Леле она Аризонааа ми идеше да ја акам од ѕид..јас ке му ја сечев и другата нога Spoiler Уште ја изневери па уште му се дери бе....и шо дека не била во авионот та изгуби премногу Леле Меридит стварно срцка секогаш нешто му се комплицира кефој сум дека Бејли ке му се вика детенцето А за Кристина не е Оуен треба некој таков ко неа шо ке се преоперорат заедно хахаха Ама сепак најпојке се возбудив за Ејври ми идеше то детишто да го убијам оти не излегваше Кепнер нормално дека ке се превозбуди прејак е...Едно прашање само јас нејкам тие двајцата да се заедно не ми е та земената за Ејври ама иччч нејкаммммм
незнам дали веќе е претеризам или не !!! Го обожавам ДЕРИК мореее такоф маж да се има само !!! Ништо друго не ти треба.. какво разбирање има колку само ја почитува и сака Меридит невидено !! Обожавам како глуми и се !! Ја почитувам и Бејли со нејзината одлука и со „ казната “ која им ја даде на сите до еден .. Сакам Торез да ја казни Аризона на најлошиот начин кој постои ..зошто ама сите нормални граници ги премина !! Сакам Кепнер да не јаде многу бурек и да си продолжи со малиот ... Сакам Кристина да почне да размислува на темата да има ДЕЦА и живот со Овен, пошто се прекрасни !! И мислам дека Алекс со френдицата ке се прекрасен пар !! Spoiler сакам Ричард да е супер и да ништо му нема !!
Одлично финале, и покрај толку сезони и понатаму серијата ми е возбудлива и одвај ја чекам 10 сеозона Spoiler Жал ми е за Ричард, дефинитивно нема да е иста серијата ако умре Но кај Шонда никогаш не се знае. Мора да признаам дека очекував многу подраматично финале и на некој начин сум среќна што заврши вака, најпрво за Мер/Дер и со бебето се беше во ред.Од самиот почеток на серијата ми се најомилен пар и навистина претрпеја многу тешкотии и драми. Исто така се надевам дека Алекс конечно ќе биде среќен.Баш ми се супер пар со Џо :up: Солзи ми течеа на моментот кога екплодира автобуст, помислив дека Џексон нема да се извлече.Кога го видов како го носи девојчето во раце ми дојдоа солзи и неможев да се запрам Мислам дека другата сезона нема одеднаш да се смири со Кепнер, и баш би ми било криво ако не се заедно бидејки ми се супер пар и они За Кристина и Овен се очекуваше ова, сепак Кристина си е Кристина, нема никој како неа.Се надевам дека ќе бидат среќни и двајцата вака. И за крај погледот на Кели кога примети дека униформата на Аризона ја носи новава.Веднаш сконта.Многу ми е криво и жал, Аризона ме разочара тотално, себична и арогатна, а Кели секогаш беше од нејзина страна.Јас мислам дека на Кели и треба некој маж во вистинска смисла на зборот за да биде среќна.Срце и Џорџ ја извара со Изи, а сега и Аризона
Дефинитивно моја омилена серија! Буквално за 2 месеци ги изгледав сите 9 сезони! Со нетрпение ја чекам 10тата сезона!
21 епизода од сезона 9 од каде да ја симнам? Никаде не можам да ја најдам На замунда а нема незнам оти така. Ај торент ве молам...
Да почнам. Како прво се надевам дека Ричард ќе биде жив, пошто после сите сезони, мислам дека е жално да се разделат и испокарат на тој начин со Бејли, знајме дека они си се поврзани. Уф од толку серии гледање дури и заборавив како заврши.. Битно шо се случи како прво, е дека Мередит е жива и бебето добро, нели нема крај на сезона, ако нешто на неа не и се случе, ама па најискрено мене Мередит на почеток ногу ме нервираше, ама сега жената се ујача, и плус со Дерек, совршен спој на маж и жена ми се, е таков брак и јас сакам, нормално и таква куќа. Слабост ми е дрво и стакло, имам кажано. Друго битно, Аризона, нели сите сакаме да ја Која глупача, ме изненади ова со неа искрено, од кај на кај па она шо писка и се жале цела можна сезона и дојде ред дури и да изневерува, до некња ногата на Кели неќеше да и покаже, а сега па дури и без проблем ги шире, а мори ројко една проста Да живееше у Македонија, мислам ако а сретнев дека боксот не и бегаше, и морам да ставам крај на соживувањето со сериите, не ми се чудите. Па и тоа ти не беше во авионот кога го рецитираше, се чудам како Кели не и залепи еден шамар, распуштеница една, жена и беше нонстоп до неа, и кога не требаше, со месеци и месеци а трпеше како хистерише и се депримира за на крај ова да си го дозволе, незнам, сакам Кели да а оставе, мене Аризона од никогаш не ми се свиѓала како лик, а сега со воа па, како Шонда да сака намерно да а домразам до крајна линија. Кепнер ми е патетична во секоја смисла на зборот, жена шо незнае шо сака, па дури ние тука сите знајме дека Џексон го сака, и јас го сакам и те како , ама оваа па дури и ќе се мажела, греота, уште живее во некој си нејзин свет, ама гледам се разбуди кога мислеше дека Џексон ќе загине, па нека мрдне од мртва точка и нека направе нешто конечно шо среќна ќе биде. Кристина и Овен, ми се свиѓаа заедно, Овен ми е маж во права смисла на зборот, ем маженствен ем нежен и агресивен, абе цел пакет ми е, како и Слоун шо беше, аххх колку фале во серијата тој човек, маме и е*ем на Шондето шо го шутна, ако знаете друга серија со него-пишете одма кај мене лп, вечно благодарна ќе ви бидам. Кристина ми е жена шо пред се ја става кариерата, а Овен не е таков, Овен е домаќин човек, сака фамилија и дете, и баш заради тоа не сакам да завршат заедно, а и изгледа нема, си заслужува човекот да е среќен и да си има дете, ако тоа е тоа што го исполнува најмногу. А на Кристина и предвидувам добра иднина и кариера во кардио хирургијата заедно со некој си чудак како неа, фрик по крв и срце, па нека се натпреваруваат и доградуваат заедно. И после толку сезони, ја обожавам серијата, со неа како да израснав, уште на А1 кога ја даваа едвај чекав да ја гледам, па по втор пат почнав одново и кога ќе заврше знам дека ќе се расплачам.
Девојки која сезона ја емитуваат на FoxLife? Мајка и на Меридит е жива, Дерек со бившата жена, а Меридит е со Алекс? Мислев дека се стари епизодите, ама еве го гледам и Овен . Јас сум инаку застаната на шеста сезона :geek: .
Мислам дека зборуваш за епизода од 8 сезона. Во таа епизода само ги претставуваа ликовите, каков би бил нивниот живот кога би имале друг партнер и слично. Затоа и мајка и на Мередит е жива и Мередит е со Алекс, но на крајот сепак ќе се покаже дека колку и да сакаме да ги промениме работите, тие сепак ќе бидат така како што треба да бидат.
За тие што ги гледале сите сезони Spoiler Ова бебето на Кејли и Аризона,всушност чие е?Кој му се биолошки родители и како бидна приказната?
Spoiler Тоа е на Кали и на Марк, они се биолошките родители, нели сите тројца, и Аризона, му беа родители, ама за жал Марк умре.
Spoiler Како Аризона тоа го прифати?Или беше заеднички договор на тројцата?(мислам тоа значи изневерување спрема Аризона)
^ Spoiler Па не ми текнува баш, ама мислам дека се скараа, па на Аризона и требаше време да прифати, ама се средија на крајот.
Spoiler Беа раскинати, Аризона и раскина на Кали и тоа на аеродром кога ќе одеа за Африка, Аризона и рече на Кали дека не сака таа да оди со нејзе.Кали немаше каде да се врати пошто станот го издаде под кирија па почна да живее со Марк и една вечер и двајцата подпијанети ја направија Софија.После кога се врати Аризона да ја моли Кали да се смират оваа и кажа дека е бремена и ако сака да ја прифати таа одговорност да бидат семејство ќе бидат заедно ако не нема веќе да се заедно и Аризона се согласи и станаа one big happy family додека не умре Марк.
Многу ја сакав серијата, ја гледав на А1 кога ја дава на времето а потоа и на Фокс. Интересн серија во главно, најака ми беше Кристина а хуморот им беше на ниво на сите. Неколку сезони изгледав, а дури девет имало.
Ептен ја претераа во серијава со Spoiler Умирачкиве,ако некој заминува од серијата можат да го испратат на подруг начин а не да го умрат и да таа Мауси што ја викаа,и го заборавив името, појде да го бара Вебер и незе ја фати струја и после на операција умре.Вебер е во ептен критична состојба и се надевам нема да умри и тој.Кристина и Овен ич не ги боли што сите околу нив умираат на нив само до секс му е дојдено Кали ама и го плесна на Аризона пред сите,и конечно Кали се свести си ги собра парталите и детето и си замина,ама баш така и требаше на Кучката Аризона.ептен ми е жал за Кепнер,знам дека многу е досадна и понекогаш не се трпи ама јас си ја сакам,и знам дека се шо и рече Ејвори беше во право ама многу ми падна жал во моментот, но на крај па и ги отвори очите на Кепнер смотаната.аха еве слушнав сега На Мауси името и беше Хедер. Ејјј чекај чекааај Вебер ги отвори очите YES не умре.и така заврши.мислам имаше направено утка во епизодава со нозете на Аризона,кога Аризона појде дома и се наведна да го крени мислам шише од Софиа беше и ја покажаа во нозете,носеше широко отворени чевли и и се познаваа двете нозе,а нели демек таа е со една нога а другата и е демек вештачка П.С. Во исто време ја гледав епизодата и го пишував постов
Уф, се потресов. Spoiler Нели Кристина ќе си одеше? Или нешто грешно сум прочитала? Многу беше глуп моментот со Кристина и Овен и сексањето, да, баш, сите умираат, толку повредени, они на секс само мислат. Тоа малку ме нервира во серијава. Бејли срцка, ама ме изнервира онаа мајка му на Ејвори како се испораздра. Ама мило ми е што се врати серијава, ми фалеше.