1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување нови предмети во образовната програма

Дискусија во 'Образование' започната од Go-Girl, 11 јуни 2010.

  1. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Се мислев како да ја поставам темава, па еве да го појаснам насловот, се работи за нови предмети кои се воведуваат во образованието како што се веронаука, култура и религија. Можеби има и други но во моментов не ми текнува па еве можете вие да ме надополните и да дискутираме во насока дали се потребни одредени предмети, кои треба да се исфрлат од образовната програма, а кои според вас да се додатат?
    Конкретно кај нас за воведување на веронауката и компјутерите во образованието имаше дебати. За разлика од нас во други земји образованието има завземено една друга насока и има опфатено повеќе области од животот и постојано се воведуваат нови и практични предмети. Еве еден пример кој го најдов и лично мене премногу ми се допадна :)

    Во Британија, во рамките на владината образовна програма, тинејџерките ќе имаат можност да научат како правилно и удобно да се движат на високи потпетици. На учениците од неколку британски колеџи им е понудена 6 неделна обука под името "Sexy Heels In The City", во рамките на која 16-годишните ученички ќе можат да научат вештини важни за "подобро снаоѓање во деловниот свет и друштвениот живот".
    Обуките ги води Чајна Вајн, поранешен придружен вокал, која е убедена дека нејзиниот живот бил грозен затоа што од мали нозе не се научила да се движи на високи потпетици.

    "Целта е девојките да научат подобро да се движат во штикли.

    Колку порано младите дами ги совладаат потпетиците, толку животот ќе им биде подобар понатаму, како на деловен, така и на приватен план", вели Вајн.

    "Носам високи потпетици и со задоволство би сакала некој да ме научи што побезболно да се движам во нив, но мислам дека во средно училиште подобро би било да учиме илјада други нешта кои се многу поважни во животот", смета една од противничките на програмата, успешната деловна жена Анет Лис.

    Ученичките кои веќе ја поминале обуката не се согласуваат со тоа.

    "Откако започнав без проблем да се движам во штиклите имам поголема самодоверба. Драго ми е што ги посетував обуките", вели 16 годишната Селина Мистери за "Telegraph".
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    :D колку интересно да те учат како да одиш во штикли :D многу ми се свига ова ;) незнам мислам би требало да се додаат култура,веронаука како што спомна ти,ама врска незнам кои предмети би ги исфрлила :^) најмногу ми се свига да има во училиштата предмет култура ;)
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Јас сум за сексуално образование, навистина малдиве многу рано започнуваат да практикуваат секс, а појма немаат ни како да се заштитат, ни како да одбијат некого.

    Мислам дека треба малку да се обрне внимание и на животните вредности, сега сме во капиталистичко општество , ама тоа не значи дека младите не треба да се научат на Етика. Младите гледаат од родителите, тие пак трчаат по профит...а каде е тука моралот и одговорноста на која треба да се научат?

    Во однос на Веронаука, мислам дека треба да биде вон школска активност, бидејќи ние сме декларирани како секуларна држава. Тоа значи дека религијата е одвоена од политиката. Ако влезе религијата во школите , тогаш влегува и во образовниот систем кој е под дирекција на владата.
     
  4. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    74
    Се согласувам со тебе се до делот за Веронауката. Мислам дека им е потребна Веронаука на младите, така би ја запознале својата вера и верата на своите соученици и поради тоа мислам дека треба да се воведе како задолжителен предмет. Убаво би било да се знаат и нивните обичаи и верувања. Поздравче.
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Јас не сум против веронауката, туку против начинот на кој таа се воведува. Сметам дека не треба да биде дел од оние триесет и неколку неделни часови, не треба да се оценува тој предмет. Мислам дека треба да се воведе како некоја секција или воншколска активност, како некое семинарче или слично. Мислам дека не треба да се меша со часовите кои имаат образовен карактер туку да биде час со информативен карактер.
     
  6. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    74
    Те сфатив мила што сакаш да кажеш, само напротив, јас пак мислам дека би требало да се воведе како задолжителна :) Но кој не прашува мене или тебе, нели? :lol: Поздравче :)
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Туку да не земат во министерство за образование, да ги оправиме малку ;)
     
  8. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    74
    Хахаха па и да ти кажам право не би било лошо :lol:
     
  9. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    сексуално образование не треба туку МОРА да се воведе во програмата :!: ....и тоа не во средно туку во основно образование зошто децава се СЕ понапредни па барем нека се образоваат да знаат кои се последиците од нивните активности и да бидат свесни за тоа што го прават како резултат на нивните зовириени хормончиња :)

    исто е убаво да има обуки, немора часови кои ќе ги слушаат цела година туку ете обука која ќе трае одреден временски пероид за најразлични областо од животот кои ќе им бидат од корист понатака :)
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    може многумина нема да се сложат со мене,но наместо воведување нови предмети ја сум повеќе за продолжени часови на старите,а не луѓе факултетски образовани,да не знаат да решат квадратна равенка,да не знаат правопис или пак да не знаат историја на македонија...а ако веќе толку сакаат нови предмети,тога е најубаво тоа да бидат јазици и компјутери,а не веронаука и слични глупости,за тоа и онака има многу литература,кој сака ќе седне и ќе си чита
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    јас не сум за отфрлање на веќе постоечките предмети. предметите се ок и времето за нивно изучување е прилагодено. ме нервира и сметам дека не треба да има веронаука и религиски системи тоа што збореа дека ќе се воведе. тоа е чиста глупост. меѓутоа треба да се размисли и тоа под итно за сексуално воспитание како предмет и тоа уште од 5 то одд.
     
  12. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    фемина90 ќе морам малце да те поправам бидејќи имам во непосредна близина личности кои се во основно училиште и можам да ти кажам дека македонски и математика имаат сосема доволен фонд на часови, но тие пропусти во знаењето се поради односот професор-ученик кој верувајте е тотално изменет последниве години и лабавиот и несоодветен начин на предавање и оценување, секоја чест на исклучоците, но повеќето се да не кажам лоши ама далеку од професионални :!:

    можеби треба да се направат некој вид на пакети со повеќе слични предмети кои ќе им се дадат на учениците да ги изберат и сами да се насочат во која област ќе ги продлабочуваат знаењата (во повисоките класови), но се разбира оние основните мора да се изучуваат :) и паралелно со тоа да се организираат секаков вид на обуки и предавања за различни теми кои во таа воздраст ги преокупираат и имаат безброј прашања кои им се вртат низ глава :D

    вака некако...сопред една ваква шема мислам дека образованието би било покорисно и поинтересно за учениците 8)
     
  13. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Лани и оваа година стигнав до такви предмети `Животни вештини` и `Вештини на живеење`. По предметов `Животни вештини` учевме да плетеме и да правиме овошни салати. За вештини на живеење одржавме од цела година само 3 часа и тоа пишувавме нешто што воопшто немаше врска.Едниот час пишуваме за владата и нејзиното значење другиот час за општината и што придонесува таа.Три недели пред да се распуштиме ние пишувавме прашања кои ќе сме му ги поставеле на министерот за образование.(тие прашања заминаа во кабинетот на наставничката кој подоцна ќе се фрлат).Немам ништо против да научам нешто повеќе но не на тој начин.Секоја година ќе додаваат предмети кои од цела година 5 часа ќе се одржат а другите ќе ги преседиме како празни часови или пак ќе замениме со нешто друго.
    Па подобро нека стават некој час од кој ќе научиш нешто повеќе а не правење салати тоа и дома ќе ме научат да бидеме искрени