Spoiler Јас си ја сакам Амелија од Дерек сестра му, баш ми е добар лик во серијава и освежување, ем симпатична ми е глумицата, ем има улога/карактер како што обожавам ) Многу од главниве ликови ги обледуваат за жал, новиве стажанти или доктори поќе ги форсираат за да навикниме на нив, ама се уште не можам баш да се навикнам Сепак мене повеќе ми фали и патам по Кристина, отколку Дерек. КРИСТИНА ми е закон и најјака ми беше и многу ми е жал што ја нема
Spoiler Ептен ме интересира зошто го мразат новиот доктор А баш мислев ќе ги спојат со Мередит, така ми изгледаше кога беа двајцата во лифтот. Меги и оваа Шепардовата сестра многу досадни. Брррр...
Женски,може некоја од вас да ми даде линк каде можам на интернет да ги најдам сите сезони од серијава и да ги гледам? Изгледа интересна е Благодарам!
Колку се сите само збрчкани во серијаваааа, посебно Мередит Како и да е, омилена ми е уште од првата сезона кога ја гледав Ова остана единствена серија што ја следам редовно, со сите други сум заостана по 5-6 епизоди Ми се свиѓа текот на сезонава, доста интересна ми е. Она што ми се допаѓа е што не се фокусираат на одредени личности, туку сите се вклучени и вмешани во приказната. Досега најодбивна ми е Шепардова, леле колку досадна жена боже господе. Не знае што сака, не знае што да прави, не знае кај тера... Па и фризурата ми се чини неколку страни уназад е спомната и уште не и ја оправија... Дури и овие новите ликови, од кои Меги ми е најсрце, се подносливи у споредба со неа. Сега, едвај чекам да видам што ќе биде со Ејприл и Џексон. Очекував да се разведат и океј ми беше сето тоа се додека оваа не кажа дека е бремена повторно.
Чудо е како може човек толку да се соживее со серија и да ја сака и да ја мрази во исто време. После толку сезони, ликовиве ги гледам како да ги познавам, како мој пријатели. Колку солзи само имам пролеано за Џорџ, Изи, Лекси, Марк, ова со Дерек беше сувишно, не можаммм да се помирам
Spoiler Па добро, Алекс и Вилсон ми беа еден толку промашен пар што дури и се израдував што го одби. Толку промашен лик ликот на Вилсон не знам.. Од кога се појави во серијата не престана со: сирак сум, живеев во кола бед есс ау мау па после те сакам не те сакам сакам да се мажам нејќам да се мажам, аман одлучи се. Погоре како што некој спомна за Мередит баш тоа и се случи. Ми одговараат со докторов ама сцената ми беше толку вештачка мислиш прв пат им е Знам дека се другари со Алекс ама пак потајно се надевав дека на крај ќе останат заедно, ете не знам, убави ми се слатки ми се и плус само тие се останати од старата екипа. Амелија ми е сеуште тотално неподнослива, сите сцени со неа ги скокам, едноставно не можам.
Последнава сезона толку многу се приврзав за некои од ликовите, дури и сама се зачудив. Сааааакам Ејприл и Џексон да завршат заедно бе па. Срцки ми се. Онаа мајка му ич не ја можам, како може така да се меша и да манипулира. Среќа Џексон не ја слуша. Spoiler: Софија Прехепи сум што Аризона ја доби Софија, така и и требаше на Кели кога се глупира да оди да живее илјадници километри заради некоја глупача што само што и се појавила во животот. Башка како ја оцрнија во суд Аризона, ја уништија, ама сепак судијката не е глупа. И јас така би пресудила. Си се расплакав на крај од среќа. Овен и Амилија ми се ептен слатки и ме смејат.
Еве ти ги термините за ФоксЛајф Петок 12 .55 Недела 15.35 Четврток 22.00 http://port.rs/uvod_u_anatomiju_gre...ms.film_page?i_perf_id=620440728&i_topic_id=1
Spoiler ^Е нека си замине де, и онака премногу е лигава. Spoiler: финале сезона 12 Се надевам дека конечно Ејприл и Џексон ќе бидат среќни. Бебушкана е преслатка. Мораше Бен да излезе херој овој пат. Колку стана предвидлива серијава во неколку наврати значи. Не можеше Ејприл со некој друг да заглави во куќата и да ја породи така? Или да добие контракции на приемот? Смешки. Ама ако, мора хепи ендинг да има сезоната, не иде иначе. Реков дека Џо не е кретенка! Знаев дека има нешто плус. Срцка таа, намачена. Ама Мер и Ригс? И Меги на крај? Сплетки, сплетки. Баш ме интересира како ќе реагира кога ќе дознае. Убаво финале, си се расплакав.
Серијава ја ставам на исто рамниште со Пријатели. Значи до толку ми е омилена. Секогаш кога ми е досадно и нема што да гледам пуштам Вовед во Анатомија. Првите сезони не се ни споредуваат со новите. Колку се само сите млади и неискусни, бушави во косите, ненаспани и нон стоп нешто јадат (што мене сериозно ми смета, ич не сакам луѓе што јадат дур зборуваат а првите три сезони Изи се утепа од шлапкање). Се караат, се сакаат, си имаат проблеми и си помагаат. Солзи смеа радост тага се значи се. Исто има прекрасни цитати и безвременски песни. Многу добра серија. Значи многу. <3
Почнав да ја гледам на Pultlocker онлајн ја гледам ги има сите сезони ја завршив прва сезона сега втората ќе ја гледам,иначе серијата е предобра ја обожавам