Ве молам за подетални информации за процес на воведување на јајце. Како се воцедува, по колку, на која временска оддалеченост од воведување на осмина па четвртина итн. Ви благодарам однапред
На првата страна од темава имаш неколку поста каде е пишан редоследот на воведување, слободно прочитај ја претходната страна.
Веќе една недела имам воведено месо. Дали можи да почнам да воведувам жолчка или треба да има некоја временска разлика. Знам само дека не смее во ист ден.
Слободно можеш да воведеш и жолчка. Ќе идеш по редоследот по кој се воведува жолчката. Не е страшно и во ист ден да дадеш и жолчка и месо, но да не биде често тоа применето.
Исто ме интересира дали додека ја воведам цела жолчка смеам или не да воведувам други вкусови или пак мора да заврши шемата на воведувањето со жолчката па после да воведувам друго.
Слободно воведувај си и други намирници соодветни за возраста. Таман работа 1мес да не воведеш ништо дур ја воведуваш жолчката. Само ќе воведуваш измеѓу деновите т.е. не во денот кога ја даваш жолчката. Сепак најубаво е да се посоветуваш и со вашиот педијатар, може ќе каже поинаку или ќе те советува соодветно според вашето детенце. Сепак не секое дете е со иста историја и здравје. Зашто доколку се има алергии во фамилија, бебе има атопичен дерматит итн. тогаш воведувањето е малку повнимателно, па педијатарот ќе знае најдобро. Јас лично се дешаваше и во ист ден со жолчката да воведам и нова намирница.
Да да веќе видов фала ти. Прашањето ми беше поставено во темата: воведување на цврста храна, и потоа преместено тука. Не ја најдов претходно темава, и затоа го поставив таму. А тука си пишува се. Имај убав ден
Малце касниме, ама ние денес почнавме со воцедување. Му ја конбинирав со овошје и си ја изеде. За три дена ќе му дадам пак. А му давате за доручек или за ручек?
@Annath те означив тебе зашто сега на лупата за белка од јајце кога барав ми излезе твојот пост од пре 5-6г . Па и некоја од другите членки кој имаат над 11+мес деца нека кажат мислење. Белка од јајце кога може да се воведе. Жолчката по препорака од педијатар од 6+ја воведов. За 2недели ќе прави 1г малиот. До сега нема појавено од ниедна намирница нит алергија, нит црвенило, не повраќал и никакви реакции немал. Во фамилија нема никој на ништо алергичен. До сега овие 2недели има точно 2 пати јадено пита во која имало едно јајце во урдата ( пита со зеље и урда ). Реакција немаше никаква. Дали тоа значи дека нема да има и дека сум вовела или не? Дали може да почнам да ја воведувам или да почекам уште 2-3 недели? Прочитав дека на ист начин како жолчка се воведува,дека подобро прво да сум дала макарони или било која тестенина со јајце, омлет ( Анатах си дала омлет прочитав прво ) или директно да дадам малку варена белка?
Jas belkata ne ja voveduvav posebno kako zolckata, iako velat taka e najpravilno. Prv pat od vareno jajce skrsiv malo parce i mu staviv vo kasata i nemase reakcija. Posle pocnav da mu davam kiflicki, piti, jufki... koi vo sostavot imaat celo jajce, pa mu davav od nasata kajgana da proba, a nabrgu potoa pocnav po celo da mu stavam vo kasicki.
Воведена ти е белката. Јас на 11-12 месеци со двајцата ја воведов преку домашни кифли со цели јајца, после давав и домашни тестенини со цели јајца. После година дадов варено цело јајце.
@Lolipop23 , @Annath фала ви. Значи веќе да рачунам дека ми е воведена. Мислев според она прочитаното на темава дека како жолчка се воведува, ама ете можело и да не се воведува на ист начин. Ќе му дадам во понеделник ( утре недела не експериментирам ). А дали може омлет да дадам и пржени кришки со јајца или сеуште е рано?
Омлет и кришки после година. Можеш да дадеш, не дека не, ама не брзај. Пржи без масло или со минимална количина.
Само на утро за да следиш реакција. И дај ја с амо жолчката прво помешана со малку банана пример за да бидеш сигурна дека ја изела. Дури се воведува се дава на утро, од како ќе се воведе може и за ручек.
Веќе еднаш дадов осмина со банана и авокадо, сега утре втор пат осминка. Значи цел месец додека ја воведувам да ја давам наутро. Некоја друга комбинација со која би можела да ја дадам како појадок или да дадам со банана пак?
Да наутро за да следиш да не појави реакција. Може да ја даваш во појадокот, тоа што и правиш и плус жолчката, не мора само со банана. Ако си член во групите на ФБ побарај имаш доста комбинации. Мене овие информации од таму ми се само читам секој ден хахах. Ако не си член да барам јас па да ти пратам комбинации