Spoiler Редно беше да им текне да ја купат болницата, толку пари имаат, а и они се тие што ја доведоа до тоа дереџе. Да, епизодава беше малку чудна, менување на пол, а уште малолетни... Не испраќа баш добра порака.
Spoiler Не беа малолетни туку само што направиле по 18 години, мали да ама малолетни не. И не се согласувам со тоа дека Дерек и компанија се виновни што дојде до тоа дереџе болницата, не се они виновни што падна авионот, не се они виновни што болницата сакајќи да заштеди ги испрати на патување со неисправен авион, епа грешките се плаќаат иако парите не можат да ги вратат починатите. Инаку супер е идејата да ги искористат парите и да ја купат болницата, се надевам ако успеат дека ќе ја именуваат по Марк и Лекси.
Они што трауми претрпеа со се што се случи, воопшто не се криви за тоа што се случува. И кога ке ги гледам се разочарувам со тоа како они доктори се ке направат да спасат живот дури и нивната кариера и животот ке го стават во опасност поради љубовта кон медицината и желбата да спасуваат човечки животи... и тоа сите со иста цел соберени заедно како фамилија баш како што кажаа во последната епизода... а кај нас во суровата стварност докторите ке те умрат попрво Знам дека е серија ама треба да ја гледаат докторите да се угледаат малку на тие измислени ликови да им поделуваат.
Spoiler Абе да, ама не мораа да одат толку до крај и да ја исцедат болницата, да ја отераат до банкрот, затоа и другите по малку им префрлаат. Тие пари што ги земаа нема да го вратат минатото и да го сменат. Од болницата ги земаа, а сега ќе ги дадат да ја спасат. И ништо не направиле.
Spoiler А цело време си мислев зошто тимот кој имаа авионска несреќа не ја купат болницата и оп ете ти Калипе е права жена лавица, и се восхитувам максимално.Последнава епизода беше супер, имаше и акција, и одлично го изведоа делот кога скришно го оперираа момчето.
Добра епизода. Spoiler Овен нема да и прости на Кристина, нема да прости на ниеден од нив. Ќе знае дека не можеа да му кажат, ама сепак мислам дека нема да може да премине преку ова. Интересно е вака што испадна, баш ме интересира како ќе се справуват со работите.
ајде нека ја купат докториве болницата,и да замине еднаш за секогаш онаа што демек им "помогнува"др.Алана Кахил или како и да се вика морам да кажам дека и со душа чекам Алекс и другарка му Џо да престанат да си играат нај верни другарчиња и да се смуваат еднаш за секогаш а во спротивно на нив пак Џексон и Едвардс да си ги удрат клоците не е она за него
Spoiler Интересен пресврт, Џексон in charge. Ако испадна да му кажат на Овен и да нема последици? Едвај чекам следна епизода.
i love grey's anatomy пред некое време почнав да ја гледам од почеток....ми недостига старат банда мередит,кристина,алекс,џорџ и изи.Сум се смеела на цел глас кога ги гледав првите епизоди,а сега одамна се немам смеено така али сепак i don't give up
Ете затоа ја сакам серијава, и после толку сезони пак се најдобри. Spoiler Најак ми беше делот-Now give your mama a kiss, Jackson. She just bought you a hospital. Само се прашувам дали Ајври ќе ја прифати понудата бидејќи неели на почетокот не сакаше да се дознае дела потекнува од ценета лекарска фамилија а и никогаш немал желба за тие бирократски работи:Малку ме зачуди и реакцијата на другите, некако не ми падна баш мило Ни Yang ни Derek не знаеја која е Heather Brooks Мене оној Ros баш ме изнервира, посебно на сцената со April, таа на работ на нервен слом а тој ја прашува за препорака Негде прочитав дека Shonda ветила, во финалето нема да има катастрофа, но затоа во 19 епизода можно е да има нешто потресно.
Spoiler Па не им се допадна идејата, Џексон немаше никаква врска ни со несреќата, ни со парите, ниту со нив, и сега одеднаш е главен. Ќе видиме дали ќе прифати да биде главен по заслуга на мајка му. Сепак, нели он се гордее со своите постигнувања, независно од семејното име. Што ќе праи Шонда без трагедија? Којзнае...
Ја обожавам серијава. Едвај чекам да ги пуштат новите епизоди. Единствено што ми смета во последно време, почнаа да претеруваат со несреќи и лоши работи, аман веќе
Мислев на финалната епизода од крајот на сезоната, а не од серијата.За крај на серијата мислам дека уште не е потврдено ни дали ќе има уште ни дали ќе заврши.
некако сите почнаа да се однесуваат мнн детски како и воопшто да не се доктори !!! ... мислам дека Карев треба да заврши со лепотицава некако мнн мнн ме потсеча на ИЗИ ... Рекацијата на Овен ... незнам !!! малку поцхнаа да ме нервираат со суетата !
Јас ги глеам на Фокс и знам дека се назад доста ама некако како да ми ги зимешаа епизодите. Завршив со онаа епизодата кога е застрелан Дерек а сега гледам нова епизода ја отпуштаат Греј, Дерек е ок....јас имам некоја дупка во серииве или цела сезона ми фали?
таа епизодата каде што беше застрелан Дерек беше 23/24 од 6та сезона додека таа епизода каде што ја отпуштија Мередит е 1ва од 8ма сезона...во различни термини даваат различни сезони
Always follow your intuition! Spoiler Баш ми се допадна и оваа епизода, малку беше тажничка но имаше поента.Најмногу ми се допадна мајката која имаше интуиција дека не се работи за обичен вирус на нејзиното дете, туку дека е нешто посериозно.А и претчувството на Мередит дека Зои е будна Малку ми се досадни Алекс и новава(веќе не е нова), некако ми го растегнаа тоа. Јас се уште мислам дека Кепнер и Џексон ќе се смират и ќе бидат заедно, се гледа дека постојат сеуште емоции меѓу нив. Потврдено е дека на почетокот на Мај ќе се појави нов доктор во Grey+Sloan Memorial Hospital, Hilarie Burton aka Peyton Sawyer од One Tree Hill!