Да да Кристина заминува ова и е последна сезона,договорот и завршува во Мај 2014.И за Патрик Демзи(Дерек) се зборува дека сака да замини,сака да стани професионален возач на брзи коли
OMG Spoiler Емоции, солзи, нервози и по некоја насмевка.Кога заврши сезоната реков дека очекував малку по турбулентно финале, но тоа го добив во првата и втората епизода од 10 сезона.Шонда ис бек Значи серијава ми е дефинитивно најомилена.Само што почна воведот и сватив колку сите ми фалеја. Многу ми е жал за Heather (Mousey) Кали ме воодушеви со цврстината и како не сака да и попушти на Аризона и се надевам уште долго нема да и попушти а може и никогаш.Заслужува навистина искрена врска и да биде со некој што ќе ја сака искрено.Аризона откако го направи тоа не ја гледам исто повеќе, дури и кога беше на крај да бара да ја види Софија не ми беше жал. Овен и Кристина малку беа напорни со сексот, после прекинот, па пак секс. Како лик најмногу ме разочара Кепнер со својата неодлучност.Таман се надевав дека ќе биде нешто со Ајври таа откако овој и го спушти оваа отиде да го запроси болничарот И на крај будењето на Ричард Гледајќи ја Мередит како вика-Јас сум негово семејство!Аххххх што убавооо!
Одличен старт! Има нешто во Ричард, што беше харизма на прв поглед, човекот е маестрален, и кога беше шеф, и сега. Искрено, поарно Кепнер што умре, а не он, пошто така само ќе ја пцуев Шонда. Не ми е јасно што сте се запнале за Кристина и Овен, најнормално ми е мене ова нивното со сексот, јесте да не беше најпогодна ситуацијата, ама нема врска се на се, нивното е вистинска љубов, љубов без среќен крај. Мене ми е премногу жал што Кристина не сака да направи компромис за имањето деца со Овен, како пар ми се прекрасни, и мислам дека премногу и ја ограничија личноста на самобендисана и сконцентрирана само на себе и својата кариера, а таа е душа човек со челик на чело. Но, ако е вистина дека ова и е последна сезона, тогаш Шондо еби се навистина, можеше да им дадеш среќен крај со Овен! И како тоа Кристина и Дерек си одат од серијата?! Најдобри хирурзи се, а и едни од омилените ми глумци во серијата! И уште ова, Аризона ми газе по нерви, ми се иде да влезам преку монитор да ја окубам по тоа изгорената коса и да ја претепам. Толку без свое јас, со мек карактер, за една ноќ и за тоа што е злопамтило за нејзината ебана нога, уништи се, па има да бидам најсреќна Кели да се разведе од неа, и да не го виде бебето. Искрено, нека ја мавнат Аризона од серијата наместо Кристина. И дефинитивно жена шкорпија ми е оваа мајката на Ајври, на Ричард женската, како и влезе на Бејли додека оперираше - КРАЛИЦА!
Ја помеша Анушка Кепнер со онаа Мауси, јас па си викам како бре умре Кепнер, па јас кај гледав. А како и Дерек ќе си оди, а Мередит? И мислам дека веќе е време да ја привршуваат. Доволно е. Овие новиве интернс не се воопшто интересни, сите ми се некако одвратни, со Рос на чело. И не е интересно пак истото да го гледаме, па веќе еднаш го поминаа. Треба да и ја стават затката, додека е време.
Ле ле, ле ле, што напишав бре?! Реин, од нервоза и од возбуда сум се збунила, фала што ме поправи. Незнам за Мередит, ама нели е многу бре и 11та сезона да се снима? Некако премногу, ама премногу ликови влечеше серијава, ај пола омилени ми ги умреа, им простив, ама па ако испадне 11та сезона без Кика и Дерек, не глеам, аааа готово! И јас сум за ова да е последна сезона. И сум за еден голем, дебел среќен крај....аммммма, познавајќи ја Шонда, мислам дека ова ќе биде прва долга серија со брутален крај, или секако, крај со венец на смртта на некој од големите ликови. Дал да плачам, ил се смејам е работата.
За момент мислев дека се пореметиле кога улета зомбито Малку фали да ме испоразочараат уште толку. Јанг ми е еден од омилените ликови, не знам дали ќе сакам да ја гледам серијава без неа. Инаку премногу ми е мило кога ги гледам Дерек и Мередит како се снаоѓаат во улогата на родители и моментално ми се најсветлата точка во сезонава. Инаку другото го направија каша попара. Би била најсреќна ако оваа сезона биде последна затоа што не сакам после толку одвоено време и внимание да ме натераат да престанам да ја гледам.
Од прва сезона се сменија еден куп актери и се изнадесија милион незгоди на секој еден од нив. На секој. освен на Бејли. Во текот на целата среија таа е жива и здрава, и неповредена.
^ Spoiler Епа според последнава епизода,нешто дефинитивно и се дешава на Бејли.Си имаше и она маки инаку,со разводи,пациентите кога и умреа..
Оп стоп не се важи. Се шегувам, не мислев дека така ќе излезе. Едвај чекам да видам што ќе биде. Се надевам ништо лошо, баш ми е драга.
OMG каков крај леле скокам се радувам и солзи ми течат во исто време YES,YES,YES значи колку една сезона или две незнам ни сама точно колку време го чекав ова да се случи YEESSS... мојата реакција беше буквално ваква видео во спојлер за тоа што се случи на крајот Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=yJWIDwI3uW0 кој ќе чека до крај на фебруари за одговорот
Лелееее на пауза се? Spoiler Значи оној Рос е најодвратното створење, глупак невиден. И Кристина како можеше да не види дека се случува нешто. А Ејвори срцка, како стана, па седна. Аааааа која храброст му требаше на сиромашкиот, ама мислам последниот пациент добро го здрма. По толку години и уште се најдобри.
Spoiler Awwww ,Yes she loves you too Ејвери срце најубаво,многу ми е мило што се искажа конечно,дај боже Кепнер да не утне работата,најубав пар ми се. Рос ептен се издига,арогантно идиотче,ќе си има маки понатака.Кристина и Мередит ептен безвезе се караат,како може толку време пријателки,па сега на Мередит и пречи се,ме нервира ама ајде ќе се смират они кога и да е.Кој ќе чека толку време,овие Американците ептен сериозно си ги сфаќаат празниците
Spoiler За жал ова е последна сезона на Кристина Јанг во серијата. Така да се ова што го прават со караниците, отуѓувањето од луѓето води кон тоа да си она од болницата.
Плачев малце Колку неочекувано. Знам дека ова е најлигавото сценарио кое можеше да го направат ама така како гром од ведро небо БАМ ИИИИИИИ А јас си мислев на таа другата ќе и каже те сакам Душа најубава
Spoiler Уште од самиот почеток кажував дека како на сила ми се ставени Стефани и Ајври, и ете вистината на крајот си исплови.Уште моментот кога Рос ја бакна, Ејври не изреагира никако. Ахххх Ејври и Кепнер сакам да се заедно, значи премногу ми се убави како пар(Кепнер беше преубава невеста) Што и е филмот на Бејли? Што и е крив мажот и кој само сака да си биде блиску до своето семејство. И Аризона малку ме нервира, ако и смета тоа што Кели се грижи за нејзе нека и каже а не да цмиздри цело време. Рос-психопат невиден.Од старт не ми се допадна и на крајот ја упрска и тоа со татко му на Алекс. Кристина и Меридит се многу исти во принцип(во однос со медицината) и затоа се караат.Но и фактот дека на Кристина и е последна сезона наоѓаат повеќе причини да ги скараат.
Ја глеав епизода 22 вчера,и мислам дека поисповедувачка сцена од оваа немало во серијава. http://www.youtube.com/watch?v=a240QnBxzv8
Некој да не има идеа кога е следната епизода ... чекам да видам како ке се реагира после целата работа..
е кој де? ние незнам зошто годинава така направија,секоја година имале паузи ама не вака по 2 и пол месеци