Јас лично не купувам јајца , по тоа што ми имаат кажувано знам дека имало БИО јајца и кај нас , а колку е вистина дека има ете навистина не знам .
Nedelata koga voveduvate zolcka ne davate nisto novo taka? Mene pedijatarot mi rece preku eden den 1/8, pa 1/4, 1/2 itn do cela, pa nema slobodni dva dena za nov vkus
Јас давам купечки од маркет @macalavica по совет од педијатар. Ми рече дека домашните се појаки, поконцентрирани, па подоцна се даваат, после годинка. За почеток купечки, но да се од една иста фирма, да не се менуваат еднаш едни, другпат други. Баш ме интересира дали давате домашни јајца и дали имале бебињата некаква реакција од нив? Мене строго ми беше посочено да не давам домашни заради јачината Јас планирам домашни да давам откако бебка ќе проба и белка, засега сме само со жолчка, рано ни е.
Јас дадов жолчка од селски јајца, прво 2 пати 1/8 па 2 пати 1/4 и толку, сега се мислам да продолжам со купечки бидејки сески неможам да најдам.Бебе немаше никаква реакција.
@macalavica па штом од селските немало никаков проблем, мислам дека од купечкиве па ич ќе нема. Јас би дала за да не го прекинам воведувањето штом сте стигнале до 1/4 Едит: Да прашам, за белка морам ли да чекам до година или може малку порано? И како се воведува, да дадам директно продукт што содржи цело јајце, или постепено се воведува како жолчката?
За белка педијатарот ми рече дека исто се воведува по шема како и жолчка, после 1 година,преку еден ден, 2 пати 1/8, па 2 пати 1/4, па два пати 1/2 и после цело јајце.
Јас воведов на 11 месеци точно преку кифлички,не ми покажа реакција и следниот пат цело јајце му дадов
Од старт и со двајцата почнав со домашни јајца, си имаме ние кокошки. Реакција никаква немаше. Малово секој втор ден јаде варено јајце за појадок. Нема логика да се појаки, кога домашниве кокошки се пуштени слободно да шетаат, не се хранат посебно, нема концентрати и хормони. Барем нашиве. Јадат поинаква храна и не толку богата како овие што се хранети со концентрати.
Јас давам селски цело време. Освен хормони, не гледам зошто би давала купечк пред донашни. Ми носи по еколку неделно колешка на работа. За не дај боже имам нарачано и од бе орг.
Јас немам домашни, немам од свој да земам, а не ми се земаат од било каде. Во Бе орг какви се @kukla21 ?
@Sexybaby86 за белка мене педијатарот ми рече да воведам преку нешто шт о содржи белка,пример кифличка. Ако нема реакција значи е ок. А за јајца и јас купувам домашни само,мене ми дадоа па контра совет.
Сите различно кажуваат, затоа јас ја слушам само Симонида. Нејзе одбрав да ја слушам, ни матична, ни никој друг, оти не можам крај да им фатам @eli25. Да имав проверено место од каде да земам, би земала, ама од пазар не ми се купува, што ги знам какви се, а и Симонида вика дека за почеток подобро е со купечки, во смисла дека нели се контролирани при производство и сл. За понатаму и она вика дека треба домашни (откако ќе се воведе цело јајце), па еве уште белка да воведеме и да барам некој проверен за домашни јајца. Кокошки земаме домашни ние, ама од Куманово, јајца од таму не можам да носам до Скопје, штознам...
@Sexybaby86 давам само домашни и јас имам чуено дека се појаки, ама како појаки немам појма. Педијатар ми рече ако имаш сигурен извор за домашни такви давај, ако не како и тебе ти рекле така и Драгана кажа. Ако од Ку ти се сигурни зошто да не би зимала, ако е ептен тазе и две недели во фрижидер може да седат, они може и повеќе ама ај нели е бебе. Јас воведов белка преку кифличка, несвесно му ја дадов, па му дадов уште 2-3пати ден за ден и немаше реакција, па наредно му ставив 3тинка белка, денес повеќе од пола ќе е, па задутре цело јајце. Не знам некако не ми идеше цела од старт да ја дадам, па вака решив, а никој не ми посочил како, уствари не сум ни прашала
Ок. Како органски се продаваат. На лик не се лични, ама убави се на вкус. Мене Станка ми има кажано не мора да се следи 1/8, 1/4 и сл. Битно е да е малку по малку. Тоа осмини, чеѕвртини го смислиле како шема за "малку по малку".
И јас така ја воведов по некоја моја шема, до цела не сме стигнале, нареден пат ке биде цела Јас со тикварник и ја воведов, дадов некоја лажичка да проба..