Супер ако се врати Christina, топ ми се во комбинација со Meredith. Инаку, прочитав дека постои можност и Izzie да се врати. Ќе биде интересно ако и двете се вратат, па да видиме Shonda Rymes каков заплет ќе внесе и што ќе се случува меѓу Owen and Amelia и меѓу Alex and Jo.
За Изи да, ама Кристина не можам да ја поднесам таа нејзина појава. Шонда многу голем кикс направи кога реши да го отстрани Дерек. Со ништо нема да се извади па кој сака нека се врати.
На фокс лајф ја даваат ама стари епизоди. Кога Пени незнаејќи отиде во куќата на Мередит заедно со Торес на вечера.
Погледот беше насочен кон Мередит,во какви ситуации се најде и како ќе се справи со истите, од што ќе се откаже заради саканите и сл. Немаше драма,но сепак,интересно е тоа во какви се не ситуации може една личност да се најде... А м од медицина немаше во епизодата,можеби посветена на главните ликови си беше епизодата, одкуд ја знам...
Океј ми е сезонава до сега ми сметаат само неколку работи. Случајот со Алекс го направија од конец јаже, глупости. Истото не знам колку се сеќавате, се случи во сезона 8 или 9 ми се чини кога Џо го претепа дечко и па никој ништо не рече т.е преглупо е сеа на Алекс му се нафрлија ситеа ваму Џо ем тепачка ем му суди. Глуперда. Друго, Амелија и Овен ми се пр*лив досадни. Од кога влезе Амелија во серијава не можам да ја поднесам женава е тотално неподнослива и лигава, кога ќе се појави на екран ги премотувам сцените со неа. И тоа. Серијава еве веќе 13 сезони и горе долу сите што останаа се оние истите од порано освен Мередит која што од сезона 6 се брчкоса цела и гласот каков и е станат рапав...
Да не знаете зошто ги нема новите епизоди? Ги има ставено само до 4 епизоди, другите ги нема сеуште. Од старите глумци видов само дека ќе се врати Лиа, плавата стажистка што си замина, што имаше спиено со Алекс и Аризона мислам.
Јас ја сакам Амелија, ја следев и во другата серија Приватна пракса и баш и беше тажна приказната. @lovely97 , jac ги симнувам од rarbg.to, ги ставаат уште утредента по прикажувањето
Серијава стана живи глупости. Мередит суспендирана, па оваа Шонда до кога ќе тера вака јас не знам. Најдобро ќе биде оваа сезона да е последна, секако после смртта на Џорџ, Лекси, Марк, Дерек, заминувањето на Изи, Теди, Кристина, Кајли веќе не е исто.