Спојлер Зошто вака и го накршија на Бејли? Не е фер, сосем и го изменија ликот. Прво ја направија толку мека, сега и доктор што направил толкава грешка и е одговорен за губење на, сега за сега, еден живот. Се изнервирав. Шонда глупачо.
Спојлер Ич не се тим значи сите се многу себични,одма сите се свртија против Бејли оти напрајла некоја грешка јас сфакам дека живото го чинеше ама демек одма ја осудија
Добра беше епизодава Спојлер се мислам дека Овен ќе си го посвои детенцево ,го гледаше ли некој промото а следната финална епизода ,пак со несреќа е некоја олуја нешто ќе ги снајде Ме нервира оваа Шонда што еднаш не проба на крај бар една сезона среќен завршеток да има
Мене последнава епизода ми беше баш досадна Спојлер Мислам дека премногу го одолжија ова со Овен и малечкиот, очигледно е дека кај Овен се будат некој татковски чувства и дека можно е за брзо време пак да ја спукаат со Кристина. Бејли ми е како забегана малку, и на крајот со претепаната Џо, мислам дека можеа да најдат по оригинален начин за да ги спојат со Алекс(мораа да го тргнат Џејсон бидејќи ќе биде еден од главните ликови во новата серија-"The Originals") Што се однесува до новата докторка и Аризона-тотално сум за НЕ.Би било штета ако пробаат да ги разделат Калзона(Callie и Arizona) Најсимпатичен момент ми беше со Дерик и Мередит кога си играат чајанка со малата Зои
Да, завлечено е малку дејството. Ваљда се спрема за бум Шонда. Спојлер И јас мислам ќе се разделат Кристина и Овен, некако премногу багаж имаат, премногу несогласувања за клучни работи, како имањето деца на пример. Ќе пукне кај и да е. А и ја немаат веќе таа страст. Ќе видиме со што ќче не изненадат за финалето.
Знам дека е актер, ама некако се соживеав со Дерек дека е совршен сопруг и татко и баш таков сакам во мојот живот, а плус каков е шармантен мммм
OMG Каква епизода! Спојлер Целава епизода беше возбудлива до крај, мораше Шонда при крај да внесе малку драма. Малку ме исплаши паѓањето на Меридит ама за среќа се беше во ред иако мислам дека нешто ќе и се случи и на неа. Цела 9 сезона беше околу тоа како Кели и помага на Аризона околу траумата и ногата и на крај Аризона ја извара Жал ми е за Овен, многу го засака малиот. Моментот со Карев и Џо беше јак, со дрвото, од нигде никаде пред нив Бејли конечно попушти, и тоа се разбира не со добро, мораше Вебер да ја отера И за крај просидбата на Кепнер Од никде никаде ама супер беше.
Спојлер Цела епизода ја изгледав на боцки чекајќи трагедија. Кога се сопна Мередит си реков ете, тоа е тоа, отиде бебето. Ама ај не, иако мислам и јас дека нешто ќе ја задеси. После коа им падна дрвото си викам ете, отиде Џо, толку беше, ама ај решила да ја поштеди. Трагедијата беше неочекувана, не знам како можеше Аризона толку лесно да ја извара, што се не направи за неа, ко божем на Кали и беше лесно ногата да и ја отсече. Глупача. ептен ме изнервира. Просидбата беше супер, иако кога видов си реков оу шит, уште една музичка епизода. Среќа не беше тоа случајот. Иако мислам дека Кепнер уште го сака Ејвори, очигледно е до душа, така што не знам колку е среќна во врска со ова. Ништо, чекаме трагедија во финалето.
Со цел памет ја гледав епизодава пред спиење, ме расони за наредни два дена Спојлер Не можам да поверувам каква гуска искочи Аризона, после се што Кали направи за неа. Вебер е цар, само он ја знае Бејли. Чекам да видам во финалево што трагедија ќе се случи, не не остава Шонда со среќен крај.. само да не и се случи нешто на Мередит
Со душа чекам да се вратам од работа и од врата одма го вклучувам компјутерот и ја гледам финалната... се некако мислам дека нема да има трагедија во оваа сезона, сигурно е дека ке има некоја драма, исчекување, ама не верувам дека ке се случи трагедија... Спојлер А Аризона заслужува и другата нога да и ја исече Кајли, па после оваа новата нека ја теши, гуска глупа... дури и многу вештачки беа она и таа новата и привлечноста меѓу нив
Едно финале од серијава не може без солзи да помине дефинитивно. Спојлер Аризона е глупача. Неблагодарна, себична глупача. И го спаси животот Кали, требаше ли да ја остави да умре поради ногата? Цело време беше тука за неа, се направи за неа, ја трпеше без збор, се обидуваше да и помогне, а оваа како и врати. Од еден од добрите ликови премина Аризона на листата на омразени. За Кристина и Овен се знаеше веќе, а и на Кристина и е најдобро сама очигледно, или да си најде некој ист ко неа. За Мередит не беше страшно, барем за неа се знаеше дека нема да умре. А Ричард... Не знам дали ќе преживее, ама стварно се надевам. Не дека ќе биде некоја голема загуба, ама сепак, има влијание врз нив. Кепнер се шекна сиромашката, не знам што се залажува дека сака да биде со другиов. Подобро нека си биде сама отколку со погрешниот. И Алекс и Џо конечно, за некое чудо имаше по некој среќен момент финалево. Ако пишувате нешто за следната сезона кој останува, а кој си оди ставајте во спојлер такви информации. Ќе ми фалат до следната сезона. Ретка серија која уште не ми здосадила по толку сезони.
Оваа Шонда со финалето сакаше да ми предизвика срцев удар Спојлер Знаеме дека мора со некоја трагедија да заврши и цело време бев во исчекување. Прво Мередит и бебето што не плачеше, после ме штрекна со Мередит и операцијата, па ајде си викам луда е женава Џексон ќе ми го отепа и на крај знаев дека ќе биде Ричард трагедијата, само што му рече тој дека треба уште да ја уклучи струјата. На Кристина и Овен јасно им се гледаше крајот ама ово со Кали и Аризона стварно беше гром од ведро небо Јас не ги сакам Кепнер и Џексон заедно (си го сакам за себе )многу ме иритира таа како лик, сакам некоја саглам женска за Џексон и оваа Стефани иликакобеше не ми одговара за Џексон. Мередит и Дерек баш убаво име му одбраа на бебушот Бејли, добро е и таа се врати назад во нормала. Инаку јас колку што знам на крај на осмата сезона нов две годишен договор за 9 и 10 сезона потпишаа Дерек, Бејли, Кристина, Мередит и Ричард (ме мрзи вистинските имиња да им ги пишувам) така да Ричард очекувам дека ќе преживее.
Ах Шонда, Шонда, животов ми го скрати, како нездрава некоја се внесувам во серијава Спојлер Не дај Боже да налетам на некоја како Аризона во животов, неблагодарна кучка, што се направи Кали за неа, така да и врати на крај Цело време очекував нешто со Мередит или бебчето да се случи, за чудо и среќен крај да има За Овен и Кристина се наговестуваше уште во претходниве неколку епизоди, па и не ме изнендаи баш. Кепнер и Ејвори сакам да бидат заедно, некако повеќе ми се еден за друг отколку што се со овие што се сега во врска... и се надевам дека Ричард ќе преживее, иако Шонда не не остава без некоја трагедија
Уф колку ке ми фалат до септември Спојлер Е Аризона Аризона? Па ти имаш ли мозок ма... ку*во една два дена ја познава таа другата и одма легнува со неа па уште ке збори после глупости, уф се соживив со Кајли, да сум на нејзино место од овој момент би ја замразила од дно на душа, незахвална и безобразна. Ех Дерек, се надевам бебето на тебе ке личи, не на жена ти Џексон треба да биде со Ејприл, слатки ми се заедно, има нештопосебно кога ке се погледнат, нормално дека он може да има секс-бомба, ама баш она што има чувства за една изгубена слатка брбливка го прави уште понеодолив А Ричард, ваљда нема да умре, ке се молиме за него летово
Спојлер Каква епизода :'( Сакам Џексон и Кепнер да бидат заедно, исто и Карев и Џо. Аризона изненади ептен, ку*ка, а Кели ја сакам многу, не требаше тоа да и се случи. Не очекував ваков крај на сезоната, едвај чекам нови епизоди
Спојлер И како можеше да и се дере така, не беше во авионот, па не беше во авионот. Па што ако не беше, сите што ги сакаше беа во него, таткото на нејзиното дете и најдобриот нејзин пријател погина таму. Безосетна кучка. Требаше ли да биде индиферентна и да се прави како ништо да не било? Требаше ли да ја остави да умре? Стварно ме изнервира, а колку беше симпатична на почетокот. На Кристина треба да и најде Шонда некој опасен доктор, таков забеган ко неа и заедно да си ја делат радоста и возбудата од операциите. Така таман ќе и биде. Бејли, баш му го погодија именцето на бебето.
Спојлер Вака. Цела епизода чекав да видам која трагедија ќе се случи зошто во секој крај има по некој што умира (за жал) . За Ричард ми е посебно жал зошто тој ги држи сите заедно, ги смирува и ги спушта на Земја. После, за Мередит и Дерек сум толку среќна конечно да им се насмевне среќата-или бебето . Жал ми е за Овен зошто поради Кристина неможе нормален живот да си има, ама сепак сите поинаку гледаме на животот. Жал ми е за тој на Кепнер зошто ми се плачеше кога ја побара за жена. Многу ми е сладок ама тој заслужува пподобра-очигледно е дека Кепнер не го сака. Супер за Алекс, многу е подобар во последниве епизоди, а за Аризона.... Која глупачка.. Кали ја трпеше кога не збореше кога и се дереше кога цела депресивна беше, она и го спаси животот, а Аризона вака и враќа? А таа плавата ништо не е цвеќе за мирисање, знаеше дека овие се венчани. Едвај чекам нова сезона!