Првата недела 2 пати по 1/8 , втора недела 2 пати по 1/4, трета недела 2 пати по 1/2 и четвртата недела 2 пати цела. Се дава во деновите кога не се дава месо.
Јас прво со макарони ( не посни ) ја воведов, па пита ( во смесата имаше јајце цело ) , па после дадов пола белка, па после некој ден пак пола и после цело јајце дадов.
Нас ни остана уштњ еден ден да јадеме цела жолчка. После одма почнувате со белка или чекате после 1 година?
Обично после година се чека за чиста белка. Ако нема алергии во фамилија, може и пред година да се даде, 11+ со домашни кифли, тестенини со јајца.
Од септември. Таман ќе е 12+. Нема потреба од брзање сепак сте мали 9+. Ана ти кажува за не баш од прв ден од 11+ да дадеш кифла со цело јајце, полека полека ќе воведете таман ќе биде 12+ кога ќе проба чиста белка.
Порано се почнувало со четвртина, сега со осмина. По 2пати во неделата се дава, прва недела 1/8, втора 1/4, трета 1/2 и четврта цела жолчка.
Не би ти препорачала зашто се даваат живи ( но, сепак твој избор ). Внук ми ( од братучед прв детето ) на 3г од нив фати самонела и повеќе од 3 месеци по болници окапаа и еве и ден денес е под режим на исхрана поради самонелата. Но, сепак е твој избор. Ја лично термички необработено јајце не би дала во наредни 7-8г.
Имаше на телма пред некој ден, нутриционист кажа за јајцата од препелица дека варени ги имаат истите нутритивни својства како живите иако луѓето не го знаат тоа. Кажа дека јајце се вари 4-7 мин, не повеќе за да не ги изгуби својствата.
И варени се јадат јајцата од препелица, ист е бенефитот како да се пијат живи. Инаку може цело јајце после година, варено. @MARILENA @sofi2107
Искрено не сум знаела дека може и варени да се конзумираат. Немав сретнато таков податок и знаев само дека живи се конзумираат. Па затоа и бев скептик и после она што му се деси на внук ми немав намера да дадам. Но, чим можело и варено и ги има истите нутритивни своиства тогаш ќе му земам ќе му дадам. Фала на инфо @Annath и @wings Баш сега ќе прогуглам и ќе му купам
Dadov 1/8 zolcka so orivce, tesko i odese pa dodadov malku kiselo mleko pa si go izede. Sega vo sabota da dadam?
Mајки, жолчка дали може да секомбинира со кисело млеко или јогурт. Читав ама не ми е јасно. Некои викаат да , некои не нешто не се врзувало итн. Знае ли некоја мајка. Утре планирам да внесам, ама како фа ја искомбинирам за појадок, со овошје или некоја житарка или комбинација да ми посочите. Би Ви била благодарна.
Јас правам палента кисело млеко жолчка и путер. Убаво му е на бебе, моментално и готвам такво јадење.