на фокс лајф ги даваат истовремено и 5та и 6та сезона.. 6тата сезона (кога Омали е мртов) ја даваат во четврток навечер- денес имаше 2 епизоди почнувајќи од 21 часот.. а 5тат сезона мислам дека ја даваат во викенд.. истото се случува и со очајни домаќинки, истовремено даваат и понова и постара сезона од серијата.. еве провери тука за термините: Спојлер http://foxlife.foxchannels.rs/programme/
Сфатив што ми е грешката! И минатиот четврток давале сигурно 2 епизоди а јас ја гледав само едната со свадбата на Изи, сигурно во наредната епизода загинува О Мали
Спојлер Знаев дека Овен нема да може туку така да премине преку абортусот. Уф, распад е на повидок. Добра епизода беше ова.
E стварно беше безвезна епизодава. Спојлер Што ако, ама тепање на време само, колку да се направи епизода. Глупости живи. Ме изнервираа.
Значи дефинитивно немаат идеја како да ја продолжат серијава штом стигнале да снимаат "What if" епизоди
WoW колку различни вкусови имаме. Мене ми се допадна епизодата и ме замисли. Башка и поучна е. Џабе цел живот (некои од нас) го поминуваме само мечтаејќи или прашувајќи се Што ако, кога ако треба нешто да се случи или ако треба да си со некој, и по различен пат да тргнеш, на крајот ќе ви се спојат или работите пак ќе истераат така. Ова го кажувам оти верувам во тие работи, што не значи дека сите треба да веруваат Како и да е, мене епизодава ми беше освежување. Интересна ми беше идејата да ги видам глумците во малку поразлични парови.
Покрај сите тинејџерски серии оваа ми е единствена со позрела тематика, брачни проблеми, проблеми со деца, борбата за работното место итн. Не ми е само тепање време, некогаш влечам и поуки. Мене ми беше интересна епизодата. Потполно се сложувам во д.Дарла, да не го повторувам пак истото. И пак ја пуштија песнава, што ми стана омилена од кога ја слушнав прв пат во серијава. http://www.youtube.com/watch?v=y2F3M4Z8xJ0
и јас ја гледам серијава и тоа почнав од 1 сезона сеа сум 2 при крај на фокс лајф никако неможам да се снајдам па боље си е на нет така
Полудена сум по серијава, тоа не е нормално ... Којзнае колку пати по ред сум ја гледала ... Моментално сум на 8ма сезона, ама редовно си ја гледам од почеток Само ќе ми биде многу криво ако за 9та сезона (која е потврдено дека ќе ја има) главните ликови не си ги продолжат договорите и си отидат... Сепак, би ја гледала и без нив
оти не излезе нова епизода од греј ни од прајвет практис???имат пауза??? аман ако имат доста вампирите ги чекам сега и овиеее
Не ја гледам како што ја гледав порано.До трета сезона мислам епизода немав пропуштено.Но од толку чекање да почне четвртата сезона на некоја програма,ја запоставив.Пробав нешто летоска да ја гледам,ми беа интересни некои епизоди ама не ми го задржува вниманието многу.Некако многу почнаа да ја тупат а особено со таа врска на Мередит и Дерек,постојано имаат некои проблеми па се разделуваат,па пак се заедно.Многу сезони направија и одамна се изгуби сјајот на серијата според мене,требаше со четврта-петта да завршат.Омилен лик ми е отсекогаш Алекс.И Меридит и Дерек ги сакав ама сега ми се многу глупави.Кристина ми е одвратна а и Изи почна да ме нервира.
Спојлер Па, изгледа толку беше од Овен и од Кристина. Со кого ја изневерил? Можно ли е да е со Теди? А баш ми беа супер пар и колку нешта поминаа...
Спојлер Што знам мене не ми се верува да е со Теди ,затоа што Теди не разговара со него после смрта на Хенри колку што се сеќавам
Да, ама затоа и би било шокантно. Не знам, баш ме интересира. Не знам која друга би дошла во предвид.
Ја обожавам серијава, до 7ма сезона сум... Малку да се ослободам од обврски и одма ќе се стационирам пред телевизор!
Спојлер Не ми се веруваше дека Овен ја изневери Кристина. Искрено се изненадив, негативно. На најјпринципиелниот лик од сите успеаа да му стават дамка. Не верувам дека е Теди, пошто стварно беше огорчена, плус има големо почитување кон Кристина.
Спојлер Не ни се верува, ама обично така испаѓа. Ќе се карат, расправаат мразат и од мака и огорченос ќе се иссексаат