Изгледа ке треба да се стегнам и последните 3 сезони да ги изгледам ... пошто се одложувам а не треба до толку да собирам една од поубавите тв серии кој ја започнав да ја гледам на прекрасната ТВ НОВА(хрватската) хехех до крајот на ЈУНИ ке мора да ја изгледам си давам рок !!
Спојлер Значи Шонда ја претера овој пат. Разбирам дека драматичните завршници на сезона и се слаба страна, ама аман жено сите ги умре. Од сите Лекси најде, пошто малку тауми преживеа Мередит па сеа и сестра и требаше да ја смачка авион. Башка ми беше еден од поомилените ликови. Вистинско освежување беше кога се појави во 4-та сезона и е единствениот лик од новите што го прифатив како да е таму од прва сезона. Луѓево во серијава испааднаа најголемите малери што некогаш постоеле. Се на се финалево беше едно огромно разочарување, прво заради исходот, а второ заради нелогичностите. Прво ако веќе реши да се сруши авионот, една жртва само? Авионот распаднат низ цела шума, а сите свесни и со по некоја скршена/изместена коска. Дерек што цел живот оди по шуми и кампува не може еден оган убав да запали? Ја остави Мередит несреќата со последните 5 шкорчиња. Цел ден никој поим нема дека авионот се срушил и никој не приметува дека воопшто не е ни слетан? Којзнае каков ќе биде стартот на новата сезона, може уште некој ќе умре од внатрешни крварења ако не продолжи договор. Пола од првата постава си отиде, на граница сум да не ја гледам веќе серијава, а омилена ми беше. Уште Јанг фали да ја снема и дефинитивно не трошам време со префорсираниве драматизирања.
Спојлер Лекси умре како што претпоставува Али сцената со Лекси и Марк ептен беше тажна баш ми беше мила не требаше вака да ја тргнат од серијава ,можеа Кепнер или некој друг да напраат да умре ,сеа со нетрпение ќе чекам новата сезона баш ме интересира шо ќе се деси после несреќава
Како заврши сезоната Спојлер Ни на крај памет не ми беше дека Лекси ќе умре, сцената со Марк стварно беше ептен жалосна Ако во наредната сезона умре и Марк ќе биде ептен морбидно роматичарско Ромео и Јулија момент. Добро е што барем Теди нема да ја гледам во наредната сезона најомразен лик ми е таа после Кепнер. Бејли конечно со маж каков што заслужува покрај неа Јас мислам во наредната сезона Кепнер ќе биде бремена од Џексон затоа не го убија нејзиниот невротичен лик. Само се надевам нема да го повторат сценариото со Бурк кога не му функционираше раката само сега со Дерек во главната улога
Мене сеуште серијата ми е број еден, иако да претераа малку со трагедии... Дерек ми е совршен маж, сакам со таков и јас да се омажам Спојлер А сто посто ќе биде така со раката не може да оперира, па депресија ова она
Спојлер нај разочарувачка епизода ,изгубив секаков интерес за серијава.сите умреа едвај се помирив со Лекси, и сега мораше и На Аризона да и ја исечат ногата?? Ама нај многу жал за Марк ми е не мораше и него да го умрат.шо направија од Бејли?? И ја сменија улогата за 360 степени,не можам да ја замислам онаква.арно Алекс и Ејври што се уште тука, мада што ич не му стој тегет боја и Ејври под хитно да ја избричи главата.И да се надеваме во иднина нема никој да умри Please не читајте ако ја немате гледано 1 епизода од 9 сезона
Ќе беше нереално ако од авионската несреќа имаше само една жртва, ама првата грешка беше што воопшто и текна за госпоѓава режисерка за такво финале. Не дека Марк ми беше којзнае каков лик, ама беше тука од втора сезона и фино си се вклопи во сценариото. За Лекси ми е сеуште криво, исто и за Џорџ, Изи, Адисон. Не ми се верува колку ликови од првата постава ги нема, ама за сметка на нив Април неуротичната сеуште е присутна. Искрено порано серијава изобилуваше со некој чуден хумор, далеку поинтересни случки имаше, коишто сепак се вклопуваа во делумно драматичната страна на серијава. Далеку од тоа дека сакам се да е розево и нереално, ама што го претераа - го претераа. Ќе си ги пуштам сега од прва сезона да се потсетам зошто со години ми беше една од омилените серии. Се надевам дека оваа сезона ќе биде последна, затоа што очигледно инспирацијата им отиде по ѓаволите.
Греј претходната сезона, значи не новава , финалето ми беше најлошо.Абе на другите дури желуднико тме болеше Ама серозно, некако на брзина ми ја убија Лекси ...АЈде новава да видиме. Многу ме изненади Аризона со сакатената нога, не очекував, а баш се мислев што и се има случено што не ја даваат
Серијава стана... морбидна. Само смрт, луѓето умираат на сите страни. Се надевам ќе се навраќаат на несреќата, вака многу бегло преминаа преку Лекси и Марк. Новата Бејли не ми се допаѓа. Не и личи да биде така весела.
Да, рекоа дека втората епизода ќе биде навраќање на тоа што се случи во шумата. Мене ми го изгуби шмекот серијава. Нема кој од докторите не останал осакатен, дали емоционално, дали физички. Порано што убаво си беше, сите нормални, со доза хумор. Подобро беше кога лечеа пациенти, а не меѓу себе. Шонда, Шонда...ако не знаеш да задржиш актерска екипа, не прави серија!
Ја распарчи серијата, масакр и направи Шонда. Подобро да немаше ни 9та сезона. Ја изгледав втората епизода и тешко ми стана од толку смрт, толкава болка...
Многу ми е тешко што после 2 изгледани епизоди од 9сезона морам да кажам дека не ми е повеќе омилената серија
Аман бре луѓе, толку ли е лошо?! Не ми кажувајте ова беше реторско прашање. Јас едно време ја гледав па престанав, па пак почнав и сега сум на седма сезона, има време до деветта, ама не ми се допаѓаат коментарите. Некаква шума, умирачки... Лошо. Ме разочаравте сега.
Почекај малце, дај и шанса на серијата.. Сме гледале 8 сезони и убава ни била нема смисла сеа да и откажеме љубов. Малце и мене ми е нејасна.. Се понадевав денес дека Марк магично ке оживее.. или дека првата епизода било нешто сон, без врска. У глава ми дојде некоја идеа дека девета сезона ке ја тераат наназад.. пошо или имам некоја дупка у меморија, или не кажале зашто и како се сруши авионот, или па кај идеа со тој авион? Не ми замеравајте, премногу серии гледам. Немам живот ^ И можеа да ги пратат докториве да работат у друга болница ако им завршил договорот со серијава.... место да ги умираат!
Можеби јас сум единствената, ама ова е серијата која единствено не ме разочара и е една од ретките серии каде не може да се предвиди што ќе се случи следно, реално мене тоа ми се допаѓа, Мередит Греј е главна улога, таа е нараторот, а сите останати се заменливи. Иако мое мислење е дека серијата ќе беше мн. подобра доколку во авионскава несреќа Лекси и Ејприл си ги заменеа местата, исто Марк и Ејври.
Иако сте во право што ја претераа со умирања и трагедии, секогаш ке ми биде серијата омилена, поради таквите драматични настани е интересна, поради цитатите на Греј на почетокот и на крајот од серијата, а највише поради Дерек е него да го умреа немаше да им опростам... Tantica сега ке бидат актуелни Лекси и Ејври, ке си се засакаат, а и убавки ми се некако