Јас на попкорн следам и таму нема. Рано е. Не верувам толку брзо дека ги ставаат. До утре ќе чекаме. А каков драматичен крај имаше последната епизода. Кој знае што ќе се случува.
Ја сеа сум н 13 сезона, гледам ја од септември 2017 и до 13 сам Другата недела ќе ве стасам и би требало да е преведена и денешната
Аааа вие на нет гледате Јас на Fox life.. таму премиерно на тв одат..минатиот четврток почна новата сезона таму..вчера втората епизода..поназад сум од вас ..вчера Карев само и кажа дека го нашол мажот и..ама не се појави..заврши кога Амелија си ги виде снимките од магнетната... Многу сум зад вас или??
Епизодава беше одлична, одамна ми се чини немало толку добра епизода. Spoiler Како го погодиле мажов на Џо, не ми се веруваше дека Вил Шустер, што си го знам како добричина, може ваков негативец толку добро да одглуми, ама е перфектен избор. Има одлична харизма, нема некој заканувачки изглед, баш човек да се излаже дека нема шанси да е он таков монструм. Кога си го покажа вистинското лице целиот изглед му се смени. Браво навистина. Браво и за Мередит и Аризона, ниту секунда не се посомневаа во Џо, толку цврсто застанаа зад неа. Патем, прочитавте Елен Помпео (Мередит) колк плата зема? Актуелно е деновиве. 20 милиони. Откако Патрик ја напушти серијата и дале покачување кога побарала. 20 милиони човече. Океј, она ја носи цела серија на грб, ама актерка е, толку пари земаат, страшни вртоглави суми. Да се вратам на серијата, мислам дека вереницата негова има удел, откако го виде како и се закани на Џо може и кликна што ја чека. Само да не проба на Џо да ја накалеми вината, а и се надевам нема ова да го влечкаат цела сезона, океј е, имаше веќе затвор ситуација, нема потреба пак истото да го гледаме.
Spoiler Епизодата навистина беше супер. Бившиот на Џо, пресекси и стварно психопатски поглед, ептен талентиран актер. И мене ми се допадна како ја поддржаа Мередит и Аризона, така треба да биде. Инаку кога Џо почна да зборува дека нема да го види повеќе, јас си помислив дека Вебер некако ке издејствува да го најми како доктор во болницата, али фала богу поинаку испадна. Го погледнав промото за следната, уверена сум дека вереницата е виновна, а намерно фаците на Алекс и Џо беа изглумени како да се они криви. Друга работа што ме изненади е што не се случи ништо помеѓу Џексон и Меги, имаше огромна сексуална тензија. Али може да се деси во следните епизоди, не верувам дека таа долго ке остане со одлуката дека е премногу комплицирано.. Добро тера сезонава, само така да продолжи..
Spoiler Мене искрено не ми е јасно што па Џо требаше да ја освестува таа. Може знае и може и одговара. Може и таа е психо ко него. СЕКОГАШ ( и во реалност и во филм) тој што збори за трет се зезнува. Ете им сега полиција на врат. Потпиши и гледај да е што подалеку од тебе, а не таа ќе го спасува светот... Туку сега не ми е јасно, сестрата на Овен со типов...ќе ги нема повеќе во серијата ?
Spoiler Многу е тажна последнава епизода. Не мораше баш двајца пациенти да умрат, не броејки го мажот на ЏО.
Ухххх, епизодава. Сезонава е одлична. Spoiler Каква трагикомична смрт доживеа психопатот. И тоа од пијан возач. и што убаво сам се реши на крајот. Премногу ми беше жал за детето. Само зашто е црно. Актуелен е овој the talk по серииве, колку е жално што им објаснуваат на децата. И за жената на Метју, да расте малото без мајка. Ејприл сирота ја згазија. Мислам дека Џексон и Меги нема да се случат, премногу ги хејта публиката и не ги сака заедно. И мене не ми се свиѓаат, ми немаат хемија. Нема да ги има веќе сестрата на Овен, толку беше.
Еве и јас ве стигнав со епизодите Психопатот добро заврши, ама ситуацијата кога Џо требаше да одлучи да го извади од апарати беше Ејприл јадната и умреа пациентите, особено жена му на Метју Јас пак би сакал да си останат заедно Џексон и Меги, баш ми се убав пар Најдобра епизода до сега во цела серија ми беше осмата од последнава сезона(одлично осмислена)
Ќе го гледате ли новиот спин оф Station 19? Spoiler: Муабети Кружат муабети дека Бејли ќе умре. Се надевам не е вистина.