Spoiler И мене ми е мило, сосема непотребен лик. Црна верзија од Аризона. Исти беа. Немаше ни хемија, а толку што се исти не ми се ни веројатен пар. Затоа со Кали си одговараа. Фали Кристина многу, дури повеќе од непрежалениот Дерек мислам ми фали.
Spoiler Кристина беше мноогу амбициозна и со мерак човек да ја гледа како работи. Дерек беше ликот хахаха, со мерак да го гледаш. ти текнува ли на сцената кога работеа Овен и Рекс (вајда рекс се викаше новиов кардиолог) заедно на ист пациент??? милина да ги гледаш како уходано синхронизирано работеа.... Интересно ќе е сега со сестра му на Овен, па што ќе се одлучи Рекс...ќе има пак заплетки ..
Кога ќе пуштат нови епизоди има некој инфо? Гледам денес нема.... Чекам да ја видам на Овен сестра му
АЈ ве молам кажете ми како заврши сезонава... Не стигнав да ја догледам, немам ни време. Знам само пожар дека имаше голем друго не памтам.
Значи оваа сезона е врв! До сега има излезено 3 епизоди и ги изгледав одеднаш и едвај чекам да излезе нова епизода!
Јас ја почнав пред месец дена сега сум 3та сезона и интересна е Само знам дека од 12та сезона Шепрд нема да глуми веќе шо ќе се случи со него и Мередит па нема да глуми он веќе
Сега ја изгледав последнава епизода. Серијава ми е се подобра и подобра. All time favourite. Eјври и Пирс не ми идат некако, се надевам нема да ги спојат.