една недела полни 8 м. И некои идеи за вечера чекам.. така како за поабни деца