Вовед во анатомија (Grey's Anatomy)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од baguf4e, 2 септември 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    На anuskaNESTLE, figgiMK и Marossa им се допаѓа ова.
  2. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    http://www.videoweed.es/file/ec00d567ae489
    Еве ако некој бара линк за новата епизода повелеле :) без превод е, ама ме мрзи да чекам да стават со превод на филмовизија па вака си ги гледам :)

    Иначе ми се свиѓа новава епизода ама не ја сваќам Мередит што сака. А и имам чуство дека треба пак да ја гледам последната од минатата сезона пошто некои ствари не ги сватив. Малце фали Кристина ама и без неа се може. Некако до душа не ме остави епизодава во исчекување да видам што ќе биде во следната али ок, следната ќе биде малце боље се надевам.
     
  3. hubabuba

    hubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Не ми го отвара линкот кој е ставен погоре.
    Кажете некое друго место каде можам да ја гледам новата епизода :wasntme:
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    http://www.free-tv-video-online.me/play ... uiqoffkr2f
    Исклучи ги сите реклами што ќе се појават и само на плеј.
    Или симни си ја, ја има на kickass.to
    Конечно фиксот. :rofl:
    Ми фали Кристина и тоа многу. :( Мередит ко половинка е сега. Алекс не е никаква замена, секогаш си имаа проблеми. Не знам, ај ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Сестра ѝ напорна е некако. Овен дали ќе остане? Ми нема поента и он вака некако без Кристина...
    Којзнае накај ќе тера сезонава. :?:
     
  5. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Аххх колку ми фалеше серијава, само што го видов почетокот и некако ми дојде убаво чувство.Па не е малку 11 години да ја гледаш серијава!
    Првава епизода ми беше таман како за прва, ништо премногу шокантно и несреќно.Малку на крај ме зачуди Меридит откако и кажа Шепард дека останува со нејзе и децата.Очекував дека ќе се израдува ама сите знаеме дека нема да е Меридит ако не искомплицира нешто.

    Мене па убаво ми дојде кога ги видов Алекс и Меридит.Не ми се верува дека од почетокот на прва сезона само тие двајца останаа од првите стажисти.Баш како што рече Richard во првата Pilot епизода
    "The seven years you spend here
    as a surgical resident
    will be the best and worst of your life.
    You will be pushed
    to the breaking point.
    Look around you.
    Say hello to your competition.
    Eight of you will switch
    to an easier specialty.
    Five will crack under the pressure.
    Two of you will be asked to leave.
    This is your starting line.
    This is your arena.
    How well you play,
    that's up to you."
     

    Прикачени фајлови:

  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    Јухууу ^_^ Е богами стварно не се малку 11 години :lol:
    Инаку, страшно ми фали Кристина, нај најомилен лик од сите ми беше. Но небитно и покрај тоа, мене Алекс и Мередит сепак ми се супер. Не е дека они не биле блиски и дека не биле тука еден за друг. Мислам, Кристина на крај и му го остави својот дел од болницата, баш на Алекс од сите други, иако на почетокот го викаше evil spawn :D Може не ни е јасно на моменти поради многуте сезони, но сите ликови премногу созреаа и имаат многу багаж со себе.

    Мередит ме нервира кога не знае што сака и кога прави дополнителни драми. Прво не сакаше да оди, па сега сака да оди. Реши се жено што сакаш. Знам дека уствари начинот на којшто Дерек го изведе тоа ја направи да се осеќа виновно но тоа е и таква е ситуацијата што не може некој да излезе неповреден. На крај краева на Дерек му се пружа таа прилика и он треба да одлучи дали сака да го напушти семејството или не поради работа. Да беа поинакви условите најверојатно и ќе се преселеа сите на куп, ама нели, никогаш не е едноставно во Шондаленд.

    Мене ми се допадна првава епизода и мило ми е што конечно почнаа :)
     
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.778
    Допаѓања:
    14.301
    Пол:
    Женски
    Јеее ми почнаа сериите конечноооо :D

    Ова со Дерек и Мередит кој како ќе си го сфати. Јас да бев на нејзино место ќе си го сфатев муабетот баш како што беше кажан, те сакам и заради тебе ќе се откажам од работата. Ама Мередит како Мередит, забегано амбициозна (да не речам поише од мајка и) си го сфати како она да е крива што останува. Мори жено биди си среќна, си имаш фамилија, маж што те сака (башка што е McDreamy) и две срцки деца, опасен хирург, сопственик на болница си, ама нееее... Зашо да е едноставно кога може да е комплицирано???
    А ова сестрава нова... Што знам :?: Веќе имавме нова сестра што не ја знаеше и како се запознаа и се засакаа и си станаа супер блиски сестрички, и ни ја убија :fubar: Не ми треба пак истото, фала многу. Се на се, не сум нешто фасцинирана од епизодава. Ама да сме живи здрави, ќе има што да се гледа... :)
     
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Иако ја нема Кристина,сепак ми фалеше серијава :D
    Мередит е ужасно иритирачка личност што дефинитивно не знае што сака.Ја поддржував во одлуката да остане,ама ете Дерек си се испонаша поштено,виде што му е приоритет и си ја одбра фамилијата,а таа пак не е задоволна.Станува полоша од мајка и.
    Новата докторка Пирс не ми се воопшто,сигурно ќе имаат јаки моменти со Мередит,ама и таа доста тврдоглава.
    Ми се допаѓа односот на Алекс и Мередит,ликот на Алекс навистина се изгради карактерно,има што да понуди.
    Се на се,не беше лоша епизода,ми се допаднаа и случаите,посебно човекот што го донесоа од пустината кога се сретна со фамилијата.
     
  9. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Логично беше да и посветат една епизода на новата докторка Меги, сестрата на Меридит.Некако не ме убеди дека е подобра од Кристина, и после тоа што ја најде причината за болест на трите дечиња, и покрај тоа што имаше успешна операција на трудната мајка или пак кога ја остави старицата да умре.И зарем мислеше дека Меридит ќе и се фрли во прегратки откако и кажа дека и е сестра? :^) После лошото искуство со Лекси сигурно ќе и треба многу време за да ја прифати Меги.Ќе има некоја ситуација сигурно понатаму и кога тогаш ќе се зближат.За другите немам баш посебно мислење бидејќи многу малку се сконцентрираа на нив а повеќе на Меги.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше интересен концептот на епизодата, да се видат другите ликови од друга гледна точка, однадвор. Меги не ми беше нешто фасцинантна, ја најде причината за болеста кај децата само поради тоа што неодамна бил откриен генот, или што и да беше. Да беше познат од порано и Кристина ќе го идентификуваше. Мередит баш како кучка делува, ептен е ладна. Ама низ што се не помина, па е сосема разбирливо. Сестра и не ја познава и не може да го знае тоа.
    И јас мислам дека ќе се зближат понатаму, ќе има некоја огромна трагедија и тоа ќе биде. Знаеме дека ништо не ги зближува луѓето повеќе и побрзо од несреќа и трагедија.
    Се размрдува сезонава. :lol:
     
  11. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.246
    http://thepiratebay.se/search/greys%20anatomy/0/99/0 Овде одма ги ставаат новите епизоди(езтв има најдобри снимки),за превод исто автоматски одма дава англиски за други тешко дека нови се епизодиве :)
     
  12. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Мене не ми е јасно само што чекуваше новата од Ричард и Меридит, како прво тоа е шок некој да дојде да ти каже имаш сестра/ќерка, сигурно нема веднаш да размислуваш „нормално“. Секако дека треба некое време да размислиш за тоа и да ти спадне тој факт. И не сакам да се разделат со Дерек.. ако направат да се скараат, ќе се разочарам.
    П.С. МНОГУ ми фали Кристина, ја сакам назад, и Грејс анатоми не е исто без неа.
     
  13. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Добро само јас ли сум на страната на Кели без разлика дали е виновна или не???:^)
    Сеуште неможам да и го простам неверството на Аризона.
    Многу ми беа смешни Кели и Мередит во операционата сала и муабетото со чизбургерот :D Баш ми беа супер како тим.
    Интересен метод на терапија за Кели и Аризона, и ни во еден момент не помислив дека Кели ќе биде таа која ќе сака крај.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  14. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам серијава. Почнав да ја гледам уште кога ја даваа на а1. После ја следев на интернет, а сега на фокс ама ланските епизоди. Сакам да ги гледам новите ама немам баш време за да дремам на компјутер, па си гледам само по две неделно кога ги даваат на фокс.
     
  15. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Каде сте девојки? Коментирајте ајде, нели ја следите?

    Пред се, новата серија е интересна, нормално се чувствува отсуството на Кристина, само она си го задржа карактерот низ сите минати 10 сезони, сите други се разлигавија, се разнежнија, дури и Бејли ја направија лигла. Е тоа не ми се свиѓа, исто не ми се свиѓа тоа што Меридит изиграва wanabe клета како мајка и, а не гледа дека стварно станува огорчена и таква, нејзиниот лик ич не ми се свиѓа, значи разнишана, лигава, суетна и загубена Меридит, наместо да ужива со Дерек, кој е прекрасен, она наоѓа глупави изговори, а Дерек да, бравос шо ја прифана работата, е сега ме интересира па како ќе се однесува дотичната. И дали заприметивте детето ни еднаш не им го покажаа? Како да го немаат, освен шо имаше една шега само у врска со косата на Зола.
    Друго, не ми се свиѓа шо целокупната нова серија, не стигна да ги обработи ликовите ни приближно доволно во изминативе епизоди, како прво, дури во 6та епизода ми текна дека Кепнер е бремена, значи скрос забораив оти у 6 епизоди тоа се немаше спомнато. И сега бам - наеднаш, акцентот на нив се става, бебето не е у ред, додека у 6 епизоди, ни Кепнер, ни нејзиниот најсовршен маж Ејвори, ни Овен мажиштето на серијата, на никој од нив не беше обрнато никакво внимание. Само лигавата Бејли, глупавите проблеми на
    Меридит и Дерек и конечно се случи нешто најубаво на светот у серијава - се разделија Кели и Аризона, и Кели си го побара тоа, нормално, браво Кели, браво :clap: Ова го чекам цели 2-3 сезони веќе мислам ќе се преродев. Аризона е толку антипатична и одвратна, шо незнам како до сега не се разделија, ама океј е, ете, бидна тоа, голем голем плус за ова, и голем плус за Алекс, кој си го изгради карактерот у добар правец, и многуууу ми беше жал што не доби он место во одборот, туку лиглата Бејли, али шта чеш.
    Не ми текнува друго сега, мислам дека за никој ништо не испуштив, освен за сестра и на Мередит, и ќе кажам дека многу ми се свиѓа карактерно, а и епизодата само со неа ми беше многу убава.
    Се надевам дека сега откако се реши проблемот со Кели и Аризона (y) ќе се свртат кон другите ликови, како Овен, кој никако нигде не се вклопува, штета, најдобро у мојот кревет би се вклопил :mm: Повеќе од Алекс да гледаме и неговата слатка девојка, и морам да кажам дека хуморот е многу намален во сезонава, оној убавиот, ироничниот.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    Срамота! :rofl:

    Мислам дека не ги даваат децата на Дерек и Мер зашто толку и они ги гледаат. Оставени таму во градинката. Го прави истото што и мајка и. Сега децата и без татко ќе раснат... Мене ми се свиѓа сезоната, јасакам серијата, па што и да се случува ќе си гледам. :D
    За Кепнер ми е многу жал. А не ги даваа досега зашто си беа во ред, немаше некои посебни случувања. И нормално сега катастрофа. Ах Шонда, Шонда, се сврте на децата...|(
     
    На bittersweet и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  17. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Шшшшшшт ма :bandit:, е ај кажи дека не е нај маж на серијата (waiting), заедно со Марк Слоун, шо Шонда како пионерче го шутна од серијата.
    Точно, за децата потполно се сложувам.
    И јас ја сакам серијата, значи ептен сум поврзана со неа и овоа е една од тие ретки серии во која уживам цели 40 минути, ни еднаш пауза не стискам, оти кога ја уклувам ништо не ме засега, ни дали има торнадо ни земјотрес надвор.
    А за Кепнер, малиот Буда, со меки коски, греота, ама мораше нешто да се случи да не здрма малку, како разводот на Кели и крапизона. Мене па за неа не ми е нешто посебно жал, туку за Ејвори, пошто ме изнервира ногу Кепнер у епизодата со мајка и, кога фана да се лигаве, а еднаш у 3 години се гледат, глупости. А Ејвори баш беше сладок, ја средува собата, креветчето.
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    ја гледам на Фокс лајф, ја обожувам :) си ја снимам, даваат и репризи, и од минатите сезони :)
     
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    @anuskaNESTLE да не те разочарувам ама мислам дека Овен ќе го спојат со сестра му на Дерек, уште таа остана непомината од никого во болницата.:rofl::P:*

    Исто мислам дека сега Кепнер кога ќе дознае за бебето ќе почне да не дави дека сигурно Џизес ја казнува затоа што имала секс пред брак|(ужасен лик ми е, ептен ме нервира со тоа хистеричното гласче.:swear:
     
    На Giovanna, marama и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  20. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    988
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам серијава :) Туку сега гледам, следната епизода ќе излезе дури на 29.01.2015 :(
    Имате инфо зашто дури тогаш?