Вовед во анатомија (Grey's Anatomy)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од baguf4e, 2 септември 2010.

  1. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    " Подобро беше кога лечеа пациенти, а не меѓу себе. " некој пиша погоре, и ептен ми се бендиса. Токму така е. Многу на меѓусебни односи се сконцентрираа, дајте ајде некој пациент, несреќа....што и да е, ми преминува серија во стилот на дејс оф аор лајв или јанг енд бјутифл :)
     
  2. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    И мене почна да ме нервира серијава, се некако глупости се дешаваат само смрт и болка за главните личности.
    Порано со мерак ја гледав а сега ради реда
     
  3. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Епа ќе одмараме оваа недела од трагедии и умирачки. Следна епизода тек на 19ти.
     
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Само што ја изгледав првата епизода од 9та сезона и сум запрепастена!
    Значи прво, единственото нешто што никогаш не се смени во оваа серија цели 9 сезони се Кристина, Мередит и Алекс. Кристина секогаш ќе ми остане лик кој ја прави посебна оваа серија, Мередит и Алекс исто, старата екипа, заедно, најдобри се!
    Верувам дека Кристина ќе се врати да работи во Сиетл.

    Марк Слоун, Мик Стими, Боже мој, колку го сакав овој човек (не се чудете, јас се соживувам буквално со серијава!), значи зар не можеа да не поштедат од трагедија голема, и да го остават бар него жив, каде Лекси му ја умреа, а беа прекрасен пар, Лекси 8мата сезона беше вистинско освежување и ја умреа, а сега во 9та и МАрк?! Искрено, кон што води цело ова?
    Шонда се самоуништува според мене.

    Бејли?! Што по ѓаволите ти се случи?
    Не ти стои ова среќна насмевка без доза иронија во гласот, без озбилниот поглед и проклето доброто викаљњ по сите во болницата!
    Сфаќам дека сексот ти е погоден и конечно маж совршен си најде ама дај врати се во форма, старата Бејли беше милион пати подобра!

    Дерек, не би да го коментирам, жалост, нема знаци на живот ни кај него, се надевам ќе се подобри бар кај него тоа...

    Кери, и таа ми е омилена, си остана и она доследна, се труди да биде јака, ама Аризона која патем од секогаш ми била антипатична, уште со тоа ролерките коа се возикаше низ болницата, ја обесхрабрува, каде е сега кога и треба најмногу помош?
    Лежи и ја жали ебаната нога, а Марк умре, биди среќна што си жива кучка мајке ми.

    Морав да напишам, ми олесна уфф.
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.224
    Допаѓања:
    25.832
    Пол:
    Женски
    ептен лош почеток на 9-та сезона, и требаше втората епизода да оди прва,а не како што ги дадоа :!: не ја знам причината за Лекси, зошто ја умреа?? ама пред 2 дена слушнав на радио за Eric Dane (Марк Слон) дека заминува да снима нова серија и за тоа неговиот карактер умира тука,макар што јас мислам не мораше да умри,можеше да замини демек во др.болница или држава да работи или нешто слично :)
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    12.376
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто некој би вложил пари во снимање на последнава епизода. Буквално ништо не се случи. Ме нервира што ништо не е средено меѓу Кристина и Овен, а особено она што отиде далеку. Однесувањето на Аризона е крајно детско и иритирачко. И не ми е јасно зошто бре не ја спомнуваат Лекси? Минатата епизода само се спомна дека животни ја јаделе. И толку. Требаше повеќе.
    Аман, нека им се случи нешто добро на луѓево веќе.
     
  7. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Незнам за вас ама мене серијава ептен ми стана досадна. Пораноп едвај ја ќекав да ја гледам, а сега не можам да ја гледам, досадна е! :)
     
    На SimonLimon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Промото за 4епизода :)
    http://www.youtube.com/watch?v=zZgMF6r7SQc
     
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    12.376
    Пол:
    Женски
    Знаев, знаев дека Кристина ќе легне со тој глупчото. Аман, нека ги средат работите помеѓу неа и Овен. Бива, или не бива, вака не ми се бендисува.
    Епизодава не беше целосно лоша, подобра е за разлика од претходните. Штета, изгледа толку од навраќањето на авионската несреќа и причините за неа.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува да биде толку, се даде се тоа на истражување, па најверојатно понатаму ќе се објаснува.
    Добра беше епизодава, имаше малку од стариот сјај, се надевам само дека така ќе продолжат.
     
  11. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Значи ја обожавам серијава!Малку сум поназад, стигната сум до 7 сезона, 19 епизода но периодов имам доста слободно време па се надевам ќе ве стигнам за да можеме да си коментираме. :)
     
  12. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Убава епизода, се изнаплакав на крај не очекував дека тоа ќе се случи ;(
     
  13. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Да и мене ми се допадна епизодава :) Ме потсети на тие стари епизоди, што толку многу ги сакав.

    Во срце ми е серијава значи! Од самите ликови до саундтрак-от.. све је прфект.
     
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    12.376
    Пол:
    Женски
    Се враќа серијава во стариот сјај. Убава епизода, иако акцентот беше ставен само на Мередит и Кристина. Редно беше да се врати. Само пак имам замерка за неразјаснетите работи околу несреќата.
     
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    Ќе се разјаснуваат во текот на сезоната, барем така мислам. Многу ќе ни дојдеше одеднаш и онака првите 2 епизоди беа ту мач.

    Жал ми падна за дедево, интересен лик беше, се надевав дека уште некое време ќе го гледаме. Одличен спој беа со Кристина. Ама па од друга страна, ништо повеќе не ја врзува таму, сфати дека не може да ја избегне смртта каде и да оди, па најверојатно нејзиното доаѓање во Сиетл не е само кратка посета.

    Другиве ликови некако ги запоставија, секоја епизода се фокусира на одредени 2-3 лика. Минатата епизода се вртеше околу ногата на Ариозна, а во оваа ни ликот не и го почажаа :?: Малку ми е чуден концептот на епизодиве, ама битно е што пополека се враќаат во нормала.

    Инаку очекувам да почнат проблеми и на работа. Одеднаш сите станаа бед ес хирурзи, мора да направат некоја опасна грешка сега кога се на своја одговорност.
    А се надевам и дека Мередит ќе сфати дека и го прави истото она на Зола, што мајка и и го правела на неа кога била мала. Порасната во болници, чувана од кој стигне. Гледам нешто се труди, пржи рибини стапчиња за групата во градинка, ама малку и фали да се пушти по истиот пат на Елис.
     
  16. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Полека полека се враќаат во стариот колосек ,го повлекувам зборот дека не е добра сезонава ,епизодава ептен ми направи мерак :)
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    Уф, си пуштив некоја солза кога се гушнаа изопачените сестри.
    Добра епизода, ми падна жал за старчето, ама умре и како што живеел, со скалпел во рака,
    Добри се, се оправаат.
     
  18. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Уфффф конечно ја изгледав и 5 епизода од 9 сезона и сега ќе чекам епизода по епизода!
    Незнам дали само мене но Меридит некако во оваа сезона ми е многу разубавена и секси а Дерик некако оружнет.Лелеее куќата им е прекрасна,а погледот е волшебен.
    Мене лично многу ми фалат старите ликови и многу тешко се навикнувам на нови(таква сум и во приватен живот).Многу ми е криво за Лекси и Марк а и Тери си отиде(иако читам дека на многу не им се допаѓаше, мене ми беше фер играч и со Кристина и со Овен.
    Ајври и Кепнер баш ми се симпатични.
    Бејли не и одговара улогава, ми фали онаа старата и строга Бејли.
    Алекс некако ми е изолиран но има голем плус за тоа што остана, не ја изневери Аризона.
    Жал ми е за Кели, кај го изгуби Марк и со Аризона си има големи маки.
     
  19. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Прекрасна епизода, т.е последниве две епизоди беа врвот на серијава, живна и се врати стариот шмек.
    Целата бев среќна и насмеана додека ја гледав, кажав еднаш, еве пак, омилена серија ми е, соживувам со ликовите одново и одново.

    Еве вака сега:
    Кели, поим за снажна, храбра и прекрасна жена, која ја надмина Кристина на листата number 1 кај мене, од старт до сега, остана иста, како лик најдобро изградена, и верувам во неа, и во Дерек, дека ќе му ја среди раката, пошто да бидеме реално, Дерек е најдобриот хирург, и проклето добра му е глумата во самата операциска сала ^^
    И ми фали стариот Дерек, насмеан и шмекер, со стабилноста и строгоста.

    Кристина и Овен, под итно да се решат што и како, и да продолжат и двајцата со своите животи.

    На Меридит и завидувам пошо ја има најубавата куќа, акцентот и така конечно не е само на неа ставен.

    Бејли да се врате во старата форма, вака не а личи.

    Алекс колку само ќе се клецне со девојката што беше повраќана нонстоп од Санта, што впрочем е преубава и страшно си одговараат.

    Едвај чекам нова епизода, едвај!
     
  20. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Мене оваа епизода ми беше поубава и од претходната. Многу, многу ми се допадна.

    Се слагам дека Мередит и Дерек ја имаат најубавата куќа на свет, уште па и со малоно црнче внатре, баш се прфект :) А Дерек мислам дека ќе го вратат во О.Р кај и да е..
    А јас пак мислам дека Бејли епизодава се врати на старо. Она од секад им помагала на сите на чуден начин, така и овој пат. Али како успеа да ја извади Аризона од дома... алал и вера. Најмногу ми се сфиѓаше тој дел од епизодава..

    Како и да е, ја обожавам серијава бре. Си има некое посебно место во срценцево мое.
    Нека трае засекогаш :sun: