Spoiler Мислам дека епизодава беше-да се дешава нешто. Ништо нема да и е на Бејли. Барем јас така мислам... Сте приметиле дека од време на време пуштаат ваква епизода? Само за еден лик , колку да се рече имало.. Малку ме разочара ама ај..
Последниве две епизоди воопшто не ми се допаѓа ликот Кепнер. прашање е како ќе ги извади од улога. Ќе заминат или ќе умре уште некој...
Точно дека Аризона и Кепнер ќе летаат аут, али ќе видиме како А инаку ја чекам со превод 14 епизода Најавата за 15 е ................
Spoiler Нема да ми недостигаат. Нема некоја приказна со нив одамна. Ама ме нервира што ги споија Џексон и Меги, хемија нула, префорсирано е. И баш сакам да видам што е расправијата со мајката на Мер и пријателката и како ќе ја зафркне.
Јас па баш сакав да ги Спојат Џексон и Меги Сега ја чекам 14 со превод, нема ја нешто Инаку најавата за 15 е ..............
Само јас Дерек не го преболев? Не ми е иста серијата без него, ми изгуби поента некако. И тргањето на Кристина. Тие беа тие клучни промени. Сега ако ги тргнат и Кепнер и Робинс, кој останува од старите карактери освен Мередит и Алекс, и Вебер и Бејли? Не сум сигурна дека ќе продолжам да ја гледам серијата.
Многу лоша спојка, а баш мислев дека ќе одбегнат да ја направат. Интересна ми е сплетката меѓу Мередит (многу и го сакам имево значи) и таа другата докторка. Ќе стигнат до суд изглеа, или можеби некој договор ќе направат, што знам... И баш ме интересира како ќе ги отстранат Аризона и Ејприл. Ејприл можеби дозволата да практикува медицина ќе и ја одземат како што ми стои, доста нестабилна е и со пиењето и со журкањето. А Аризона, ќе умре, ќе замине кај Кели? Хммм...
Солидна епизода но многу почна да ме иритира Кепнер. Толку стана иритантна со ваква улога на нервно растроена личност, па дури и ме нервира што цел ден пројде дома со типов (јес да е филм) а нели имаше мало дете? Кај е детето? Каде воопшто спие тоа дете?? Јасно ми е дека е филм но мислам дека кога веќе ги направија ликовите родители , треба малку да се вметне и родителскиот живот. А не мајката се пијанчи со студенти се онакви со некој доктор, го почнува денот со вотка и цел ден седи со него јадејќи тејк аут. Мислам... Не знам. Може јас претерувам.. Морам да кажам дека многу сум среќна за Алекс. После се што прошол низ животот конечно ја најде персоната која е таман за него.
Spoiler Со Џексон би требало да е детето. Нели и го донесе дома. Ама и мене ептен ме нервира вака и нема со убаво да си отиде изгледа. Ми се допаѓа што се навратија на Овен и Амелија, премногу глатко се заврши нивното, а ете, не е баш така. Аризона веројатно кај Кали ќе замине, тука и така веќе нема ништо за неа, а на Софија и недостига мајка и. Џексон и Меги ми се бљак, во Меги некако ми нема ништо женствено, апсолутно ништо, никаков сексапил, многу ми е flat. Како не можат некоја опасна да најдат за Џексон бре, се некои мутави.
М Spoiler: спојлер ене ми делува ко да ќе заврши во рехабилитација за алкохоличари. ... Ќе речеш толку цврст став на работа а како личност лабилна ептен.. ова за Кепнер. Хахахах, иначе скроз си во право, на Џексон баш некоја ватрена му личи, јес да е многу реален лик, ама неговата убавина ќе да не е за сите. Меги, за разлика од него, со кој и да ја спојат-џабе е. Нема воопшто ни грам сексапил, ни шарм ни ништо... ама баш ич онака. Убава е ама ништо повеќе од тоа. За Овен и за Амелија навистина, колку и да имал туморот улога сепак не може да е омажиш со некој поради тумор ... морало да има нешо. Мада и тие не ми одговараат кој знае колку, но нели се е околу тимот во болницата па ајде да речеме ок се. Инаку Овен повеќе ми одговара со некоја подомаќински настроена, а таков лик па ич не се вклопува во серијава зашто нели се по 20 часа во болница што се вели.. Ја симнав новата, ќе се едитирам подоцна да се докажам што имам
Spoiler Тажна епизода. Кепнер се повеќе ме иритира со нејзиниот став. Мередит.... како и секогаш со нејзината одмереност ме трогнува. ... Ќе биде ли нешто со неа и со докторот?