Вовед во анатомија (Grey's Anatomy)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од baguf4e, 2 септември 2010.

  1. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Ги гледам спојлериве и едвај се воздржувам да не ги отворам. :D
    Малку сум назад со епизодите, ама вечер се фрлам на гледање.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    :@:@:@
    Дали сериозно? Како бре, 11 години да гледа нешто човек, да се соживува и ваков крај му стави онаа глупачана Шонда! Сообраќајна несреќа, можеше ли нешто полошо да стави? Како на пример да преминуваше улица и да го удреше кола?
    Во толку години, толку луѓе испоумреа, ама ништо не ме изнервира како оваа банална смрт.
    Шонда не го уби Дерек, ја уби серијата!
    Патем, колку не беше реална епизодава?!
    Право сра*е.
    Прво одат три коли едно по друго, па нема сообраќај сто саати, па Дерек иако само што спаси луѓе од сообраќајка застана на сред пат да го бара телефонот. Башка нели немаше прием таму? Ужас. Многу работи имам сварено од серијава, ама ова е крајно.
    http://mashable.com/2015/04/23/greys-anatomy-fans-mourning/
    .
    Уште не можам да се помирам.
     
    На purple..m, Nova, Kala22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува што направи женава од серијата.:@:@
    Знаев уште прошлата епизода дека вероватно ќе го убие Дерек ама начинот беше стварно безвезеееееее.(n)(n)
    Ај што го уби најдобриот лик, патем се сложувам со другите ја уби со тоа и серијата ама начинот на кој што го направи беше ем ужасен, ем неверодостоен, едно со друго не се поклопуваше.
    Иако се изнаплакав за Дерек, дефинитивно се откажувам од серијата, ја направија бетер од ЕР.
     
    На Tajnaotrovna и joy1 им се допаѓа ова.
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    Еве скоро помина денов и уште ме држи бесот. Стварно сум во шок и не верувам дека ова можеа да го направат. Ниту во најцрното сценарио на серијава не замислував ваква случка, не поради тоа што сум се сомневала во бујната фантазија на Шонда, напротив, знам дека е драма квин и обожава глупи заплети и драми во избоилие, ама искрено не ми паѓаше на памет дека ќе си дозволат после 11 сезони гледање вака да си ги навредат сопствените фанови што толку години ги следеле епизодиве и се соживувале со актериве.
    Може на некој ќе му биде глупо и забегано ама јас сериозно луѓе ликовиве од серијава ги доживувам како да ми се во реалниов живот. Толку им имам навлезено во карактерите и животите, толку време ги следам, првите 7 сезони ги имам изгледано многу пати од почеток...им имам опростено такви глупи дешавки, дегенски сценарија, разни нелогичности, драстично опаѓање на квалитет, убивање на милион квалитетни и уникатни ликови е ама ова не можам, НЕ МОЖАМ...навреда е и за гледачите и за карактерот негов што толку време го градеа и за она што тој претставуваше за оваа серија. Ова беше последна капка во чашата, дефинитивно последниот замав за да ја дотепаат серијава. Буквално од овој момент за мене веќе нема никаква логика ниту душа, ниту причина да ја следам и да трошам време. Вака во животот никогаш не сум плачела на нешто фиктивно. Ќе сум сронела по некоја солза онака од жал, ама сега луѓе верувајте липав како будала, се измрсулавив како мало дете.
    И тоа се ова е само од алчност и од нереалната идеја на брилијантната Шонда Рајмс да глуми лудило како серијава ќе се одржува во етер со гооодини по можност и 20. Епа ете, се надевам дека убаво ја рашамараа сите коментари што го преплавија интернетов. Нормално е луѓево што глумат таму да сакаат после 10 и кусур години да прават и нешто друго во животот, не може сите да и го следат нејзиниот алчен сон. Воопшто не ги окривувам актерите, исклучиво и единствено само неа! Пошто е алчна и самобендисана. Искрено се надевам дека од овој момент кариерата ќе и оди само во надолна линија затоа што не заслужува ништо поинаку и не заслужува повеќе да добие доверба од ниту еден гледач. Знам барем со сигурност дека од мене нема. Еве свечено изјавувам дека ќе бегам ко вампир од лук, ко ѓавол од крст како сакате кажете, од апсолутно било што креирано од неа.
     
    На Lolipop23, tace73, Tiki-lolipop и 6 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    Кога и доаѓаа заедничките моменти на Мер, пред да ги исклучат апаратите, тука се утепав од плачење. Мислев дека можеби, некако, ќе се случи чудо, не знаев дали ќе си замине Патрик Д. А нели имаше он договор за две сезони? Јас како што прочитав он мислел дека ќе се направи некаков договор, да се враќа чат-пат или нешто слично. Или се случило нешто помеѓу него и Шонда.
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.978
    Ја да ви кажам ја изгледав, ама очекував поголема реакција од Мередит. Таа за глупости се траќаше, има пиштено и вриштено ама буквално за ништо, повеќе мислам драмеше другачки и кога си отиде во Швајцарија, сега поврати само, и во најголем дел од сцените стоеше и зјапаше само.... Некако со сила одглумено како да беше, шо знам, таков впечаток добив. (facepalm)(facepalm)Се гледаше дека беше само ставено во сценариото без претходна замисла, баш читав интервју со овој и кажа дека не знаел до крај на февруари - почеток на март дека ќе го отепаат, фактички тогаш се снимале оваа и минатата епизода.

    Па тоа со камионот па, леле, не ми беше жално, смешно ми беше. Да не почињам дека тие камиони немаат секаде дозвола да се возат низ Америка. Демек по тоа шумите таму ќе врти сканија, ајде па да не, или па сканијава има не знам колкава брзина да развие, каааааако не, кааааааако па да не. Па таму кога кажа - they are not properly trained - пахахахаааа, као, рили, РИЛИ ШОНДА, РИЛИ БИЧ, тоа најпаметното нешто ти беше?:devil:

    Дали дека читав сите липале, некако ладнокрвно седнав да ја гледам и добро е, немаше испади. Ама сега на оваа нареднава, кога ќе им кажува на другите, па сестра му, па Овен, лелелеле...... Ред солзи, ред мрсули. :tmi::bandit:

    Иначе ете колку и овие големиве ѕвезди и продуценти знаат да бидат непрофесионалци, не може ти личните кавги на филмското платно да ги префрлаш.:!:

    Стварно бе срање ја направија серијава, теееееееееј.....
     
    На tace73, Edie.S и bittersweet им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    Целиот фејсбук уште ми е преплавен со Грејс.
    Фановите се страшно лути и изреволтирани, многу веќе се откажаа од серијата и се надеваат дека Шонда ќе пропадне. Јас со Скандал завршив, можно е следната од Грејс да ја гледам, да видам како ги решила работите, ама потоа не ми се верува. Што ми е страшно жал зашто многу ја сакав серијава.
    Инаку,има многу добри мислења по нетот за вчерашната епизода. Зошто толку брзо го тргнаа Дерик од апаратите? Зошто Мер отиде сама? Па Дерик има сестри, семејство, како така никој не дојде да го види последен пат? А децата?:^):^)
     
    На tace73, Dgirlll и Doozy им се допаѓа ова.
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    ^
    А бе да е само тоа нелогично...целава епизода вришти од нелогичности. Мало дете да ја напишеше поасални работи ќе му текнеа.
    Ептен сите не фатија на неспремно. Дерек имал договор и за наредната сезона, не ми е јасно како вака го прекинале. Никој не очекуваше да се случи ова. Не знам од каде им се родила храброста за ваков крајно глупав потег. Сами си дадоа мат, буквално.
    Јас ќе ја гледам наредната, сакам да го видам погребот и сл. ама дефинитивно останувам на тоа дека нема да ја гледам повеќе, немам желба. Кристина едвај ја преболев што ја немаше сезонава, ова плус е веќе ту мач.
    Инаку очекувам на погребот да се појави Кристина, па дури и Адисон.
     
    На tace73, Doozy и Nova им се допаѓа ова.
  9. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.131
    Јас одицијално дехидрирав од плачење. Не ни можам да замислам во четврток на погребот што ќе правам.
    Оваа има проблем со себе, нормален човек немаше да го напише вакво сценариото на серија која ја гледаме 10 години! Еј една деценија е тоа!!!


    Инаку сега читав интервју со Дерек, он сакал да се појавува во пола епизоди, не во сите 24, затоа што изгубеното време со трите деца никој не може да му го плати. Па така и бил договорот ама проклетото его на Шонда ..


    Мислам, глупо е еј, глупо! Мериед и Дерек се серијата, љубовта нивна е темелот.

    Нека одјебе, јас завршив со следната епизода.
     
    На Tajnaotrovna, JuLleE и tace73 им се допаѓа ова.
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    Ова е да си го фатиш за раче и дома да си го носиш, а не под камион да го ставиш.
    Ретко шармантен актер! Се надевам ќе го гледаме повторно некаде, штета би било да е поинаку.
    [​IMG]
     
    На Tajnaotrovna, tace73 и Marossa им се допаѓа ова.
  11. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    ЛЕЛЕ НЕНОРМАЛНА БЕ
    Не можам да се соземам, сега само што ја изгледав. Толку години гледање за штоооо??? Ептен ја заеба работава со серијава. Толку безвеза. Ја повеќе се изнаплакав од Мередит.
    Заврши ја како човек бе, да му се сневиди. Што планира оваа да ја снима уште 10 години? Боже ме сачувај.
     
    На Tajnaotrovna и tace73 им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.317
    Допаѓања:
    120.051
    Пол:
    Женски
    Јас искрено се мислам дали воопшто да продочжам да ја гледам. Можеби уште наредната
    Да го испратиме до крај
    ама после не знам која би била поентата.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Кога излегува нова епизода??
    И каде ги гледате???
    Јас на cucirca.eu ги гледав до сега.
    Ама ако има некоја страна каде што побрзо излегува кажете.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    И тоа е тоа.
    Го закопаа во две минути, Мередит отиде, се породи, си помина времето и сега може да се продолжи нормално со животот.
    Ужасно беше како немаше емоции во болницата. Не делуваше реално бидејќи не го ни видоа Дерик, не беа таму кога умре и после се беше некако ладно.
    Досадна епизода со премногу повторувања на истите работи. Мислам дека е ова прв пат да гледам Грејс и да проверувам уште колку има од епизодата. Е до толку беше.
    И Кристина што ја немаше нигде, знам ете, си отиде Сандра, ама тоа е огромна дупка во серијата.
    Не знам, можеби некогаш ќе ја гледам, можеби ќе ја догледам кога ќе заврши, ама само можеби. Крајно се разочарав.
    Едит,
    I blinked and I missed Derek's funeral
    :rofl:
     
    На Tajnaotrovna, anuskaNESTLE, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.317
    Допаѓања:
    120.051
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам. Епизодата беше еден вид збогување со Дерек и борбата на Мередит со себе си , со товарот кој го носи цел живот од мајка и. Амелија беше маестрална.. Јас на два три пати се расплакав.. но тоа е поентата.. Животот продолжува. Мораме да живееме со губитокот на блиските и да се справиме со она што мислиме дека е невозможно да ни се случи. Само не знам дали е ова финале на сезоната или ќе има и другата недела..
     
    На Tajnaotrovna и elcezelce им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.224
    Допаѓања:
    67.726
    Пол:
    Женски
    Да, ќе има уште епизоди, на 14ти мај е финалето.
    За мене ова беше финале. Се заврши се и тоа е тоа.
    На никој не му се случуваат толку одвратни работи во животот. Константно. Губење на сите блиски, трагедија по трагедија... Иако е само серија и не значи дека треба да биде толку реална, ама ова ги помина сите граници. Да не спомнувам колку ова со бебево се знаеше дека ќе се случи, така што не ни беше некое изненадување.
    Како што кажав, се приклучувам кон толпата фанови кои престануваат да ја гледат серијата од веќе наведените причини, оваа епизода беше сосема пригодно финале.
     
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Имам пишано во темата за прекинати серии дека ја запрев оваа.Последните недели се навратив и ги изгледав сите пошто имав само 5,6 заостанати епизоди.
    И се мислев да не пишувам овде,ама баш сега другарка ми ги изгледала последните и ми плачеше пола саат на телефон како можела така,и пак се потсетив и ми се врати револтот..
    Како можеше после толку сезони,ма цели млади години со серијата ги поминав,сакав неурохирург да бидам заради него,за на крај да го убијат на таков прост начин?
    Опростив за Марк и Лекси,преминав преку луди сценарија и расипувањето на ликот на Бејли,опростив за заминувањето на Кристина,ама Дерек,е него не можам.
    И така бев разочарана,ама сега Шонда дефинитивно ме докрајчи.
    Најлошо е кога ќе си поминеш толку време со некоја серија,ќе се поврзеш со ликовите и на крај,ќе те за*бат толку фино и да не знаеш што да правиш.
    Така со HIMYM,мада тоа беше мачкина кашлица во споредба со ова.
    Ете така,морав да се искажам.
     
    На Tajnaotrovna, Giovanna и bittersweet им се допаѓа ова.
  18. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Само што ја изгледав епизодава.
    Очекував повеќе од 10те минути што ги посвети Шонда на погребот и на соопштувањето на тоа дека е мртов Дерек. Значи, цела епизода ја посвети на таа докторката и нејзината глупа операција на мозок, а за ваков настан само 10 минути. WTF
    Амелија беше хајлајт на епизодава, другото се беше подпросечно.
    И крајот не беше лош, ме натера да си поплачам.
    Ќе ја гледам и понатаму не се откажувам.
     
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со постот на @RainBow , многу досадна епизода, без никакви емоции, само што мене ни на крај памет не ми текна дека може да е бремена Мередит, кога видов очекував како мајка и да го даде бебето на усвојување, затоа што цело време ја правеа таа споредба со мајка и, испадна дека не е каква мајка таква ќерка.[
    Мене хајлајт на епизодата ми беше кога Кетрин му предложи брак на Ричард, после се што помина човекот заслужува да биде среќен.
    Јас ќе ја изгледам о крај сезоната и толку, another one bites the dust./SPOILER]
     
    На anuskaNESTLE и Giovanna им се допаѓа ова.
  20. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    Ужас од епизода. Бев спремна на плачки и дување нос, а испадна да се утепам од зевање. Страшно лошо беше изведено тоа со погребот и збогувањето со Дерек, буквално Марк и Џорџ добија сто пати поголемо внимание во тој поглед. Успеаа во вкупно 30 минути да го стават под камион, да го оперираат, да го утепаат и да го закопаат.
    Тотално беспотребни сцени, мнооогу досадни моменти и дијалози, пола епизода Бејли и маж и ги гледавме, другата половина тие двете со изгорената кожа.
    Уште толку се уверив колку глупави ликови се останати и дека стварно нема потреба да се гледа понатаму серијава.
    Не знам што поента сакале да докажат со епизодава, ама не е ни веќе битно, потона бродот. Уништија преубава серија наместо достојно да ја завршат со време, па нека им е на чест...
     
    На Tajnaotrovna, Doozy, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.