И мене Лекси ми испадна. Море ја затупеа, некако ја изгуби серијава смислата... Јас би ја запрела некаде до кај што стасаа атендингс, а овие уште за 2-3 години планираат да снимаат. Јас дека наеднаш ја изгледав во 5-6 месеци, огромна промена има од првите сезони до овие овде. Некако како да не знаат кога да пресечат, се алчат за пари и ја упропастија. Ми фалат Адисон и Марк како ликови МНОГУ, дефинитивно откако го умреа Марк не е веќе тоа тоа... Лекси исто беше океј, Џорџ не ми е уште јасно зошто го извадија...
И јас сум Лекси Не ми е интересно да коментирам веќе,ништо интересно не се случува,ништо посебно да ти го задржи вниманието.Не знам што ќе им се уште сезони,башка без Кристина не им важи серијата,типката е закон. А Мередит не знам зошто мислат дека е посебен лик и се се врти околу неа,мене ми е ужасно антипатична. Карев не му е лошо да си оди,ем ќе го работи тоа што сака,ем ќе си земе пари да овозможи помош за повеќе. И ептен фалат Лекси и Марк,а и другиот дел од старата постава
Мене Џорџ Јас мислам дека серијава го загуби својот сјај со заминувањето на Џорџ и Изи. Посебно на Џорџ, леле колку сум плачела боже господе, ка братучед да ми бил. Кели и Аризона за што ги форсираат не знам, сјајот го нема веќе па и бебе сакале уште едно. Лошо, требаше да ги раскинат. На Алекс му ја посакувам целата среќа на светов. За Мередит и Дерек, како што кажа Анушка, го имаат најсовршениот брак. Од врска за една ноќ каков дом изградија, прекраснотија. И така. Да не должам, еден куп добри ликови си заминаа од серијата и не е тоа што беше. Се надевам знае Шонда што прави посебно сега кога Кристина нема да биде дел од екипата.
и јас You got: Lexie Grey последнава еп .... баш ми стана жал за Кристина!!!а и за Ејври Spoiler ( како може да е таков скот)
Spoiler Ех како ми падна жал за Кристина,требаше да ја земе наградата,ама барем Мередит и Овен отидоа таму,морална поддршка. Му симнувам капа на Дерек,човекот е супермен Не ми е јасно како постигнува се да сработи. Оној случајот со срцата ептен се завлече,како и детенцето во затворено,редно е веќе да ги излечат и да не ги комплицираат. Кепнер ми е толку антипатичен лик,едноставно иритира со својата појава.Сакам да ја гледам со Ејвори само поради тоа што се судени еден за друг и навистина се сакаат.Ејвори можеби не треба да ја осудува,ама она претерува и преувеличува.
Spoiler Не е фер, требаше Кики да ја земе наградата. Се отепа од работа цели 10 сезони Две-три солзи сронав кога ги видов Мередит и Овен таму, се израдував ептен. Мислам дека еден од двата случаи шо ги завлекоа нема да заврши со среќен крај, што знам... Можно е Миранда да утне со вирусот, сепак ризик голем е и за децава со срцава може да не најдат решение и да не ги спасат. Кепнер претерува малку со нејзините верувања. И двајцата се на иста топка со Ејвори, таа го сожалува а тој демек и се потсмева. Па и одма си оди од дома место да останат и да прават убаво муабет. Пффф. Добра беше епизодава, брзо ми завршив, сакав уште да има а и песните им беа погодени ептен.
Spoiler Не е фер што не ја зема Крстина наградата. Ама знаев дека такв нешто ќе се случи, зашто сите мислеа дека ќе земе и нормално не зема. И мене ми се насолзија очите кога ги видов Мередит и Овен, добро и дојде поддршката во секој случај. Ја тупи малку Шонда сезонава, како ништо да не се случува. Којзнае каква трагедија на крај ќе степа.
Spoiler Е значи ќе пукнев од мака кога Кристина не ја доби наградата. Ќе беше буквално црешата на шлагот. Па и нека беше еднаш клише и нешто што е очекувано, на сите ќе ни ја исполнеше душата. Ама нели Шондето секогаш оди контра на сите де, навикнавме веќе. Не плачам на филмови и серии, ама мислам дека крајот на оваа сезона многу емотивно ќе го доживеам. Серијава ми е толку влезена под кожа, се осеќам како ликовите да ги знам и во приватен живот. Кристина уште од почетокот ми беше и ми остана како најомилен лик. И покрај сите глупости што се случија и покрај сите подеми и падови на серијава, нејзиниот лик никогаш ме нема разочарано, туку напротив, ја созреаа и ја изградија комплетно. Ќе ми недостига премногу, но тоа е што е. Веќе 10 години го работи истиот проект, верувам дека има потреба за промена, како и секој човек. Се надевам дека ќе смислат нешто спектакуларно и дека ќе ја испратат соодветно како што треба, без никакви трагедии, туку со емоција доведена преку позитивни настани како за промена.
Од а до ш се сложувам со Еvelyn, Рејн и Џована. Што ми бодеше очи - караницата безвезална на Кепнер Господовата ќерка и Ејври. Значи Кепнер, глупачо на купик, да му сметаше тоа твоето верување и да му беше смешно и да не го цене, немаше да те омаже, немаше верувај. Ама нели нешто мора да се случува у епизодата, пошто се така си минат како приказна оваа сезона, па демек се случи нешто, а исфорсираа караницата, ги отепаа двајцава со безвезални работи, наместо да си уживаат у бракот, и така се свежо печени. Пре вештачка ми беше караницата, Кепнер посебно на нерви ми газе, како да го провоцираше, со клешти му ги извади зборовите, како да сакаше да ги чуе, незнам, нека си оде она, а не Кики!!!! И Шондо, да ја испратиш Кика како што треба, оти уште она и два тројца шо останаа вредни за гледање у серијава, иако ми е една од најомилените, ако планираш втор век со серијава да тераш, незнам искрено како без Кика ќе продолжиш, очекувајте паѓање на гледаноста и те како. За да ми го дигнат левелот на задоволство при гледање на серијава после ова што Кики не зема награда и ќе си оде од серијава, сакам Кели и Аризона паштетана да се разделат, и Кели да си најде некоја жена и пол, мачкица како неа. И Алекс да доживее врв у кариерата, си заслужува дечкото, срце ми е. А Овен, ахххх Овен, што ти мислам секој пат кога си у кадар, ногу ми е мажиште, МАЖИШШШШШТЕ! Мислам дека Миранда јако ќе заебе со овој вирусот, или некој друг земјотрес ќе не снајде, чекаме Шондо. А Дерек секој пат кога го гледам ме потсеќа на смрден здив , оти еднаш знам Меридит му има речено и тебе ти смрде многу здивот па што да правам.
Spoiler Сите некако го очекуваме фамозното финале на Шонда ама изгледа нема да удри на несреќи и убиства, туку на емоции и плачење поради заминувањето на Криситна. Последнава епизода беше некако млака.Април и Ајври ќе имаат бебе ама некако ич не се израдував.Иако бев многу за нив како пар, Април ме разочара тотално.Колку безвезна караница значи, буквално од ништо си направија нешто. Мајка му на Ајври колку само се зафркна што му ја кажа вистината на Ричард за Кристина(значи и во Америка било како кај нас, не е битен трудот и талентот туку бирократијата и политиката ) За Торез и Аризона немам коментар бидејки во епизодава беа баш небитни. Ме интересира Бејли на крај што држеше во раката и дали ќе оди против откажувањето на родителите од лекувањето на малото синче. Значи и Карев ќе си оди(ако на Шонда не и текне во последен миг да го смени сценаријото ) Промото за следната епизода и појавувавњето на Брук после 7 години http://www.youtube.com/watch?v=3F3YgT0_u9k
Неколку кратки работи да си кажам Spoiler Прва работа: никогаш не сум ја сакала Мередит, ни како глумица, ни како карактер во серијава и мислам дека понекогаш не заслужува толку голема драма и внимание околу неа, почнувајќи од почетоков на серијата, нели поврзаноста со мајка и како една од поважните личности (зборувам за докторскиот аспект), како дете на позната докторка. И многу, ама многу ме изнервира во последнава епизода кога се вратија со Дерек од работа, а немаше вечера на маса, зашто сестра му на Дерек заспала нели, моментот кога Греј рече: "I knew it was too good to be true" со саркастичен тон. Уффф ич не ја сакам!! Втора работа: пресреќна сум за Алекс, препрепресреќна! Трето: Жал ми е за Кристина што заминува од серијава, не очекував. Еден од омилените карактери ми е, но ете, убав крај ѝ замислиле, според мене. Толку за сега
Spoiler Уфф,ќе ми фали Кристина ужасно многу,ама би била будала да не ја прифатеше понудата од Бурк.Цела болница,со финансии и најнова технологија,сето тоа да биде нејзино.Тhat's the dream Инаку,епизодата беше прилично досадна,како и повеќето од оваа сезона,а се си мислам дека и следната сезона нема да бидат ништо подобри. Шонда пак може да убие некој лик,ама нема да ме здоболи толку,паднат ми е интересот одамна. Ќе дигаат револуција оние што останаа во болницата,иако мислам дека ништо нема да испадне од тоа.Нема да ме чуди и ако серијата заврши со разделба на сите,секој да работи на различно место.
Spoiler Баш ми е мило за Кристина. Заслужи вака убав крај, а не да умре изедена од волци. Мада со Шондето никогаш не се знае. Мене ми беше интересна епизодата, баш ми е мило за Бурк, ама кога збореше за себеси не ми изгледаше дека жена му е љубовта на неговиот живот. Ми изгледаше ко да го одбрал она што најмногу рационално му одговара, па и самиот си кажа. Мора некој дома да го одржува огништето и тоа е тоа. Мора нешто со Мередит да направат, се изгуби, ја снема, ништо не ѝ се случува, ептен е тапа. Ова на Бејли ми се чини ќе ѝ се удри од глава. А и треба. Не знам како можеше да направи такво нешто и покрај тоа што родителите не го прифатија третманот. Уште две епизоди до финалето.
Мене пак секоја епизода ми е поинтересна и поинтересна и дури и плачам а ни јас не знам зошто (хормони) Spoiler Мередит и Кристина ми се омилените два лика во серијата, така да ми е многу жал што Кристина ќе ја нема повеќе, сепак си оди на убав начин. Искрено кога го видов Брук се исрадував, и немаше да ми биде криво ако остане со него, затоа што со Овен веќе долго време нема никаква хемија. Баш ми е мило за Бејли, мислам дека правилно постапи и го спаси детето. Мислам дека Шондето сега може да измисли нешто на детето да му се случи, па повторно стресови и судења за Бејли. Ајвери и Кепнер ги сакав многу, ама оваа Кепнер почна многу да ја тупи, и ми оди на живци со тие нејзини верувања и испади. Како и да е си останувам верен фан на серијава, што и да се случи.
Нема да си одат Мередит и Дерек нели? Немам прочитано такво нешто, ама серијата нема да биде иста и без нив. Поготово што и Кристина си оди, не знам и без неа како ќе биде. Најверојатно сè зависи од новите ликови и како ќе се вклопат. Спојлери за 11та сезона и за финалето на 10та. Spoiler Ќе си одат и Рос и Леа, фала Богу, што е до мене сите можат да си одат, ниеден од нив некако не ми се вклопи во серијата, ептен беа утка. 11тата сезона ќе се фокусирала повеќе на Кели и Аризона и на нивниот живот во новата куќа. А за финалето прочитав нешто дека е можно да има терористички напад. Може Рос така ќе умре.
Незнам зашто 10та сезона ќе има , 9 сезони можат све комплетно да завршат и да им испадне најдобро .... Бидејќи што поточно би можело да има во наредната сезона.... веќе ќе почнат да се трошат идеите и се надевам нема да го тупат како што направија со How i met your mother каде 3-4 дена ги направија 18 епизоди... Би било убаво да донесат некој лик од првите 1-3 сезони
Заврши уште една сезона и уште едно финале. Нормално, го изгледав со солзи во очите. Spoiler Мислам дека збогувањето на Кристина ме погоди многу повеќе од тоа само да беше убиена. Оффф како ќе тече серијава без неа не знам, оваа ќеркава на Ричард некако не ми се свиѓа, премногу е обична, не се истакнува некако. И пак Мередит сестра, Лекси еднаш, сега пак истата прича само од мајка ѝ. Ај ќе видиме како ќе оди. Не знам дали паметно постапи Мередит. Си го растура семејството. Ептен се и двајцата во незавидна положба. Цело време очекував дека ќе испадне некоја поголема работа со терористичкиов напад, ама изненади Шонда. Пак. Баш ме интересира како ќе тече новата сезона. Само се надевам нема да ја отупат.
Spoiler Ако не Шонда кој друг? Добар крај на сезонава и уште подобро испраќање на Кристина, си заслужи ама баш. Си поплакав тоа да, најмногу на сцените кога се збогуваше со Мередит односно кога танцуваа за испараќање. Се израдував за Алекс ама пак од друга страна Бејли? Што ќе биде сеа, како ќе решат кој ќе седне на местото на Кристина. Ами полу-сестрата на Мередит, зарем уште една? Се пресмеав. А мислев ќе рече сестра на Ејвори затоа што во устите се ама баш исти. Ја подржувам Мередит, што му фалеше во Сиетл? Нека си седат и нека уживаат, па што ако го викал претседателот да работи за него Епа тоа, за другите не ми се ни коментира, лити ми се веќе сите после заминувањето на Кристина. Ќе ја гледам наредната сезона тоа секако, но без старата екипа не е тоа-тоа. Сакам да видам како ќе се одвиваат работите со новата полу-сестра на Мередит. И тоа е тоа.
Колку совршено ја испратија. Браво! Освен што бев тажна поради заминувањето на Кристина, цело финале го гледав со уживање, без напнатост, а на неколку моменти и со насолзени очи. Сериозно после изгледани цели 10 обемни сезони, се ми е толку влезено по кожа. Гледам милион серии, ама ретко вака ме допира некоја. Шонда колку што знае да биде сурова и драматична, толку е и реалистична и најописливо и емотивно знае да ги долови работите што дури на моменти мислиш дека тебе ти се случуваат, или пак во најмала рака те терат да размислуваш за нешто слично поврзано во твојот живот. Ах, ајде да видиме што ќе се случува во наредната сезона. Премногу омилени ликови си отидоа, на конец виси серијава. Би Било фино да вратат некои од старите ликови како Адисон и Изи, наместо да измислуваат некои нови. Што е сега пак со полусестрава на Мередит? Излегуваат како печурки после дожд Многу им е лош кастингот во последниве сезони, ниту еден од новите ликови не ми стана симпатичпен. Од новите резиденти само Лекси ја засакав, ама ете и на неа и го најдоа крајот. Бејли почнува да ме нервира на велико, а толку ми беше симпатична. Не знам како така и го изреметија ликот. Во моментов навивам Алекс да го добие делот на Кристина, заслужува човекот конечно нешто убаво да му се случи. Ќе видиме и дали ќе ги разнишаат работиве помеѓу Дерек и Мередит, премногу долго време беа совшениот млад брачен пар. Како и да е оставија многу работи недовршени и има некој потенцијален материјал за наредна сезона, само да не ја умрсат работава беспотребно.
Дури сега го изгледав финалето,се знае,насреде колоквиумска Spoiler Збогувањето со Кристина ме погоди ептен,посебно кога танцуваа со Мередит и кога и рече You are my person.He may be dreamy,bur you're the sun! Овој пат,сепак ја поддржувам Мередит.Дерек навистина себично постапи,башка тој има видна кариера и цело време гледа да се унапреди,а Мередит останува еден обичен доктор и мајка на неговите деца. Ова пак со сестра и ми е многу без врска,ниту ми се допаѓа глумицата,ниту приказната,шпанска серија,ама кој ако не Шонда Жал ми е за Бејли,изгледа Алекс ќе си го земе местото,а во овој случај мислам дека и двајцата заслужуваат многу повеќе од тоа што го имаат. Во споредба со досаднава сезона,финалето беше прилично солидно,мада очекував нападот да биде терористички,ќе имаше повеќе возбуда.