Педијатарот ќе ви каже кога да воведете. Зависи од многу фактори...историја на алергии во фамилија, атопичен дерматит дали има или нема, здраствена состојба на бебе, крвна слика итн. Само педијатарот може да ви каже кога да се воведе. А, за начинот на воведување имаш на прва страна.
Да мила два пати неделно. Ја давав секој вторник и петок. Некогаш и отстспка правев ( ќе изумев па поместував за еден ден ). Цел месец воведував по шемата погоре. Ама за да си сигурна дека ја изела ( зашто мојов не секогаш го јадеше цел оброк ) жолчката со мал дел од кашата измешај ја и дај и го прво тој дел, па после остатокот од кашата нека ја дојаде. Вака ќе си сигурна дека ја изела жолчката. Наздравје да и е.
Мајки кога неможите да најдете домашни јајца какви давате? Жената која ми е проверена некогаш носи, некогаш не. Од други не ми се купува затоа што лажат дека се домашни.
Пред некој месец од таму кај што зимам јајца немаа некој 3-4недели. Тие 3-4недели недадов јајце бидејќи немав. Купечки недавам нит непроверени. Подобро да е без јајце во исхраната некој период дур ненајдеш проверени јајца,отколку да дадеш непроверени.
Треба да воведам жолчка По која шема да ја дадам,и со што да ја комбинирам,дали на страна или изблендирана со кашата ?
Jas davav dva pati nedelno po osmina,pa dva pati cetvrtina,pa pola ke davam pa cela.Eden mesec se voveduva.Jas nastrana ja mesam so banana najcesto.Za da bidam sigurna deka ke bide izedena
Јас давам 2 пати неделно, понеделник и четврток. Ти кога сакаш може. Прва недела 1/8, втора 1/4, трета 1/2 и четврта недела цела жолчка. Највеќе ја јаде со палента и јогурт/к.млеко, со компир, тиквичка. Некои со банана дават, јас не давам банана, има запек од неа. Исто и млечни не давам веќе оти дадеа реакција. Јас стасав до 1/2 и не знам со што да и дадам.
Макји гледам дека пишувате за жолчка, од колку се воведува и најпрво со што се комбинира. Ние сме 6+, и сме на АД.
Педијатарот кој го води детето ќе ви каже од кога. Не секие дете е исто ( алергии, дерматит, имунитет итн ) па затоа за жолчка само педијатар ќе каже. На своја рака не зашто е алергена.
Јас ќе ти одговорам. Ја раскршувам со прсти во дел од кашата и со вилушка убаво убаво мешам да се соедини. Нема да се задави, не се грижи
Сте забележале некаква кожна реакција од белка? Мојава има пробано производи што содржат цело јајце, почнав да давам белка, шема како за жолчка, немаше никаква реакција ама кога дадов пола белка имаше осип над пеленчето и малку на мешето, не бев сигурна дали е иритација од жешко или реакција од белката. сега се плашам да давам пак па паузирам. Имате некое искуство вакво? Осипот траеше два дена
Јас ја воведив за 10 дена. Така и ми рече патронажната. Два дена четврт, еден одмор. Два дена пола па одмор. Од почеток ја мешав со јогуртче настрана и прво и ја давав, после во каши. Супер прифатена. Сега давам ден месо ден жолчка и еден ден во неделата посно. Ја мешам или со палента или во зеленчуковите каши.
И ние воведуваме сега јајце. Јадевме жолчка 1/8 па два дена пауза па утре пак. Купив домашни селски, не го знам човекот ама која разлика се со купечките. Мислам дека и јас за мене нема да зимам веќе купечки. Ги разликувам јајцата растена сум со селски и нема шанси да не ги познаам и да ме прелаже некој. Имам и уште една опција. Инаки човеков е на буњаковец пазарот. Има одредена количина. Има и од гуска и од уше нешто беше... Сеа уште една 8на па 4тина така?
Првата недела 1/8 ( 2 пати неделно ) Втората недела 1/4 ( 2 пати неделно ) Трета недела 1/2 ( 2 пати неделно ) Четврта недела по целажолчка. Давав секој вторник и сабота кога ја воведував. Откако ја воведов скоро секој 2-3ти ден давав жолчка.